We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

Тркалезна маса - дел 1.

Тркалезна маса на менаџерите од ПМЛ со почесен гостин - актуелниот селектор на младинскиот национален тим, Пикито

Идејата за оваа серија од разговори на високо ниво се роди при една средба во Босилево помеѓу менаџерите на Питачи и Запад, минскј и Бушав, во меаната "Кај Ицката". Се надеваме дека останатите менаџери од ПМЛ ќе ни се придружат во текот на сезоната.

Во ова издание на тркалезната маса се концентрираме на неколку прашања:

1. Кратка анализа на ПМЛ натпреварите од првото коло и мало предвидување за второто коло

2. Твој/и фаворит/и за шампион


ДРКостов:

Ова ми е прва сезона во ПМЛ, па некако собирам впечатоци. Најверојатно ќе се борам за опстанок, бидејќи останатите екипи се доста јаки.

Што се однесува до првото коло, резултатите беа очекувани, освен што очекував дека разликата во голови на победниците на домашен терен ќе биде поголема. Но, очито, се работи за противници со изедначен квалитет, па тоа покажува дека пласманот ќе биде неизвесен до крајот на сезоната.

За натаму ќе видиме.

Мојата прогноза за второто коло:

FK Zapad - Sv.Naum 1:0

Sun Sity - Alexandria 77 2:1

FK KRIVI KAMEN - Pitaci 0:0

Vucko Top - 9197 champions 1:3

Прашање: Твој/и фаворит/и за титулата и мал коментар за гол разликата против Вучко?

ДРКостов: За титулата е прерано да се зборува, а разликата помеѓу мене и Вучко? Па може да се каже дека очекував победа, но не со толку голема разлика.

БигБос: (менаџерот на Вучко Топ):

Периодов немам многу време да се посветам на ХТ, но тоа не значи дека нема да си комуницираме! Ќе го скокнам првото коло. Еве, од второто па натаму ќе се трудам да дадам осврт па и критика за се она што се случу! Поздрав и секое добро.

Менаџерот на Св. Наум, Александар-ГИГАНТ, беше доста концизен во своето излагање

Александар-ГИГАНТ:

Sv.Naum - Sun Sity 2 - 0 - 550 LS го одработи она за што и служи

Pitaci - FK Zapad 3 - 2 - Мене не ми се јасни луѓето кои против Питачи играат контри во првото коло кога Питачи сеуште немаат висок тимски дух.

9197 champio - FK KRIVI KAM 4 - 3 - Премногу голови за тие односи на одбрана и напад.

Alexandria 77 - Vucko Top 6 - 1- Оваквите натпревари се причината зошто ХТ не чини, но неколку вакви натпревари по сезона се случуваат.

Прогноза за второ коло:

FK Zapad - Sv.Naum - 1 - доколку ми даде 3 гола, во спротивно тешко (дека ќе победи).

Sun Sity - Alexandria 77 - 1 - нема тука многу простор за маневрирање на гостинот.

FK KRIVI KAMEN - Pitaci - трознак, не знам што ќе се случи, најверојатно се и сешто. Зависи и од тактиката на домаќинот.

Vucko Top - 9197 champions - Х - чувство за филинг :)))

А уште неколку прашања?
1. Фаворит/и оваа сезона? Од кого највеќе се плашиш?
2. Имаш ли намера да го смениш стилот на игра? (во однос на LS)


Александар-ГИГАНТ:
1. Себе си не се сметам за фаворит за титулата, како што не се сметав ни минатата сезона. Јас само ги "протуркав" работите кога за тоа постоеа шанси. Целта секогаш е опстанокот. Не знам за фаворит. Реално гледано Бушавиот и минскј, па потоа Ивица и човече, па Олчо и јас, па потоа двајцата дојденци (ДРКостов и Вучко).

2. Не, чекам да ми се појави некој талент кај младинците па да одам во пензија.

Бушав:

Sv.Naum - Sun Sity 2 - 0 - Очекуван резултат беше победата на Саша во овој натпревар. Истата не беше деоведена во прашање, бидејќи Сан Сити одиграл пик и со тоа значително си ги намалил шансите за добивање на што поголем процент на посед што автоматски значи и помалку шанси за него. А со оглед на тоа дека другиот го ке**а константно дури и да не беа голивите од ЛШ шансите, ќе дадеше некој од индиректен или пенал.

Pitaci - FK Zapad 3 - 2 - Очекувана победа на домаќинот. Мојата одлука за препуштање на поседот и одење на нерешено со поставка која не ги затвара противничките напади во целост ме чинеше бодови во овој натпревар. Потивникот одигра стандардно за неговите можности.

9197 champio - FK KRIVI KAM 4 - 3 - Очекувана победа, но изненадувачки резултат. Рејтинзите на овој натпревар покажуваат дека домаќинот требаше да победи со многу поголема гол разлика. Поставката на гостинскиот тим и лошата тактичка уиграност на формацијата среќно му донесоа водство трипати во натпреварот, но на крајот домаќинот се радуваше.

Alexandria 77 - Vucko Top 6 - 1 - Дуел на двата новаци во лигата. Првичен поглед на рејтинзите не ветува многу кога е во прашање опстанокот но како ќе се одвиваат работите понатаму ќе видиме. Инаку победа на домашниот тим беше очекувана, но не со толкава разлика.

Прогноза за второ коло:

FK Zapad - Sv.Naum - би сакал да победам, но како МЕ ќе каже, така ќе биде :) Очекувам 5-5-0 поствка од гостите

Sun Sity - Alexandria 77 - домашна победа со пиц, премногу е силен домаќинот. Очекувам 4-5-1 од гостинскиот тим со пресинг

FK KRIVI KAMEN - Pitaci - Тежок натпревар за давање на прогноза. Домашниот тим ќе се обиде да ги освои првите бодови во новата сезона. Мислам дека ќе се определи за 3-5-2 пиц и пробивање на трите одбрани на гостинот кој пак со својата претпознатлива офанзивна игра ќе го предизвика МЕ

Vucko Top - 9197 champions - би требало ова да бидат лесни бодови за гостинскиот тим. Очекувам гостинска победа.

Прашање: Александар-ГИГАНТ вели: Мене не ми се јасни луѓето кои против Питачи играат контри во првото коло кога Питачи сеуште немаат висок тимски дух.

Коментар?:

Бушав: На таквите људи он може да им се фати и вика РЕВОЛУЦИЈА.

Прашање:
1. според тебе кој/кои е/се фаворити оваа сезона?

Главен фаворит за освојување на титула немам. Постојат неколку навистина силни тимови кои ќе претендираат за врвот. Според мене борба ќе се води помеѓу Сан Сити и Чемпионс, а Саша ако продужи да го кења ќе биде тука. Питачи тука не го ставам бидејќи тешко дека може да освои 10 бода во гости оваа сезона (за да парира мора да има и 7 победи дома).

2. Дaли и се гледа крајот на доминацијата на LS во ПМЛ?

Бушав: Јок. Има уште многу време да се мачиме против такви кењатори :)

Прашање: Немаш ништо коментирано околу повредите - дали тие беа клучни за препуштањето на барем 2 бода на противникот?

Бушав: Не, и без нив тешко дека ќе можеше нешто да се направи. Доколку поставата беше 5-4-1 тогаш ќе правевме муабет ако се повредеше некој ЦД, вака не.

Олчо-ГИГАНТ од објективно субјективни причини не можеше да биде пристуен на тркалезната маса и преку фејсбук порака го остави следниот текст:

Денеска ќе патувам, ќе немам грам време. Може вечер да имам време :) поздрав.

Нашиот селектор на младинците го изјави следното на поставените прашања

1. Кратка анализа на ПМЛ натпреварите од претходното и наредното коло
2. Твој/и фаворит/и за шампион?
3. Дали се гледа крај на LS од Саша?
4. Кој ќе дотера најдалеку во купот (од ПМЛ)?

Пикито:

1. Мал поглед на предходното коло

Sv.Naum - Sun Sity 2 - 0
Одличен старт на шампионот со што дава до знаење дека и оваа сезона треба сериозно да се смета на Св. Наум околу титула

Pitaci - FK Zapad 3 - 2
Питачи-вториот конкурент за титула докажа дека дефинитивно на ФК Запад му е потребна деебела реконструкција

9197 champio - FK KRIVI KAM 4 - 3
Шампионите сеуште покажуваат заби и сеуште имаат тим за опстанок во прва но мислам дека ова ке им е последна сезона тука и дека долго време после нема да ги гледаме со стравопочит

Alexandria 77 - Vucko Top 6 - 1
Дерби на аутсајдерите во прва и дефинитивно екипи кои според мене експресно ке се вратат во втора. Докторот може и ке се поинаети но Вучко дефинитивно ќе биде топовско месо цела сезона.

За следното коло

FK Zapad - Sv.Naum
Тешка утакмица за типување и според мене чиста нула со мала предност за Саша и неговата тврдина

Sun Sity - Alexandria 77
Сан сити заедно со питачи и Св. Наум ќе ја водат битката за титула, па ако сака да го задржи статусот на фаворит човече овде мора да прегази. Чист кец.

FK KRIVI KAMEN - Pitaci
Домашниот терен на Олчо му дава мал бонус, но сепак мислам дека Питачи ќе си отидат со 3 бода од ова гостување и уште ова коло ке се промовираат како главни адути за титула. Чиста двојка.

Vucko Top - 9197 champions
Како што реков и предходно, Вучко ќе биде торпедиран кај и да се појави, а шампионите нема да пропуштат да заработат 3 бода кои и те како ќе им се битни сезонава за опстанок. Уште една двојка.

2. Од моите анализи веќе ти е одговорено прашањето околу фаворитот. Питачи, Сан Сити и Св. Наум се тројката која ќе ги крши копјата околу ПМЛ-пехарот. Засега Саша добро тргна, но мислам дека во вториот дел од сезоната ќе изгуби здив и дека во финишот на сезоната Сан Сити и Питачи ќе се издвојат од останатите и меѓу нив ќе биде битката за шампион. Мала предност давам на Питачи.

3. Саша и неговиот ЛШ полека ќе почне да слабее од сезонава и дефинитивно и Св. Наум е добро стасан за темелна реконструкција. По тоа што Саша веќе почнува да биде активен на ТЛ околу млади лш тренерци, изгледа обновата на Св. Наум ќе се случи во многу блиска иднина. Моја предпоставка е дека Саша ќе проба со тврдината да добутка колку е можно подалеку во мастерсот и да обезбеди опстанок во ПМЛ, па слободно да си се преориентира на темелна обнова на тимот.

За во куп сезонава како и во лига фаворити за највисоки дострели се Питачи и Сан Сити, но сигурно и ФК Запад и Чемпионс исто ќе се потрудат да извадат некоја паричка фазла - секако ако не налетаат на мене во меѓувреме. :)))

2015-03-28 13:06:06, 1998 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=18815]

 
Server 071