Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Fantasy football games

Изразот вирутелен фудбал најчесто се однесува на игра во која се обидувате кој играч од реалните фудбалски тимови ќе даде најдобри резултати. Креирате виртуелен фудбалски тим од некоја лига, одбирате играчи од различни тимови од таа лига и правите ваш тим за потоа да собирате поени во зависност како тој играч одиграл во реалниот живот.

Има многу такви популарни игри поврзани со Премиер лигата, Лигата на шампиони, Серија А и така натаму.

Виртуелната фудбалска лига го следи реалниот свет, кога играчот во реалноста ќе се повреди, тој е повреден и во виртуелната игра и слично. Да бидете успешен ви треба добро скаутирање, следење на вестите за реалните тимови и да знаете кои играчи се во форма и се очекува да ги играат следните натпревари.

Дали Hattrick е виртуелна фубалска игра?

Hattrick најдобро е објаснет како фудбалска менаџерска игра, но секако дека е и виртуелна фудбалска игра во смисол дека тимовите и играчите во Hattrick се измислени и уникатни во Hattrick. Тимовите се поставени, именувани и развивани од реални менаџери и натпреварот во Hattrick е против стратегии на други реални менаџери. Сезоните во Hattrick не се врзани за реалниот свет на фудбалот, туку имаат свој ритам.

Во Hattrick нема реални играчи, туку сите играчи се уникатни и се производ на скаутирање и инвестирање во младинските академии од страна на реалните менаџери во играта. Во тој смисол Hattrick е виртуелна фудбалска игра, но повеќе во делот на тоа што самите си го креирате својот виртуелен свет.

Една од најдобрите менаџерски игри можете да се пробате ако кликнете тука. Регистрирајте се денес и ќе ја започнете авантурата за неколку минути!
 
 
Server 095