Вести
9-26-2018
Едиторијал: Нови Hattrick мобилни апликации
Од денес ви ги претставуваме на користење новите Hattrick апликации за
Android и
ioS. Комплетно се предизајнирани и текстуално прередени правејќи ја навигацијата слична на онаа на веб страната. Исто така се побрзи, постабилни и имаат повеќе функционалности.
Новите апликации се голем броект за нас на кој работевме во изминативе 6 месеци. Можеби бевме малку тивки и не најавивме што правиме, но верувајте, навистина вредеше да биде така.
Користењето на Hattrick преку мобилните телефони е во постојан пораст - дури има значителна група на корисници кои пристапуваат кон играта само преку мобилната апликација. Затоа, не само што сакавме да го унапредиме квалитетот на искуството што го носи апликацијата туку и да биде подобро интегрирана со самата веб верзија на Hattrick. Затоа, од сега, мобилната апликација и веб верзијата ќе ја користат истата техничка рамка и ќе имаат слична навигација. Вештините и рејтинзите ќе бидат прикажувани на идентичен начин, а што е поважно, сите нови алатки кои ќе се додаваат на веб страната лесно ќе бидат прилагодливи и за мобилната апликација.
Што конкретно е променето?
Првата работа која ќе ја забележите е навигацијата која сега е од левата страна исто како и кај веб страната. Од тој дел можете да пристапите кон сите делови на апликацијата или да ги менувате тимовите ако имате повеќе од еден. Ова ја заменува лентата со икони во горниот дел како што беше досега кај апликацијата. Долната лента со опциите за навигација останува иста.
Ги заменивме сите икони во апликацијата со нови кои имаат поконстантен изглед. Потребата е поради фактот што новите циркуларни рејтинзи на играчите ќе ги користиме секаде (во моментов тие се користат на мобилната апликација и за ХТ - во живо). Тоа значи дека го напуштаме системот на обележување рејтинзи со ѕвезди, иако ѕвездата како таква ќе продолжи да живее како икона за рејтинзите. Ќе има и други вакви примери на изедначување помеѓу мобилната апликација и веб страната. Секако, поправивме голем број на багови кои ги имаше на апликацијата.
Еве и што друго ќе можете да правите на новата апликација:
* Да променете тренер
* Да влезете во индивидуалниот тренинг извештај за играч
* Младинските играчи ќе можат да се сортираат по денови до промоција, сениорите ќе можат да се сортираат по категорија
* Ако го ротирате телефонот додека сте на страната за лигата, ќе добиете подетална табела. Страната за лигата ќе има опција „Додај ги сите за следење во живо“ опција.
* Подобрена опцијата за пребарување на трансфер. Ќе биде полесно да смените опција, без да почнувате со барањето отпочеток. Трансфер резултатите сега ќе содржат и специјалност и години на играчот.
* Ќе можете да кликнете на детали за играчот во трансфер резултатите (и на други листања на играчи) и да се вратите назад без да ја изгубите позицијата во листата на која сте биле претходно.
* Во форумот ќе можете да креирате, игнорирате, следите теми, и да ги маркирате како прочитани. Додадена е и „Одговори на сите“ опција.
* Додадовме лесен начин за копирање на ID на играчи, натпревари, менаџери, лиги... (корисно кога постирате на форумот)
* Додадени се коментари за играчот
* Нотификациите можат да се исчистат со еден клик
* Може да креирате потсетници за Supporter
* Додадени се претходните натпревари на страната за играч
* За Supporter-ите, додадовме нова shortcut функционалност што ќе ја забрза навигацијата до омилените страни.
Сеуште имаме неколку работи кои што треба да ги комплетираме и вметнеме во апликацијата, па очекувајте барем уште еден апдејт во наредните неколку месеци.
Се надеваме дека ќе ви се допадне новата Hattrick мобилна апликација!