We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

У-20, скаутинг и нешто трето

Кратко интервју со цел запознавање на ХТ-Македонија со pikyto (12060148), моменталниот У-20 селектор и неговиот елан за спроведување на доследен тренинг и скаутинг во рамките на "младата репка".

1. Здраво pikyto. Пред да преминеме на суштината на овој разговор, може едно мало претставување од твоја страна?

Здраво и до тебе Милан. Nајпрво голем поздрав до сите корисници и љубители на хеттрик - играта која едноставно кажано внесе нов импулс во мојот живот. Да недолжам многу, ќе пробам во две-три реченици да кажам збор два за мене.
Името ми е Лазе или меѓу пријатели познат како лаки. Фамилијарен сум веќе подолго време и по губењето на видот поради незгода станувам млад, но веќе искусен пензионер,..овај пардон, менаџер. :)
Аматерски се занимавам со шах и од секогаш сум бил голем љубител на сите спортови и секогаш голем мераклија да се изигра добра партија фудбал, кошарка, што искрено и ден денес многу ми фали.
Кога еден мој другар од Србија пред две ипол години ми кажа за хетрик и кога видов дека е приспособен за читачи на екран, едноставно јас мислам дека еден дел повторно оживеа во мене и со тоа воскресна оној спортски натпреварувачки дух кој го имав. Додуша тука на хеттрик, работите се сведуваат на принцип на веројатности и математички пресметки, но сепак за мене ХЕТРИК е супер и е феноменален.

Веднаш создадов сопствен профил, во рекордно време ги поминав прашањата од менаџерската лиценца и со тоа започна мојата менаџерска кариера на хетрик. Најпрво што направив беше тоа што неколкупати го прочитав прирачникот. Потоа се што ми беше нејасно се допрашував по форум. Од таму добивав огромна помош од менаџерите од мак-комуната. Понекогаш преку одговори, совети, а понекогаш со линкови кои водеа до одговорите на моите прашања. Така, сé повеќе навлегував во суштината на хеттрик и полека но сигурно напредував. Во меѓувреме се активирав и во У20 скаутинг тимот, каде што собирав доста знаење и искуство околу самите репрезентации. Денес по две и пол години практицирање Хетрик, веќе сум учесник во втора лига, полуфиналист во куп (можеби и финалист којзнае), освојувач на мактрик купот и селектор на јуниорската репрезентација на Македонија, што за мене претставува голем успех.
Од прилика тоа би било „накратко“ кој е и што е всушност pikyto. :)


2. По презмањето на функцијата селектор на У-20 имаш одиграно неколку натпревари во квалификациите. Дали и колку ти беше тешко при одбирот на играчите и дали имаше помош при тоа?

Да, одминавме веќе третина пат и зад нас се пет кола од квалификацискиот циклус. Каде среќа, каде несреќа, но на мое големо изненадување засега добро котираме на табелата и тоа ме радува и мотивира уште посилно да се вложам во квалификацииве.
Конкретно за прашањето и играчите. Не, не беше воопшто тешко околу склопувањето на стартерите за овие квалификации, бидејќи претходниот селектор, Јовановски Мартин, веќе ги имаше таргетирано и внесено играчите во репрезентација. За жал, немавме многу избор и тоа е целиот наш квалитетен арсенал со кој располагавме во тој момент, така што од тој аспект немав многу дилеми околу стартерите во квалификациите. Од она што го гледам како потенцијални замени на моменталниве играчи можам да речам дека и таму сме со ептен кратки ракави. Доколку се појави потребата (пласман во завршницата од Светскиот Куп) нема да има дилеми и ке мора да се земе тоа што го имаме на располагање.

2. Имаш отворено тема (16736123.1) за еден нацрт план за скаутирање. Зарем играчите што со досегашниот тренинг/скаутинг план (доколку таков постоел) не се доволно добри? Сепак со нив ги имаш победено селекциите на Коста Рика и Италија (моментално прво и втор пласираните тимови во групата).

Точно, отворив тема со еден план кој се надевам дека ќе наиде на одобрување и поддршка од нашите корисници со што истиот би го покажал ефектот. Целта на планот е баш тоа: унапредување на скаутинг секторот. Како што споменав во мојот претходен одговор дека нажалост имаме многу ограничени играчки ресурси, па овој план би требало да ги промени тие работи. Затоа и ја покренувам оваа иницијатива како би можело пред почеток на квалификации не да се одбира дали Млатуш Руцај и Гордан Михајловски би биле напаѓачи или да се земат Гордан Михајловски и Млатуш Руцај. Поентата е да се има избор од ете бар десетина напаѓачи со репрезентативен калибар и да се направи поширок полигон за маневри.
Зошто ова го велам? Ете на пример: што правиме ако Руцај ни отиде на 4 недели повреда а Михајловски отиде на слаб форма?..крај, толку од квалификациите и ајде менувај генерација, завршувај последен во група, повторно се одново и повторно во најтешката група...и се така до недоглед.
Околу победите над Италија и Коста Рика: што да кажам освен дека имавме мегатон среќа и плус расположен gm со нова gm-тастатура специјално набавена за бодрење репрезентации. :)

Се шегувам,..сепак сметам дека ХТ ни се реваншира со позитивен исход по неправедниот пораз од Израел (каде доколку имавме маалце подобра кондиција бодот не ни бегаше) и со Латвија - толкав посед да не даде ни едно СЕ, ниедна шанса, пенал,...едноставно малер.
Натпреварот против Коста Рика беше можеби и пресуден да останеме во игра и ако не го добиевме мислам дека веќе полека ќе беше одпочнато длабоко да се разгледува прашањето околу промената на генерација. Затоа и се фрли сé на една карта и ете среќата ни се насмевна. Победата над Италија ги намести работите на свое место па сеуште сме во игра за барем второ место во групата.

3. Зошто мислиш дека твојот нацрт би бил поефективен од досегашниот?

Не мислам дека би бил, ами напротив, убеден сум дека ќе биде. :)

Но првин мора да разјасниме една многу битна работа а тоа е: мојот нацрт план не е некој си нов пронајдок, револуционерен концепт или што и да е во врска со скаутирањето. Едноставно скаутингот е тоа што бил одсекогаш и е цело време тоа што си е. Затоа скаутингот или го работиш или не го работиш и тоа е целата филозофија на истиот. Големите комуни едноставно имаат избор без оглед дали работеле скаутите или не. За комуни од размерот на македонската, без сериозен пристап и вложен труд, тешко дека би можело да се направи каков било прогрес.

Моето лично убедување за успех го темелам врз поагресивниот пристап кон самиот скаутинг кој ќе се води во иднина.
Тимот од скаути кој е вклучен во проектот е веќе активен и се работи под полна пареа. Потпомогнати со алатки како што се неколкуте активни теми околу самата работа на скаутите, прирачниците за тренирање млади потенцијали, кондициони програми, мактрик тракерот од иронман-детиште,..па конечно би требало да почне да се ствара еден континуитет и нов квалитет во самиот скаутинг што на подолги патеки секогаш дава резултати. Се надевам дека резултатите во нашата комуна нема да изостанат.

4. Колку време е потребно за да твојот план навистина функционира? Кога најрано би можеле да се жнеат плодовите на работата на скаутите и менаџерите кои тренираат потенцијали?

Па генерално многу работи пак зависат од самиот енџин и многу е битно колку тој ќе биде дарежлив со квалитетни потенцијали кои би биле идеални со години, денови, примарни и секундарни вештини, спецки...сето тоа за еден комплетен квалификациски циклус. Под комплетен циклус подразбирам „ѕверски“ стартери кои би биле носачи на тие квалификации. Тие ќе треба да ја поминат групната фаза и да не вивнат во вториот круг каде треба пак да се има квалитетен подмладок кој во одреден момент би ги заменувал стартерите и докрај би го задржал квалитетот на репрезентацијата без тоа да влијае на нејзиниот успех и прогрес кон висок пласман.
Ако сé биде како што треба, јас мислам дека децата кои треба да отпочнат со промоција некаде при крајот на оваа сезона и почеток на следната (и подоцна нормално за подмладување) дека ќе бидат тие кои ке ја воздигнат нашата млада репрезентација на едно повисоко ниво и ке бидат тие кои ќе ни донесат пласман на едно врвно натпреварување, а зошто да не и влез во самата завршница на Светскиот Куп.

5. Од каде таа енергија и елан за спроведување на зацртаните идеи? Сепак имаш два сениорски тима, две младински академии, јуниорската репрезентација, РЛ-обврски…

Хаха,..комплексно и интересно прашање но сосема на место ако ја земеме во предвид мојата временска присутност на хеттрик.

Од каде да почнам,..ај од себе. :)

Слободен сум и работно не сум обврзан така што во глобала имам многу free time па досега не ми претставуваше проблем да си ги престасам сите работи вклучувајќи ги и обврските во rl. Плус од секогаш сум ги сакал игрите во кои треба директно да се надмудри противникот со смислување сложени стратегии и математички пресметки (како шахот на пример) па хетриков во мојот живот влезе како кец на десетка.

Но, со превземањето на јуниорската репрезентација и проектов околу скаутирањето тоа веќе не е така. Многу обврски и цели и за остварување на истите почнувам да го запоставувам вториот тим. Истиот не ми е во приоритети како што бил пред тоа и не му обраќам многу внимание, а бидејќи го планирам како фарма за репрезентативци, мислам дека ептен ке биде занемарен и само ке се прати дали некој од потенцијалите е повреден, дали зел цел тренинг или не, како напредува,...Мислам дека по завршувањето на купот слично нешто ке го снајде и првиот тим. Тука некаде е работата и со двете мои младински академии каде само екстра потенцијалите се пратат како би земале максимален тренинг и толку.

Моментално дефинитивно сум целиот фрлен на u20 и самиот скаутинг, така што се прават детални анализи на секој противник од глава до пета, кроење стратегии, тактики, формации плус контактирање со менаџери кои имаат потенцијални голмани, дефендери во младинска академија и тоа навистина ми одзема доста време и енергија. Но дај боже на крај да се исплати па да ја зграбчиме целта која ни е зацртана.

продолжува овде (18587)

2015-01-13 23:07:27, 2381 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=18581]

 
Server 070