Младински играчи
Играчите
Вашиот младински тим може да има максимум 18 играчи во исто време. Играчите кои ќе се приклучуваат на академијата ќе бидат од 15 до 16 години. Повеќето од вештините ќе треба да бидат откриени понатаму, што значи дека вие нема да можете да ги видите сите нивни вештини или карактери, како што можете кај сениорските играчи. За да ги истражите потенцијалите на вашите играчи, треба да ги испробате на различни позиции на теренот, за да видите каде даваат најдобар рејтинг. За ваша помош го имате рејтингот со ѕвездички, коментарите на скаутот и извештајот на тренерот. Преку тренингот ќе можете да ги откриете и нивните вештини, повеќе информации за ова во делот за тренинг. Дополнителни совети може да се најдат и во извештајот за натпреварот.