Makedonija
FYR Macedonia in English
National info
Season 30 is being played right now.
Has 23 regions and is located in Europe. Currency is MKD.
Out of 2 728 teams and 492 active teams, 8 are logged in.
Hattrick Press
07-08-2012
"Рибата мириса од главата а не од опашката"..
"Рибата мириса од главата а не од опашката".. Оти ни една Риба не мириса од опашката...
120 views
Written by VirtusMK
Read article
11-02-2012
Светлина на крајот на тунелот
Во реалноста Македонија тешко дека ќе освои медал на некое големо натпреварување во фудбал. Но Хеттрик е игра во која на сите репрезентации стартната позиција им е иста, секој добар играч може да влезе во репрезентација, секоја репрезентација има подеднакви шанси за медал. Нема протекции, нема агенти кои ја креираат судбината на играчот, судии кои свират пенали за фаворити, играчи кои се откажуваат од репрезентација заради некои повисоки цели, слаба форма на играчите кога играат дома.
90 views
Written by Aleksandar-GIGANT
Read article
30-11-2010
Катаклизмата на македонскиот Хеттрик
Ова не е реклама за World of Warcraft и за неговото најново продолжение но е многу погоден термин за да ја опише моменталната состојба на македонскот Хеттрик. Од кога Боше а.к.а Б-Кабадаја дојде во селекторкста фотеља се што можевме да видиме се големи неуспеси и уништување на репрезентацијата, додека успесите на неговиот тим и тимовите на неговите соработници беше рапиден. Ова е конкретен пример на стварноста во реалниот фудбал кај нас во една виртуелна игра. Но не треба ли барем тука да се потрудиме и да ја направиме нашата репрезентација успешна и различна од онаа во реалниот живот. Во продолжение на овој текст може да прочитате се што моменталниот селектор успеал да постигне и поради кого наместо нашата комуна да бори 1200 члена сега брои само 730 и тој број бргу се намалува.
292 views
Written by coldwar-GIGANT
Read article
17-11-2010
Водич за играње на Хетрик за новите менаџери
Секој почеток е тежок. А оној на ХT е екстремно тежок доколку почнете сами да ја играте играта, a притоа како единствена помош ги користите правилата на играта. Тоа се должи на одлуката на креаторите на играта кои решиле многу ствари младите менаџери да мораат сами да ги откриваат. Читањето на некој текст (статија) за тоа како да почнете да играте (обично напишан од некој поискусен менаџер) може да ви помогне и да ве научи како е најдобро да се почне, која е најдобрата опција за тренирање на почеток, какви играчи треба да купите и каков тренер за почеток да одберете итн. Поентата всушност е да вие самите решите што сакате да правите и потоа добро да се забавувате. Значи забавата е примарна работа тука и играјте ја играта онака како вас ви е најинтересно. Некој игра вака, некој онака, но забавата е најбитна и тоа не го заборавајте. Немојте да ги лечите животните неуспеси или фрустрации тука. До успех неможете да дојдете преку ноќ, ХТ бара од вас одредено време и трпение. Уживајте во нешто што е ваше, за што одговарате, сносите ги последиците за одлуките кои ги донесувате и кое постои поради вас. Е тоа е вашиот тим на ХТ.
214 views
Written by Aleksandar-GIGANT
Read article
06-06-2010
Nervous Sneakers Press
Ново раководство под завесата на мнозинските акции во клубот Nervous Sneakers. Старите акционери кои го водеа клубот за жал или среќа се минато, но само на хартија.. Сеуште се тврди дека од сенка раководат и имаат авторитет врз состојбите и некои од одлуките. Дали оваа претумбација беше природен след на стварите или смислена опортуна игра останува да биде разјаснето. Навивачите велат дека ги интересираат вложувањата и резултатите, иако имаат слух и за постепено издигање нагоре кое ќе ги чини време, сепак некои се пожестоки, некои посмирени но воглавном преовладуваат умерените.
Вербата во Финскиот стратег кој долги години играше по белиот свет како штопер и неговите одлични вештини не прави да се чуствуваме сигурни во иднината на нашиот тим-беше изјавата на еден од навивачите.
50 views
Written by peaceall-POPCORN
Read article