Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Едиторијал: Промени при создавањето на тимовиоте - и место за матичните играчи

Овој месец, работевме на значителни промени на тоа како новите тимови се генерираар. Хеттрик нема повеќе да ги користи наново постоечките тимови, со што ќе се поедностави процесот на приклучување на нови корсиници, како и процесот на „ботификација“ на тимовите. Дополнително, сет од помали подобрувања беа направени на сајтот, а сакаме да го истакнеме и создавањето на нова интернационална лига која ќе биде отворена од следната сезона: Хеттрик лигата на матични играчи (The Hattrick Homegrown League).


Да започнеме со објавата за креирањето на Хеттрик лигата на матични играчи. Оваа нова интернационална лига ќе биде создадена следната сезона. Истата беше инспирирана од иницијативата на корисниците за Лига на матични играчи, која постои во Јубилејната лига во последните 2 години.

Лигата на матични играчи ќе е од траен карактер и во истата нема да постои можност за купување на играчи. Со други зборови, единствен начин за да станете компетитивни е преку развој на млади играчи, тренинг и преку менаџерски вештини на високо ниво. За прв пат, трејдерите на играчи немаат никаква предност.

Лигата на матични играчи ќе биде како и секој друг дополнителен тим, што значи дека ќе биде завзема место за дополнителен тим кое е вклучено за Платинум супортерите или за кое е потребно да се набави лиценца за дополнителен тим. Бидејќи беше доста барано, со оваа најдградба можно е да имате до 4 места за тимови по менаџер.

Повеќе информации за Лигата на матични играчи ќе бидат достапни кога ќе започне сезоната, но сакавме да направиме најава, бидејќи ни е јасно дека оваа нова лига ќе има влијание како ги планирате местата за дополнителни тимови.

Клучен дел од овомесечната надградба е начинот на кој Хеттрик назначува нови тимови. Во самиот почеток на Хеттрик, одллучивме да ги назначуваме постоечките тимови кои се без корисник на новите корисници. На овој начин се користеше помалку простор и имавме подобри перформанси на краток временски период, бидејќи можевме да ги поништиме составите и инфраструктурата на тимовите од корисниците кои ја напуштиле играта. Но со ова сносиме и многу недостатоци, и е избор во дизајнот за кој жалиме што беше направен и после 25 години од кога беше направен.

Од оваа недела, ќе започнеме со нов начин на назаначување на тимовите, со што секој нов тим ќе добие единечен идентитет. Ќе започнеме претпазливо, испробувајќи го овој начин најпрвин во Шведската лига, пред ба биде имплементиран и во останатите лиги после меѓусезоната.

За новите корисници, оваа промена значи дека тимовите ќе се создаваат побрзо и новите корисници ќе можат веднаш да започнат да играат. Истите нема да наследат веќе постоечки тим.

Како дел од истиот проект, ќе го промениме начинот на кој ГМ ја вршат проверката на новите тимови. Наместо тимовите да се поставуваат на листа за ревизија пред да бидат назначени, корисниците веднаш ќе добијат тим и ќе можат да започнат да играат. Сепак, некои од тимовите на кои ќе им биде потребно прегледување, ќе подлежат на рестрикции во текот на првите неколку дена. Во овој случај, новиот тим нема да биде во можност, на пример, да наддава за купување на играч или да пишува на форумот. Она што ќе можат да го прават е да издаваат наредби за натпреварите, вработуваат членови на персоналот, и многу други работи.

Менаџерите-ветерани нема веднаш да видат промени како резултат на овие измени. Сепак во текот на сезоната, тимовите кои ќе станат ботови ќе претрпат промена. Наместо тимовите кои се без сопственик да бидат со ботови, истите ќе бидат назначени како „под администрација“. Таквите тимови ќе ги задржат своите играчи, но истите ќе играат значително под своите поранешни способности. Како и претходно, оваа промена на нивните способности ќе се случи после 8мата недела, и ниту еден тим нема да остане без сопственик во првиот дел на сезоната.

Значителна промена ќе биде тоа што за време на овој период, сопствениците на тимот можат да се навратат на играта и повтроно да ја превземаат контролата над својот тим.

На крајот на сезоната, во 16та недела, тимовите кои се под администрација ќе ја напуштат лигата и ќе бидат заменети од тим-бот или со тим кој има реален корисник.

Кога нов корисник ќе се зачлени во лигата, истиот ќе добие нов тим без историски информации. Новиот тим ќе го завземе местото на бот во лигашкиот систем, но доколку не се достапни тимови кои се ботови истиот може да биде поставен на местото на тим кој е под администрација.

Ова ќе се одрази на лигашката табела, со што резултатите и натпреварите во лигата ќе имаат повеќе смисла. Тимовите не можат го променат своето име во текот на сезоната и новите корисници нема да си поставуваат прашања во стилот: како е можно мојот тим да има веќе играно натпревари претходно. Во иднина, клубската историја ќе биде поврзана со менаџерот кој го создал клубот и нема да биде споделена со листа од менаџери кои се меѓусебно поврзани.

Во текот на оваа година, ќе направиме и надградба на истото за да им дозволите на повратните корисници повторно да бидат сврзани со својот поранешен тим. Ова е барање на безбројни повратни корисници со години бараа истото од нас во изминатите години. Конечно сме во можност да го зачуваме наследството на тимот на правилен начин.

Направени се и други промени освен начинот на создавање на тимови:

- Додадена е можност за корисниците да видат дали се достапни места за дополнителни тимови во лигата, без да мораат да го затворат некој од нивните постоечки тимови.

- Со отворањето на нов дополнителен тим, ќе може да го изберете вашиот префериран стил на игра, со што ќе добиете мали бонуси кои беше ставен на располагање само на примарните тимови.

- Во страната на историјата на тимот, додадовме табела за преглед, слична на оваа функција кај Foxtrick.

- Додадовме филтри за Hattrick Arena на страната за Анализа на тимот.

- Променет е начинот на кој се прикажани менаџерите со најмногу достигнувања како и најдобрите регрутери на страната за преглед на секоја лига.

- Ќе биде прикажана највисоката позиција која ја имате достигнато во секое од скалилата.

- Ќе бидат обележани вештините кои биле откриени во тренингот на младинците, при користење на копчето за откривање на сите вештини.

Се надеваме дека ќе ви се допаднат направените промени!

 
Server 070