We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Една можност како да се изгради LS тим – краток водич

Навистина интересен текст за менаџери кои би сакале да изградат сопствен LS-тим, а не знаат како. Уживајте!

На 13. јануари 2009 воведена е тактиката „шут од далечина“ (Long Shots - LS). До сега малку се знае за оваа стратегија. Пронајдена е емпириска формула за пресметка на нивоата на тактичката вештина за шутеви од далечина. Истата по се изгледа работи како што треба - дури постои и алатка за пресметка на вашата тактичка вештина. Во меѓувреме, во некои ХТ-земји LS-тим го има освоено националниот куп, па дури и националното првенство. Меѓутоа многу менаџери се сеуште скептични во всрка со LS и поради тоа истата ретко се користи. Оваа статија, која е мешавина од преводот од холандската статија на менаџерот mokkel (1337917) и погледот врз LS на Mr_Hahn - ќе се обиде да даде практичен преглед како да се изгради сопствен пристоен LS тим во рок од пет сезони со само неколку десетици милиони МКД. Според мислењето на авторите на оригиналната статија, LS тактиката е најсилната тактика во ХТ светот.

Статијата на глобал(16500) ја напиша Mr_Hahn (566338), а превод и адаптација на македонски minskj (10562696)

Принципи на LS тактиката
Првин би сакал да нагласам дека LS не е тактика која се користи „чат-пат“. Со LS можете да бидете успешен само доколку сте подготвени во потполност да го прилагодите целиот тим. По мое мислење главната цел на секој LS тим е да се спречи противникот да постигне погодок, така што самите не мора да постигнете многу голови. За таа цел, важно е максимално да се зголемат рејтинзите во средината и одбраната. На тој начин колку повеќе посед имате, толку помалку шанси ќе добие противникот. LS тактиката е како самолепливата лента: доколку не работи со самолеплива лента, употребете повеќе самолеплива лента. Значи, ако немате доволно посед, тренирајте креирање игра и зголемете ги оценките во средината. LS играчите е ги тренирате на креирање игра и одбрана, бидејќи моноскил (со само една вештина) играчи не се доволно добри да би ве промовирале во највисоките рангови на натпреварувањето. Ќе ви требаат одбранбени играчи со многу креирање игра и врскари со пристојна одбрана. Оценките во нападот може во потполност да се игнорираат (види забелешка 1). Најдобри формации за играње LS се 4-5-1 (два WTM-a, еден DFW) и 5-5-0 (два WTM-a) во зависност од оценките на средината на вашиот противник. Се разбира 3-5-2 (два WTM-а, два DFW-и) е уште една опција, доколку противникот има слаби оценки во напад. Исто така, ќе ви биде потребен одбранбено ориентиран (дефанзивен) тренер. Јасно е дека головите ќе морате да ги постигнувате сами. Овде не се мисли само на LS тактиката, ами и слободните удари (директни и индиректни) и специјалните настани ќе ви го овозможат тоа, така што ќе морате да ги зголемите шансите и за тие опции (види забелешка 2).

Да се купи или не
Купувањето на 26-годишни играчи и нивно неколку сезонско тренирање нема да ви подготви многу задоволство, бидејќи ќе бидете во можност да играте LS на високо ниво само неколку сезони. Друга причина поради која не треба да ја изберете оваа опција е бидејќи немате многу опции за избор. Пристојни LS играчи се ретки на трансфер пазарот, особено оние со погодна специјалност. Затоа, според мене, најдобар начин да се биде успешен со LS тактиката е да се изгради сопствен LS тим од сништата.

Градењето на таков тим бара тесен распоред за тренирање. Ќе морате да тренирате повеќе вештини како што се: креирање игра, одбрана, напад и/или од прекин. Во наредниот пасус ќе изнесам краток план за тренирање на вашите сакани LS играчи, почнувајќи со само мало количество на финансиски средства. Ова е само еден од начините како тоа да се направи, но секако не е единствениот. Ќе ги користам следните акроними: PM = креирање игра , Def = одбрана, SC = напад и SP = од прекин.

Краток водич
- Купете шест 17-годишни (4 глаучи, двајца брзи) играчи колку што е можно помлади. Секако не претставува проблем доколку се разликуваат половина сезона во староста. Вашите глаучи ќе бидат идните врскари, а брзите ќе бидат вашите WTM-ови. Вештините на купените играчи ќе мораат да бидат: PM 6+, SC 6+, Def 5+ (игнорирајте SP). Секој играч најверојатно ќе чини повеќе од 1 мил. МКД., така што ќе морате да почнете со најмалку 6 милиони МКД. Причината за почнување со 17-годишници, а не со напола истренирани 22-годишници е едноставен: 22-годишниците (со долу наведените спецификации) не постојат на трансфер пазарот (а доколку постојат, тогаш се прескапи).

- Тренирајте напад се додека вашите играчи не достигнат SC 8. Доколку веќе сте ги купиле со SC 8, можете да го прескокнете овој чекор.

- Купете уште четири играчи (17-годишни - тројца глаучи, еден брз - види напомена 3), повторно колку што е можно помлади. Глаучите ќе бидат вашите идни дефанѕивци, брзиот ќе биде DFW. Вештините на играчите при купување мораат да бидат: PM 5+, SC 6+, Def 6+ (игнорирајте SP).

- Тренирјте наизменично шутирања и од пркин за сите 10 играчи околу една до една и пол сезона. Занемарете ги лошите резултати на вашиот тим - ќе испаднете од лигата неколку пати. Првите шест играчи што сте ги купиле би требало да имаат SC 9+ и SP 10+ по тренингот, додека вашите идни одбранбени и DFW би требало да имаат SC 8+ i SP 10+, што е доволно за сега. Вашето ниво на тактичка вештина во LS ќе биде доволно висок за да постигнете неколку LS голови во иднината. Од сега тренирајте SP во текот на две седмици во меѓусезоната.

- Тренирајте PM. Вашите идни врскари, WTM-ови и/или DFW треба да добијат 100% PM тренинг (види забелешка 4) и истите ќе достигнат ниво на креирање игра од околу 11 по една и пол сезона. Вашите идни дефанзифци ќе добијат 50% PM тренинг и ќе достигнат околу 9 ниво креирање игра кога ќе навршат 20 години старост.

- Тренирајте Def околу една и пол сезона, додека десетте играчи не достигнат Def 9-10 со 21-22 години.

- Тренирајте повторно PM додека врскарите, WTM-овите и DFW достигнат PM 12-13. Во тој момент истите ќе ги поседуваат следните вредности PM 12-13, Def 9-10, SC 9 + (освен можеби вашиот) и SP 12 +, а вашите дефанзивци ќе имаат PM 9, Def 9-10, SC 8+ i SP 12+

- Сега е време да се купи застрашувачки силен голман (види забелешка 5). Вештиите на идниот голман зависат од тоа колку финансиски ресурси можете да одвоите и колку силен LS-тим сакате да имате. Претпоставувам дека ќе ви остане старата екипа, пред започнувањето на изградбата на вашиот LS-тим. Доколку ги продадете тие играчи, ќе имате (се надевам) доволно пари за купување на соодветен голман. Во спротивно, можете да продадете некои играчи пред почетокот а вашиот LS план. Мој совет: доколку сакате подобар голман, тогаш инвестирајте во неговата вештина во одбрана, отколку во неговата вештина на гол. на пр.: не земајте GK 17, Def 4, кога на трансфер пазарот постои и GK 15, Def 10.

Што е следно?
По отприлике пет сезони подготвени сте за акција. Вашите играчи ќе имаат доволно PM и Def за пристојна средина и фини оценки во одбраната и ќе постигнувате LS голови. Меѓутоа сеуште не сте готови. Сите важни вештини можете и понатаму да ги тренирате. Предложете некое време со тренинг од прекин, бидејќи на вашиот голман му е потребно бааѓи SP. Гледајте при тренингот да го добива бонусот од 25%. Понатаму, можете да тренирате шутирање, PM и Def. Сето тоа зависи од рангот на натпреварување во кој играте и на кој ранг целите. Можете да ги подобрувате вашите играчи со сезони, дури и по преминување на 30-та година од животот.

Во меѓувреме набљудувајте го трансфер пазарот. Доколку се појави интересен LS играч, можете да го додадете во вашиот тим. Или, доколку е добар и доволно млад, заменете постоечки играч со него. Исто така бидете сигурни да имате доволно замени. Во наведениот краток водич пишував за купување на десет играчи и еден голман. Ќе ви бидат потребни уште LS играчи за да го зајакнете тимот, на пр. како амортизери за повреди, суспензии и падови на форма. Тим од 15-16 пристојни LS играчи би требало да биде доволно за извршување на задачата, така што ќе морате да купите уште 4 или 5 LS играчи. Во ред е ако немаат висок PM и Def, но затоа погодна специјалност и доволно SC и SP е морално.

Како што вашиот тим старее ќе морате да размилсувате за нов план. Доколку сакате да го задржите играњето на високо ниво, ќе морате за некое време, еден по еден, да ги заменувате постарите играчи за помлади. Ако сакате да почнете одново, продајте ги старците и почнете со градењето на вашиот LS-тим од сништата 2.

Забелешки

Забелешка 1: При изборот на играчи за LS тимот, скоро е невозможно да играте со две или три пристојни оценки во напад, бидејќи ќе имате одбранбено ориентиран тренер, а немате време за тренирање на додавање. За да бидете помалку предвидливи можете да изведете еден силен крилен напад (офанзивен бек, офанзивно крило, напѓач кон крило), доколку тие играчи имаат имаат добри вештини во напад и од прекин. Се разбира многу менаџери ќе играат AOW против LS тим, така што можеби ќе сакате истите да ги заплашите сега и/или подоцна со подготвен крилен напад. Тоа останува на вас.

Забелешка 2: Главна причина зошто е скоро невозможно да се изгради пристоен LS тим составен од младинци (од академијата) е бидејќи немате доволно млади играчи со погодни специјалности, а камо ли играчи кои се разликуваат само една сезона во староста.

Забелешка 3: Можете да размислите за размена на еден глауч со брз играч (дефанзивец), за да спречите брз SE на вашиот противник. Искрено речено, јас купив двајца моќни во одбраната наместо двајца глаучи во случај да се соочам со противник со посилна средина од мојата при што ќе играм пресинг. Морам да признаам, дека сеуште не знам дали вреди таквиот потег. Во секој случај, бидете сигурни да имате барем 5 глаучи во тимот, бидејќи тој настан се појавува доста често.

Забелешка 4: Како што е веќе спомнато, брзите играчи ќе бидат идни WTM-ови (крило кон средина) и DFW-ови (повлечени напаѓачи). Што се однесува до врскарите, „глаучите“ со највисока вештина во напад ќе бидат врскари. Тие заедно со крилата добиваат повеќе LS шанси отколку одбранбените и напаѓачите, следствено сакате тие да бидат и најдобрите шутери.

Забелешка 5: Причината поради која не треба да купите голман веднаш е бидеји не сакате вашиот голман да биде многу постар од остатокот од тимот. Исто така тоа би било непотребно губење на финансиски ресурси (плата), доколку купите голман, а сеуште испаѓате од лигите. Вашиот голман ќе го соберете од трансфер пазарот допрва кога вашите играчи ќе имаат доволно PM i Def. Време е за низа од победи!

2014-11-02 13:47:52, 2235 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=18304]

 
Server 071