We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Интервју HТ-Johan & Co

Направивме интервју со HT-Johan, еден од сопствениците на Хетрик и се надеваме дека ќе уживате читајќи го. :)

напишано од Pallim (9160546), англиска верзија овде (18358), превод и адаптација minskj (10562696)

1. Здраво Јохан, благодарам многу за ова интервју! Веќе повеќе од 15 години си дел од Хетрик. Доколку погледаш назад кои беа светлите моменти и како моменталната фаза корелира со таа историја?

Благодарам! Навистина неверојатно, денес светот е поинаков споредено со времето кога првпат се инволвирав во таа далечна 1998. Се разбира можам да си замислам дека Хетрик сеуште ќе постои и ќе биде дел од мојот живот скоро две децении подоцна.

Хетрик завзема поинаков дел од мојот живот сега отколку тогаш. Тогаш беше нешто како борба за опстанок - немавме финансиски средства, никој не разбираше што се обидувавме да направиме, моравме да имаме повеќе работни односи за да ги задоволиме животните потреби, имавме малку сон итн. - сето тоа беше неверојатно забавно и исполнително. Денес имам многу поинакви животни одговорности кои мораат да се одработат и Хетрик завзема поинакво место. Тоа е мојата работа, но за среќа работа која ја направивме да биде доста флексибилна, така што можам да работам кога сакам и да работам на нештата кои уживам да ги работам. Мошне благодарен сум на Хетрик за сето тоа и горд сум на она што успеавме да направиме во текот на годините.

2. Како се смени работниот однос откако тимот стана помал? Дали понекогаш мислиш дека би сакал да имплементираш повеќе од тоа што во основа можеш? Дали е сега порелаксирано? Или потешко?

Сметам дека клучниот елемент е дека сега е поедноставно. Сега сме помалку луѓе, помалку време се губи на претпоставени, менаџирање, состаноци и документација. Се состануваме кога има потреба, донесуваме одлуки и потоа одработуваме. Бидејќи е тоа типот на луѓе кои сме, сега е позабавно од порано - од пред деценија и повеќе. Сите имаме повеќе за работа и најверојатно помалку простор за ескивирање, но сепак е порелаксирано.

3. Дали постојат аспекти на Хетрик кои со денешното знаење би ги конструирале поинаку? Кои?

Има некои технички аспекти кои тогаш на почетокот ги направиме погрешно, како на пример да не се раздвојува корисничкиот од тимскиот ID. Денес корисниците ги преземаат тимовите и во тој момент податоците одат во неповрат. Не е ништо страшно, но сепак тоа не ме оставаше на мира во текот на годините. Од филозофска гледна точка денес помалку би се грижел за тоа доколку истото би го направиле повторно. На Хетрик му посветив толку многу од мојот емотивен капитал на сметка од сé останато и во повеќето од случаите би било подобро за сите доколку би бил покул и бизнисменски настроен. Од друга страна можеби моравме да се грижиме за многу други работи за да функционира.

4. Ајде да се позанимаваме со иднината. Кои се 3-те подрачја кои според тебе би требало да се сменат највеќе за да Хетрик се унапреди?

Па, се подготвуваме за голем чекор во секторот на мобилните уреди (интервјуво е направено пред најавата за мобилната апликација од пред недела дена) и јасно е дека тоа е правецот каде игрите треба да се движат. Значи играта да се направи поедноставна и позабавна кога се игра од мобилен уред. Како второ, би рекол дека голем дел којшо треба да се преработи, а не е допрен веќе подолго време е актуелниот енџин (МЕ). И за крај, верувам дека можеме да направиме повеќе за да го унапредиме социјалниот аспект и комуната во играта, на пример менторски шеми.

5. Дали можеме да сметаме на промени во самиот енџин (МЕ) на долги патеки или тоа е дел којшто не го р´чкате? Дали сметате дека е можно да се прошират стратешките можности на енџинот (МЕ)?
Моментално енџинот очевидно фаворизира одредени стратегии како на пр. многу полесно е да се создадат рејтинзи во крилните сектори од нападот отколку во централниот. Исто така одредени формации и индивидуални инструкции на играчите се пологични од други? Дали како тим сметате дека тоа е проблем?


Не, се разбира дека таков вид на промени можат да се направат и се сторени многу пати во историјата на Хетрик. И, како што кажав погоре, тоа е дел којшто е под наш буден надзор - во секој случај барем јас го имам на око.

6. Тема којашто (зачудувачки) не се дискутира толку често е тренинг системот. Тренингот е суштествен дел во Хетрик, но не е дел каде што менаџерот треба често да донесува одлуки. Во повеќето случаи се определуваме за еден тренинг тип и го оставаме со месеци. Во таа смисла не е "забавен" елемент. Дали имате идеи тоа да го смените? На пример (некако) да се смени системот од еден тренинг тип во неделата за Х играчи? На тој начин за многу тимови ќе биде возможно да тренираат таленти поникнати од академијата за сопствениот тим, бидејќи не ќе биде заолжително да се мести тренингот на целиот тим за еден играч за повеќе сезони/години.

Сметам дека тоа е добра идеја. Мислам дека тренингот е еден од оние делови кои се сметаат како "доволно добри", но како што имаш истакнато тоа е навистина важен дел од Хетрик и најверојатно има доста работи кои би можеле да ги сториме за да го направиме позабавен и стратегиски интересен. За сега нема планови на тоа поле, но сепак е интересна идеја.

7. Kолку високо котира младинската акдемија на вашата агенда? Многу менаџери сметаат дека е фина работа (патем речено тренингот таму е каде-каде поинтересен), но постои веќе доста долго, а не е пренагодена по други сторени промени. Мошне индикативно е дека трансфер пазарот се фокусира на многу млади играчи - играчи кои не можат да промовираат со 17.0 се наоѓаат во неповолна позиција што се однесува до тренингот спореден со играчи тренирани во сениорскиот тим и поради тоа се заработваат мошне добри пари на врвни млади играчи, а многу помалку на сите останати промовирани играчи. Оваа ситуација го нагласува рандом факторот на академијата - успехот не зависи толку многу од тоа како академијата се менаџира, ами зависи од тоа колку често се скаутираат 15-годишни врвни играчи. Дали постојат планови на тоа поле? Или можеби планови за други проширувања на академијата?

Немаме планови за "апдејт" на академиите. Постојат куп минорни работи кои би сакал да се сменат, но тоа се работи поврзани со интерфејсот и ребалансирање на работи кои сметам дека не се доволно добро имплементирани кога тој систем беше лансиран. Проблемот со академиите лежи во тоа што тоа е еден навистина голем подсистем, така што бара доста "ментална енергија" за евалуација на кодот. Сигурен сум дека еден ден ќе се навратиме на таа проблематика, но моментално постојат многу понадежни работи за развивање.

8. Дали можеш да кажеш нешто во врска со тоа како новиот систем на персонал влијае врз однесувањето на менаџерите? Дали се трошат повеќе финансиски средства? Дали просечната брзина на тренинг е поголема поради големот број на високи нивоа на помошници тренери? Дали општо гледано, изработувате такви анализи и дали извлекувате нешто од тие анализи?

(Моментално сеуште) немаме што да споделиме на таа тема, но се разбира го набљудуваме влијанието коешто таква голема промена во системот го има во текот на времето врз економијата и начинот на играње.

9. Дали сметаш дека по некое време е можно да се пренагоди ефектот на типот на персоналот. Дали имате планови за нови типови на персонал? Во некои дискусии е споменат трансфер агентот - или можеби моментално се колебате да ги ограничите трансферите земајќи го во предвид трансфер пазарот?

Доколку е потребно, немаме проблем со пренагодување на кој и да е дел од играта - како што во минатото многу пати покажавме!

10. Постојат работи во Хетрик кои (грубо речено) скоро сите корисници сметаат дека не се избалансирани како што треба. На пр. расположението на навивачите со драстичните падови и подеми (особено доколку тимовите имаат лоша серија, но исто така по само еден лош резултат). Дали намерно не ги менувате таквите работи или други работи се едноставно многу позначајни? Што се однесува до расположението на навивачите тоа сигурно би можело да се промени без многу напор со промена на неколку параметри.

Можеби на прв поглед изгледа така едноставно, но верувајте дека за расположението на навивачите е одговорен еден од најкомплексните алгоритми во Хетрик - за жал. Тоа е еден пример за тоа како некој се обидува да стори нешто навистина паметно, за да на крај се остане кус во тоа поле. Сепак сметаме дека тој аспект е подобар од порано, а таа функција бара нешто поголем напор за анализа и надоградба, така што ќе мора да почека уште малку.

11. Како можеме да си го претставиме начинот на кој што донесувате одлука која тема треба да ја одработите како следна? Како е кога ќе дојдете во фаза на дотерување и нагодување/пеглање на некои вредности и проценти во одредени функции? Дали некој ќе даде предлог и потоа се дискуира? Дали правите симулации? И која е улогата на форумот при овој процес? Незначителна или играат улога поединечни аргументативни постови или се водите по бројот од постови?
И обратно, дали постојат случаи каде што сакате да промените нешто за доброто на играта, но тоа не го правите, бидејќи задницата би можела да протестира?


Целиот процес започнува со одлука за тоа кој дел од играта треба да се преправи/подобри или подобро речено каков вид на влијание сакаме да извршиме врз играта. на пример, веќе некое време се занимаваме со темата за туркање на играта кон поголем ангажман - од поттикнување на нови корисници за поактивни лиги, преку додавање на социјални функции како што се покани за корисници во празни слотови во сопствените лиги, до создавање на нови купови и подигнување на средства за финансирање на истиот, за да постојано има нешто за кое би се бореле. Постојат многу мали работи за кои не мислиме дека секоја поединечно е од големо значење, но како целина сметаме дека играта ја туркаме во вистинската насока, а тоа е од важност за нас. Сметам дека намерно се отргнавме од идејата за задоволување на форумот на секој чекор - се обидовме со таа тактика во минатото за да на крај се чувствуваме парализирани и неодлучни доколу слушаме и премногу учествуваме во дискусиите. Но кога еднаш се одлучиме за некоја промена, тогаш сме повеќе од среќни и волни за вложување на енергија и креативност од форумот за да се забрза и подобри развивачкиот процес.

12. Во еден уводник Tjecken напиша дека забавните елементи во Хетрик не треба да се градат врз фактот дека одредени ефекти и значења се нејасни, а корисниците треба истите да ги откријат, ами дека работите треба да се транспарентни колку што е тоа можно, за да корисниците го користат тоа знаење за стратешки одлуки. Дали тоа е сеуште експлицитно ва вашата агенда? Дали мислиш дека е можно да откриете одредени постоечки механизми (на пр. значењето на пораката за просечни вештини кај скаутираните играчи во младинските академии, аспекти при SE пресметките)?

Сеуште е во агендата, но можеби не со тој степен на приоритет како порано. Новиот систем на персоналот е многу потранспарентен. Додуше не сум сигурен дали транспарентноста го прави позабавен. Во изборот помеѓу транспарентност и замагленост секогаш стоиме зад транспарентноста, сега и во иднина.

13. Како се вика твојата мачка/мачор? И дали Хетрик сеуште ќе постои за 10 години?

Обожавам мачки, но за жал мојата девојка не, така што одлучивме наместо мачки да имаме деца. :) Сметам дека шансите Хетрик да постои по 10 години, а и доста години подоцна, се доста големи.

Доколку сакате да прочитате повеќе за тоа што луѓето кои работат со Хетрик имаат да кажат, овде се наоѓаат различни прашања до HT-Aartspam (16570966.119) и HT-Bodin (16570966.99)

2014-12-25 08:57:29, 2075 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=18512]

 
Server 071