Младински играчи
Младински тим
Поседувањето на младински тим значи дека вие активно ќе ги менаџирате вашите младински играчи. Вие ќе поставувате постава, го планирате нивниот тренинг и откривате нивниот потенцијал. Откривањето на вештините кои вашите младински играчи можат да ги достигнат е одлучувачки факот за успешно водење на вашиот младински тим. Некогаш ќе бидете во можност да откриете ретки бисери кои можат да прераснат во важни играчи за вашиот тим за бројни години, или да бидат продадени на трансфер пазарот за значителна сума на пари. Вашиот младински тим ќе се натпреварува во младинска лига по ваш избор; на пример, можете да играте во лига заедно со вашите пријатели или колеги. Понекогаш вашиот младински тим ќе може да игра пријателски против други младински тимови од целиот свет.