Hattrick Gears
Ситни додатоци за вашиот тим
Доделете прекар на ваш играч
Дали некој од вашите играчи добил некој прекар од страна на останатите играчи во тимот или од страна на навивачите? На вашите сакани играчи сега ќе можете да им доделите прекари, со цел да ги шувствувате по блиски. Прекарите ќе бидат вметнати помеѓу името и презимето на играчите се додека се во вашиот клуб. Кога играчот ќе биде продаден, прекарот се брише.
На играчи кои во моментот се наоѓаат на трансфер листа или играчи кои играле за репрезентацијата не може да им се доделува прекар. Прекарот мора да постои во базата на прифатени прекари.
Доколку името кое сакате да го користите не достапно, можете да дадете предлог за негово додавање.
Цена: 5 Кредити
Стајлинг на играч
На било кој играч од вашиот тим можете да извршите мало дотерување, но се додека играчот не биде ставен на трансфер листа. Со промената на стилот, можете да извршите средување на фризурата, бојата на косата и да додадете или намалите обраснатост на лицето.
Цена: 2 Кредити
Комплетна промена на изгледот кај играч
Исто така можете да направите и комплетна промена на изгледот кај играчите, а тоа значи дека можете да промените се, што се однесува до ликот. Како и да е, потребно е вашиот клуб да е матичен на тој играч или играчот да се наоѓа во вашиот тим, минимум 1 сезона.
Како и да е, на играчи кои во моментот се наоѓаат на трансфер листа или играле за репрезентацијата, не може да се изврши комплетна промена на изгледот.
Цена: 4 Кредити
Приклучи се на Турнирот
Турнирите се неофицијално клупско натпреварување во Hattrick. Изберете помеѓу креирање на ваш турнир со вашите пријатели или приклучете се на некои од постоечките кои се оддржуваат често и по 10 во исто време. Турнирите имаат флексибилен распоред - мечевите може да се играат во било кое време во текот на неделата и може да се играат по куп систем, лига систем со плеј-оф. Турнирите може да бројат од 4 до 64 екипи, со тоа што цената за регистирирање на турнирот останува иста.
Цена: 2 Кредити
Скалила
Со регистрирањето во Скалилата учествувате во едно континуирано натпреварување за тоа кој ќе биде најдобриот менаџер во регионот, земјата, федерацијата, па дури и глобално. Станете Крал на ридот!
Забелешка: како предизвикувач, потрошениот Кредит ви се враќа ако победите.
Цена: 1 Кредит
Дуел
Сакате да му покажете на вашиот пријател кој е кој во играва? Не ви се доволни натпреварите од редовниот распоред? Дуелите може да ви помогнат. Предизвикајте го било кој тим и играјте натпревар кога сакате.
Цена: 1 Кредит
Event-o-Matic
Сакате да го направите вашиот следен меч посебен или забавен? Со Event-o-Matic можете да креирате некој настан кој ќе се случи на следниот натпревар. Можете да одберете да направите некоја шега на сметка на противникот, да им се обратите на навивачите, да го посветите мечот на некој момент на клубот. Нарачаниот настан ќе се случи во текот на мечот, но тој е само презентациски и нема влијание врз самата игра во никој случај.
Цена: 1 Кредит
Промени име на играч
Имате можност да доделите потполно ново име на некој од вашите играчи.
На играчи кои во моментот се наоѓаат на трансфер листа или играчи кои играле за репрезентацијата не може да се менува името, а постарите играчи можат да бидат преименувани само еднаш (од страна на еден сопственик). Исто така, името мора да постои во базата на имиња на земјата од каде што играчот потекнува.
Имајте во предвид дека името на играчот ќе се врати во оригиналната форма штом ќе биде ставен на трансфер листа, но ако не биде продаден, променетото име ќе остане.
Имајте на ум дека одредени имиња или нивна комбинација може да биде блокирана, со цел да се оневозможи напливот на имиња на познати личности.
Цена: 8 Кредити
Преименувај млад играч
Промена на име кај играч од академијата има помалку ограничувања, доволно е само името да се наоѓа во базата на имиња на вашата земја.
Цена: 4 Кредити
Симулација
Дали фаворитот победи? Дали едноставно сте биле малерозни, или поставата во мечот не беше на очекуваното ниво? Сега можете да дознаете.
Симулаторот дополнително го репризира истиот меч 20 пати, користејќи ги истите параметри како во реалниот натпревар, за да ви долови колкави ви биле шансите за победа. Со супер симулацијата, мечот ќе биде повторен 100 пати за цена од 5 кредити.
За полесно да можете да го анализирате исходот, имате и преглед на сите симулирани натпревари. Симулирањето на натпреварите на никој начин не влијае на финалниот резултат од реалниот натпревар. Имајте во предвид дека симулациите се возможни за две последни сезони.
Цена: 3 Кредити
Трансфер Потенцијали
Не можете да го пронајдете играчот што Ви треба? Додадете Трансфер Потенцијал дококлу Вашето пребарување даде 10 резултати или помалку. Во следните 2 недели, ќе Ве известуваме секогаш кога на трансфер пазарот ќе се појави играч според Вашите критериуми.
Цена: 3 Кредити