We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Тркалезна маса - Дел 2

Второ коло од тркалезната маса на ПМЛ. Почесен гостин е Самсон (селекторот на националната сениорска репрезентација на Македонија).

Присутни: Бушав, ДрКостов, Александар, Самсон и Минскј.

Почнуваме со менаџерот на Запад, ГМ-Бушав:

Мала анализа на претходното коло:

FK Zapad - Sv.Naum 3 - 1 - Конечно победа против големиот ривал. МЕ во саботата му беше наклонет на фудбалот, а не на тоа катастрофата од тактика на Саша :)

Sun Sity - Alexandria 77 3 - 2 - Очекувана победа за домаќинот. Изненаден сум од одлуката на гостинскиот менаџер да настапи во 3-5-2 формација со тактика контри. Прашање до Докторот: Зошто одиграл баш 3-5-2 со контри?

FK KRIVI KAMEN - Pitaci 5 - 2 - Ова беше тежок натпревар за типување. На почетокот двата тима беа израмнети и овој натпревар можеше да заврши поинаку. Црвениот картон во 60 и некоја минута стави крај на натпреварот.

Vucko Top - 9197 champions 4 - 3 - Изненадувачка победа. Очекував дека овој дуел ќе биде само полесен тренинг на гостите, но нивната тактика според мене беше погрешна. Среќата беше на страната на домаќинот и му подари два гола од прекин.

Бушав: Во ова коло влегуваме сите со по една победа и еден пораз. Ако ги гледаме предходните две кола ова би требало да биде домниација на домашните екипи, но...

Sv.Naum - Vucko Top - Домаќинот тепа. Преискусен е, а тимовите од калибар како што е гостинскиот ги јаде за доручек :)

Pitaci - 9197 champions - Уффф... едно од двете дербија на ова коло. Домашниот тим минатата сезона победи. Овој пат најверојатно ќе одиграат исто и двата менаџери. Предоност му давам на домашниот тим.

FK Zapad - Sun Sity - Второто дерби во ова коло. Како ќе одиграме сеуште е тајна :) Најверојатно ќе фрчат моцеви на двете страни. Минатата сезона дуелот заврши со поделба на поените. Да се надеваме дека овој пат тоа нема да биде случај и домаќинот ќе победи

Alexandria 77 - FK KRIVI KAMEN - Домашна победа. Иако гостинскиот тим има повеќе искуство како прволигаш сметам дека нема да му помогне многу и дека пак ќе направи лоша проценка на противничките можности и лошо ќе се постави.

ДрКостов:

Минато коло

FK Zapad - Sv.Naum 3 - 1 ...
Sun Sity - Alexandria 77 3 - 2 Кога не успеав да ги искористам шансите, јасно беше што следува...
FK KRIVI KAMEN - Pitaci 5 - 2 Преголема разлика
Vucko Top - 9197 champions 4 - 3 Во оваа лига изгледа нема аутсајдери...

Следно коло:

Sv.Naum - Vucko Top 3:1
Pitaci - 9197 champions 1:1
FK Zapad - Sun Sity 2:1
Alexandria 7 - FK KRIVI KAM 3:1

Одговор на прашањето на Бушав: Изгледа очекував дека работите поинаку ќе се одвиваат...

Александар-ГИГАНТ:

Прашање на Бушав: Зошто ХТ не ти поклони СЕ-иња, пенали или повеќе голови?

Одговор: Проценти се во прашање. Подобро ти пресметај колкави се шансите да добиеш 2 Quick шанси и пенал на ист натпревар против противник на кого што не можеш да му дадеш нормален гол ;)

FK Zapad - Sv.Naum 3 - 1 - Реален резултат, нереално како е дојдено до него. :)
Sun Sity - Alexandria 77 3 - 2 - Таман како што треба
FK KRIVI KAMEN - Pitaci 5 - 2 - Опасност од играње на АОА
Vucko Top - 9197 champions 4 - 3 - За малку ќе погодив. Очекував X. Тоа некако најреално ми беше во овој дуел - премногу голови.

Прогноза:

Sv.Naum - Vucko Top - 1 - Ќе видиме што знае новајлијата :)
Pitaci - 9197 champions - трознак - Нормал на МОТС, немам блага врска како ќе се одвие
FK Zapad - Sun Sity - 1 - Нијанси ќе пресудат
Alexandria 77 - FK KRIVI KAMEN - 2 - Дојено е времето Олчо да покаже дека е подготвен да ги оствари своите закани од крајот на претходната сезона.

Еве што изјави почесниот гостин, Самсон за оваа рунда од тркалезната маса

Самсон:

FK Zapad - Sv.Naum 3 - 1
Натпревар против LS-тим е како подарок, доколку имаш силен тим и можеш да ја земеш средината. Клучот е најверојатно голманот на Бушавиот во комбинација со Quick-настаните. Штета што на Александар му "недостасуваат" глаучи. Кога се има LS-тим, специјалностите се морални за да се зголемат шансите за погодок.

Sun Sity - Alexandria 77 3 - 2
Сан Сити како јасен фаворит. Нивниот тренер даде 2 гола, па така доби позив за во националниот тим. Каква случајност што истовремено има солидно водство! Играњето на 3-5-2 CA може да биде успешно, но одбраната би требало да биде каде-каде поинаква доколку докторот навистина сакал да си отиде со 3 бода дома. Ниските вештини во додавање на неговите дефанзивци исто така не му помогнаа многу.

FK KRIVI KAMEN - Pitaci 5 - 2
Играње на 2-5-3 без да се земат барем 55% од средниот ред и истовремено без одбрани: ужасна комбинација која што никому никогаш не би му ја препорачал. Резултатот покажува што се случува кога два тима играат офанзивно, а едниот игра без одбрана.

Vucko Top - 9197 champions 4 - 3
Мошне добро одиграни контри кои за жал не вродија со плод. Близок резултат на тимови кои се еднакво силни. Нивнта следна меѓусебна срдба ќе биде каде каде поинтересна. По толчењето во првото коло, Вучко покажува дух за опстанок во ПМЛ.


Прогнози за 3-то коло:

Sv.Naum - Vucko Top
Среднит ред ќе одлучи. Кој ќе ја доминира средината ќе ги собере бодовите.

Pitaci - 9197 champions
Питачи се толку предвидливи. Доколку колд одигра контри како минатата сабота, со мали нагодувања може и со ПИЦ да ги освои трите бода. А знаејќи ја оваа сугестија, која минскј ќе ја земе во предвид и самиот да одигра ПИЦ, колд може да одигра ПИН и да го столчи минскј!

FK Zapad - Sun Sity
2 силни тима се соочуваат. Искуството или младоста. Дали предноста на домашниот терен ќе биде одлучувачка?

Alexandria 7 - FK KRIVI KAM
Крив Камен е фаворитот и покрај тоа што игра во гости. Од друга страна скорот на домаќинот на свој терен е импресивен. Нема загубено официјален натпревар на свој терен од 6/09/2014 и тоа може и треба да го заплаши секој противник!

Прашање до сите: Предлози за националниот тим?


Еве го мислењето на Минскј:

FK Zapad - Sv.Naum 3 - 1 Не би одиграл поинаку ни под разно. Посед и напади доволно високи за да добие видливи шанси. Нив ги имаше, но немаше реализација. Време беше енџинот да сврти на "нормала" и да биде "фер". Изгледа дека прогнозата на Пикито од претходната тркалезна маса, дека тимот на Саша ќе зајдува, се остварува. Или ова беше само кикс на енџинот? Верувам во 2-5-3!

Sun Sity - Alexandria 77 3 - 2 Искрено речено очекував повисока разлика за Сан Сити. Но она што е важно е дека си ги зеде 3-те бода - во купот се напумпа со самодоверба и сега е спремен за следното коло. Зачудувачки е поставата (а пред се тактичката умешност - само 11 - на одиграната тактика) на Докторот. Додуше ова е само мое мислење. Тој најверојатно си мисли: "Како играш без одбрана? Тоа е просто за неверување". Докторот има неортодоксен стил и не ретко тој стил го има однесено мошне далеку во купот и тоа повеќе пати. Овде за малку ќе му донесеше бодче.

FK KRIVI KAMEN - Pitaci 5 - 2 Штета што едниот мој врскар доби црвен картон. Сметам дека поинаку ќе се одвиваа работите со полна постава. Беше лотарија, но купот ме врати во игра.

Vucko Top - 9197 champions 4 - 3 Тука ќе типував за колд, но ете, мојот бивш колега од II.4 којшто два пати ме има надиграно во мојата последна сезона во втора, покажа и докажа дека е зрел за надвор од втора лига. Тука докажа дека може и на стар волк како Колд да му покаже заби. Напред Вучко!

Следно коло

Sv.Naum - Vucko - Тешка задача за Вучко. Преслаби напади и средина за да го загрози темелот на Саша. Можеби има изненадување на тоа поле (што не верувам), но ако сака да покаже што знае, нека биде подготвен да даде минимум два гола, бидејќи ретки се тимовите кои Саша го оставиле на нула!

Pitaci - 9197 champions - Тежок натпревар за типување. Мојата тактика е да се земе поседот и со се што имам да му пробијам одбрани. Во последно време на тој сегмент колд се има засилено. Но во основа, тој игра во гости, има послаба средина од мојата и тоа е исто како играње против Запад, Саша или кој и да е друг тим од ПМЛ :) Среќата ќе одлучи. Нема тактизирање, нема надмудрување. Екстремни резултати наметнуваат екстремни рејтинзи :)

FK Zapad - Sun Sity - И двата тима имаат фини играчи во неверојатна форма - ќе морам да ги прашам за рецептот. Сепак блага предност за Бушавиот. Домашниот терен (среден ред) и силните одбрани ќе го сторат своето. Додуше ако почне премногу претпазливо, тогаш Бушавиот може да ја окуси острицата на непредвидливоста. Сан Сити е моментално најкомпактниот тим во Македонија. Одбрана, средина и напад хармонизирани до коска со тендеција на подобрување. Сепак типувам на Запад поради домашниот терен иако Сан Сити би морало да може да го компензира тој малус. Со малку среќа сé е можно.

Alexandria 7 - FK KRIVI KAM - Последниот пар од ова коло - додуше еден од најинтересните. Типувам на Олчо, со тоа што ќе има тешка задача, знаејќи ги можностите на одбраната на докторот. Доколку докторот се постави умешно има големи шанси бодовите да останат кај него. Останува да се види колку смелост има во докторовото ХТ-овско срце :)

2015-04-04 12:02:10, 2100 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=18834]

 
Server 071