We use cookies - they help us provide you with a better online experience.
By using our website you accept that we may store and access cookies on your device.

дел 2. У20, скаутинг и нешто трето

Интервју со моменталиот селектор на У20 Македонија, pikyto (1748329)

продолжува од тука (18581)

6. Зошто го правиш сето ова, од каде ги вадиш идеите, кој ти е инспирација/идол?

Па првин го правам ова од лично задоволство и за пополнување на слободното време кое го имам во изобилство, а Хетрик е одличен за таа пригода.
Што се однесува до идеите...тие си доаѓаат попатно. Сметам дека самиот Хетрик е така концептиран што постојано ти наложува да размислуваш и да изнаоѓаш начини и решенија како би напредувал и би стасал до успехот. Според мене независно е дали се работи за тимско или репрезентативно ниво.
Како инспирација, а воедно и идол/и би можел да ги посочам успесите на нашите rl сениорски спортски репрезентации кошарка, ракомет. Чувството кога се доаѓало до оние последни кола во врвните натпреварувања е неопишливо. Тоа засега е она што најмногу сакам да се случи, па да пресликаме еден таков успех и во самиов Хетрик со нашите виртуелни репрезентативни селекции.

7. Колку се разликува водењето на репрезентацијата од водењето на сопствен клуб и колку временска анализа инвестираш при "снимање" на следен У-20 противник? Дали сето тоа го правиш сам или имаш потреба од совети/сугестии?

Разликата е дефинитивно огромна, доколку селекторската функција ја сватиш сериозно. Во спротивно разликата е минорна. :)

Како менаџер на тим сите си знаеме кои се обврските но како селектор тие се мултиплицираат. Кај тимовите имаш една академија (доколку сакаш) и играчи на купче, додека во репрезентација играчите се раштркани низ целиот хеттрик свет, што по академии, што по тимови. За да се биде цело време во тек, мора да се има квалитетен скаутинг тим. Без таков тим нема шанси да се стаса секаде и на крајот да се бие успешен. Едноставно се си бара работа и вложен труд.
За жал и со скаути стоиме ептен слабо, па менаџерите кои прифаќаат да бидат скаути и да помогнат се бројат на една рака во нашава комуна. Навистина е премногу да се скаутираат два сектори и во исто време да водиш репрезентација низ квалификациски циклус. :)

Околу времето кое се вложува за припреми на еден квалификациски натпревар на јуниорите прецизно не би можел да го приложам со цифра. Eдноставно анализите за следниот противник ги одпочнувам најмалку десет дена пред самиот натпревар или 2 тренинзи наназад. Tака се гледа кои играчи на кои позиции кај противникот скокнале или опаднале во форма и дали кај некој радикално е променета позадинската форма, кои играчи се потенцијални стартери во натпреварот па врз основа на тоа се предвидуваат и формациите кои може да се очекуваат. За секој противник правам посебна датотека преку која тие работи се набљудуваат и од тука може многу лесно да се види дали има нов играч или тренер повикано во состав, зошто и со која цел.

Во меѓувреме сите натпревари од сите 16 групи во последното коло ги прегледувам со цел да видам кои формации, тактики прошле, што да се избегнува, кои биле добри за против некоја одредена тактика, дали да се игра контри, дали офанзивно, дали дефанзивно,..
Потоа следат детални анализи на самите натпревари кај нашите противници за накрај да би дошло на ред и склопувањето на нашата постава,формација и тактика.тоа се финализира на ден-два пред натпревар или поточно после четврточниот тренинг упдате. Тука веќе се одпочнува со консултирање со други менаџери, бидејќи еден вака мисли, друг онака,..со анализирањето од повеќе страни се пробува да се сфати како размислува противникот. На крај се доаѓа до конечната постава со која неретко и се излегува на самиот натпревар (евентуално со некои мали промени поради заздравување на играч, временски прилики итн.).

За сега сум многу задоволен од моменталниов распоред на случувања и ако вака продолжиме мислам дека имаме сериозни шанси за прескокнување на групната фаза.

На крај морам да се заблагодарам кај комплетниот мој скаутинг тим: ГМ бушав (5881659), иронм-детиште (5193223) и академик-гигант (11223050) и до мојот аналитички штаб – минскј и самсон кои за цело време учествуваат во формирањето на вкупното мислење и кроењето тактики, формации за секој натпревар на нашата младинска репрезентација од актуелниот светски куп. фала момци,..одиме напред!!!


Благодарам за исцрпните одговори и времето инвестирано во ова интервју.

2015-01-13 23:07:34, 2197 views

Link directly to this article (HT-ML, for the forum): [ArticleID=18587]

 
Server 071