Hattrick историја
Сезона 88 (27 Мај 2024)
Гвинеја се приклучува во светот на Хеттрик со своја постојана лига за менаџерите кои сакаат домашни играчи од својот клуб без да купуваат играчи од трансфер пазарот.
Сезона 87 (5 Февруари 2024)
Хеттрик светот повторно се зголемува. Добредојде на две нови лиги, Гванаја и Тахити.
Хеттрик Арената е пуштена како центар за турнири, скалила и сите други натпревари надвор од основната игра.
All match icons are redesigned, bringing the web and our app closer to each other, and team events on the series page are improved. A set of emojis is added to the Hattrick forums, giving users new ways to react to posts. A new dynamic player category system, the Recommended position, is introduced.
The process for creating new teams in Hattrick is improved. It's faster for new users. Teams are no longer reused and appear in Hattrick with no confusing back history. The system starts testing in the Swedish league. There is also a new onboarding for new teams, giving managers extra players and team boosts during the first few weeks.
Tweaks are made to sponsor contracts, reducing offers from 5 to 3 per season, and making riskier choices more viable.
New achievements are introduced, and the ideas for many of them come from the community. Thank you!
Заедницата ја добива долго очекуваната функционалност, а тоа е отворање на четврти постојан клуб! Исто така на супортерите им се дава можност да исфрлат играчи од куќата на славните, а дуплирани се сите супортер означувачи.
Сезона 86 (16 Октомври 2023)
Хеттрик конечно на Инстаграм. Како што тимот на Хеттрик се зголемува, така ќе добивате подетални месечни надградби со видео презентации.
A youth system package is released to better bridge the scouting network and the youth academies, along with many other updates for youth teams. Players get full-body avatars. Scheduled transfers for Supporters make their trading life easier.
Турнирите се менуваат со нови правила како старосни ограничувања, ограничувања на платите или ограничувања на Power Rating.
Сезона 85 (26 Јуни 2023)
Сите финансиски информации се соединети на едно место, страницата за Финансии, каде можат да се видат сите извештаи како и три нови извештаи за младинскиот тим, трансфери и спонзори. Новите специјалности за голманите се сега активни и во натпреварите на сениорите.
HT-Tasos се врати назад, после направената пауза, во улога на product owner и главен дизајнер на играта, воведен е и Backstage, кој е место каде членовите на ХТ соработуваат со заедницата за да ја дефинираат иднината на Хеттрик.
Мала пажња е обратена и кој мобилната апликација, каде се додадени нови страници за Националните купови и Хеттрик Мастерс, и можност прегледот во живо на натпреварите.
Сезона 84 (6 Март 2023)
Проширувањето на Хеттрик нема крај, со три нови лиги кои му се приклучија на Хеттрик универзумот: Непал, Буркина Фасо и Гренада.
Прилагодени валути и бележници за валутите се воведени, како и нови услови за активирање на тимски наредби во текот на натпреварот. На задоволстно на фудбалските фанатици, натпреварите добиени со службен резултат се намалени со воведување на клубски функционери кој можат да наместат постава кога менаџерот не поставил валидна формација.
Тренерите сега се сметаат како дел од членовите на персоналот со засебна плата и нив на вештина од 1 (слаб) до 5 (одличен), како и сепарација помеѓу тренерите-играчи и тренерите кои немаат право да играат.
Сега може да се направи пребарување во нишка на форумот, страницата за Стадион е променета кај супортерите, со што можат да имаат визуелен приказ кој е усогласен со останатиот дизајн на Хеттрик. Сезоната го означи крајот на Апачи лигата која беше со ограничен временски период на активност, после поминати 6 сезони.
Сезона 83 (14 Ноември 2022)
Обновувањето на страницата на Купот е направено паралелно со новиот систем за извлекување во Купот, исцртувајќи две рунди истовремено, правејќи ја патеката на следната рунда позната и видлива за сите, за да се додаде шанса за аутсајдерот да има корист ако постигне изненадувачка победа. Покрај тоа, сите купови сега имаат свој избор на Тим на неделата.
Направени се промени со навигацијата низ страната, овојпат приспоени се Мој Хеттрик со Мој Клуб во единечно мени Мој Клуб кој ги содржи вашата канцеларија и вашиот тим, и воведен е заеднички систем за известувања во менито.
Мали подобрувања се направени во трансферите и Алеата на Славните, како можноста да се откаже поставување на трансфер на играч во првите 10 минути, доколу истиот е направен по грешка, или создавање на нов вид на занимања на играчите во Алеата на Славните, каде истите можат да бидат подредени како нормални играчи.
Како за крај, серверите на Хеттрик беа преместени во нов и удобен дом.
Сезона 82 (25 Јули 2022)
Хеттрик гордо ја прославува својата 25-годишнина! За да се одбележи респектабилната годишнина на играта, конечно е воведена многу бараната карактеристика, бради за аватарите на играчите.
Веб-страницата го инаугурира своето ново мени на заедницата, каде што се преместуваат функциите на заедницата, како HT-Press или федерации. Супортерите сега можат да го користат новиот дизајнер на логоа, но направен е и подарок за годишнината за оние кои немаат супортер и можност да создадат (само во 2022 година) лого што би можеле да го задржат засекогаш.
Во исто време, апликацијата добива и малку љубов, со способност да пишува и чита соопштенија за печатот, да прави полесни анализи за трансфери или да даде подобар преглед на вашата финансиска историја или трофеи во НТ.
Играчи кои поканиле член од фамилијата можат да освојат 2 нови достигнувања, "Семејна собиранка", "Браќа". Младите голмани можат да бидат родени со некоја специјалност и како истите влијаат врз нив (засега достапно само во младинските академии).
Се воведува и фер плеј плата за играчите со специјалност, со цел прогресивно зголемување на платите на играчите со специјалност од 10% во 5-те наредни сезони.
Конечно во употреба е пуштен новиот интерфејс за изведувањето на пенали за да го направи овој дел од Хеттрик повозбудлив, со нов специфичен механизам во кој изведувачите на пенали и чуварите можат да изградат добар моментум при изведувањето на пеналите.
Сезона 81 (4 Април 2022)
Направен е нов сет на Мисии наменет за тимовите кои немаат напредувано во последните сезони. Може да се придружите на Локален Круг. Поставување на покажувачот над линк од играчот овозможува прикажување на неговото има, возраст, сопственик итн. без на има потреба да се напушти страницата на која се наоѓате. Додадени се проширен преглед на најважните моменти во извештајот од мечот.
Подобрен е планерот за тренинг, каде можете меѓу другото да креирате и повеќе различни тренинг планови. Воведена е фамилијарната поврзаност на играчите и на новите играчи се прикажува дали имаат фамилијарна поврзаност со некој друг познат карактер на Хеттрик.
Играчите добиваат трофеј доколку биле дел од тимот кој станал шампион. Наградите од спонзорите беа подобрени за да се има подобар баланс помеѓу ризикот и придобивките.
Како што Хеттрик полека, но сигурно оди кон својата 25-годишнина, така ние ја создадовме Hattrick Anniversary League, ограничена и бесплатна лига која трае 8 сезони и е отворена за сите, вклучително и оние кои не се супортери. Покрај тоа, сите менаџери можат да се предизвикаат меѓусебно во Anniversary Countdown Ladder.
Сезона 80 (13 Декември 2021)
Коментаторите се поспремни за секој натпревар и можат да дадат информации за играчите, тимовите и претходните натпревари. Никогаш не е доволно од достигнувања, затоа додадовме уште неколку.
Нов сервер на базата на податоци е ставен во употреба, што значи повеќе простор, повеќе сметувачка моќност итн. со што имаме повеќе опции за нови работи во иднината. Со „Преферирани Лиги“ можете да го изберете вашиот префериран пат низ Хетрик Лигашкиот систем, без разлика дали е одење нагоре, надоле или останување на исто лигашко ниво.
Страницата за постанување на наредби е надградена со нови алатки, и истата е побрза со намалено време на вчитување. Со подобрената интеграцијата на стадионите, меѓу другото, стадионот на домашниот тим се корисити како позадина за натпреварите, а сега може да се одбре и начинот на кој е направено косењето на тревата на теренот.
Страницата на играчите е обновена, со што се овозможува да се имаат најважните информации за играчите на рака. Се прикажуваат и повеќе информации, како што се повреди, црвени картони и голови.
Сезона 79 (23 Август 2021)
Од оваа сезона започнуваме со лига со ограничено траење „Апачи лига“. Учесниците во оваа лига имаат 6 сезони за да станат шампони во највисоката лига. Беа направени неколку подобрувања во апликацијата, како што се пребарување во форумот, голови постигнати од играчите, број на натпревари и други информации.
Федерациите на националните тимови се отворени за сите корисници, вкучително за оние кои немаат Супортер. Може да имате засебен дизајн за дресот на голманите. Беа додадени и дополнителни достигнувања со кои може да се здобиете.
Тактиките Пресинг, Напад по крила, и Напад по средина претрпеа мали промени за да станат по урамнотежени со другите тактики на Хеттрик. Од сега може да прифатите одредени мисии кои можат да бидат активирани во одредени моменти во вашата Хеттрик кариера, со што ќе добиете дополнителни цели кои може да ги достигнете.
Новиот Дизајнер на стадионот е додаден во мобилната апликација заедно со одредени подобрувања. За да се оневозможи избегнување на ограничувањата за трошоци со Управата на клубот, Управата може да одлучи да задржи пари во резервите кои се стекнати преку продавање на играчи, познати како „Златни прачки“, кои често не настапувале за вашиот клуб.
Пред почетокот на секоја сезона, може да го изберете вашиот спонзор од 5 понуди кои ќе ви бидат понудени кои ги ви дадат интересен избор, зависно од ризикот кој сакате да го превземете.
Сезона 78 (3 Мај 2021)
Со креирањето на Локални кругови, сега може да се допишувате и играте Дуел натпревари со други менаџери кои се во ваша близина. Менторите можат да комуницараат со менаџертите кои ги обучуваат преку чет за полесно да ги подучуваат за играта.
Дизајнерот на стадионот се враќа во Хеттрик, откако не беше на располагање неколку сезони, заради отстранувањето на употреба на Flash. Беа додадени нови статистики и алатки.
За сите кои сакаат достигнувања им дадовме нови достигнувања во кои може да си ги испробаат силите. Беа направени подобрувања во дизајнерот на дресови, како и подобрувања во апликацијата.
Сезона 77 (11 јануари 2021)
Воведен е нов систем за Светскиот куп кој е има попригоден формат и дозволува да се натпреваруваат сите 144 земји. Воведовме континентални шампионати за Европа, Африка, Америка и Азија-Океанија.
Поставен е нов формат на турнирите со кој пораз не значи директна елиминација од турнирот. Подобрен и симулаторот на постава со кој може да се симулира време, терен, тимски дух и тимска самодоверба со прилагодена формација по ваш избор.
Дизајнерот на дресови е повторно активен, откако истиот беше отстранет пред неколку месеци, заради неговата употреба на Flash. Додадовме Чат Портал кој ви овозможува подобар преглед на разговорите од кои сте дел.
Страницата на натпревари сега содржи графикон кој ги прикажува релативните позиции на тимовите во текот на сезоната, како и интерактивна вкрстувачка табела со која имате преглед на резултатите на тимовите дома и на гости за било кој тим против останатите тимови. Страницата за достигнувања исто така беше обновена.
Сезона 76 (21 Септември 2020)
Мијанмар, Замбија, Сан Марино, Порторико и Хаити се приклучија на Hattrick семејството во оваа сезона. Некои презентациски промени во однос на тренингот го видоа светлото на денот.
Нашата апликација доби значителна надградба со која голем број на алатки од сајтот се достапни во апликацијата. Сега може да креирате турнири и поканувате тимови. Може да го видите развојот на вештини на играчите, како и нивната плата, историја на повреди и значителни моменти во нивната кариера. Сево ова е само дел од она што беше додадено.
Страницата „Свет“ беше преуредена. Додадовме нов графикон во страницата на клубската историја, кој го прикажува прогресот (или стагнацијата) на вашиот тим во лигата или купот во текот на сезоните.
Сезона 75 (1 Јуни 2020)
Со додавање на Белизе, Боцвана, Мадагаскар и Свети Винсент и Гренадините, добивме 4 нови лиги во Hattrick. Додадовме страна за тренинг историја каде што може корисникот да провери што тренирал во одреден период.
Додадени се опции за дуели и турнири кои дозволуваат тие натпревари да се играа три или шест пати побрзо. Hattrick станува поширок со што ни дава повеќе простор за развој. Нови фунционалности се додадени на страните за лигите и за трансфер пребарувањата.
Сезона 74 (10 Февруари 2020)
Куп статусот, повредените или суспендираните играчи, коментаторите даваат подобар контекст на настаните во текот на натпреварот. Со планерот за тренинг може да креирате тренинг планови преку кои ќе можете да ги предвидите платите и скиловите за даден тренинг во одреден временски интервал.
Обновениот календар во Моја Канцеларија, дава подобра прегледност за дневните и следните неделни настани кои доаѓаат. Ги подобривме и кратките соопштенија преку кои вашиот стручен штаб дава рапорт за тимот и играчите.
Power Rating е нов начин да ја одредите силата на вашиот тим надвор од вообичаените рејтинзи по сектори и статистиките на играчите и тој се пресметува врз основа на седумте најдобри од вашите последни 14 официјални мечеви. Националните тимови исто така имаа одредени новости со тоа што асистентите имаат можност да закажат пријателски натпревар.
Сега може да креирате ваш лигашки турнир. Редизајнираната страна за пред почетокот на натпреварот е скоро иста како страната за пратење во живо. Бот тимовите се појаки и не го кажале последниот збор.
Сезона 73 (21 Октомври 2019)
Етиопија и Демократска Република Конго се приклучија како двете нови земји во Hattrick семејството. Преку Лигашките битки можете да се натпреварувате со други лиги во вашата дивизија.
Лигашките табели добија нов и подобрен изглед. Со симулаторот на поставата можете да проверите како одреден играч ќе влијае на перформансите на вашиот тим пред да го купите. Сега ќе можете брзо да започнете натпревар од скалилата или дуел со одреден противник ако двата менаџери се согласуваат.
Коментаторите на мечевите сега ви даваат повеќе детали бидејќи не сакаат да заспиете додека го следите мечот ако не се случуваат многу работи на теренот. Апликацијата доби темна верзија.
Во “Моја канцеларија“ додадени се нови информации. Кај националните тимови, скаутите добиваат поважна улога и сега постои нова јавна листа на потенцијали за репрезентациите.
Сезона 72 (1 јули 2019)
Неколку нови алатки се додадени на нашата мобилна апликација преку поддршка за закажување на пријателски кај младинците така и можност за следење на мечевите од репрезентацијата. Воедно го унапредивме и интерфејсот за местење постава.
Минималниот процент за кондиција е зголемен од 5 на 10%. Менторите добија некаква потврда за нивната работа. Додадени се алатките: “Трансфер потенцијал“ и ‘Екстра автоматска понуда“.
Националните тимови добија свои страници за тренинг и асистенти тренери. Прирачникот стана достапен од апликацијата. Додадена е можност на преглед на вашите мејлови и постови на форумот пред да ги пратите.
Сезона 71 (11 март 2019)
Купот како и страната со извештајот од натпреварот добија нова верзија. Освен со логирањето преку Facebook сега истото можете да го сторите и преку вашата сметка од Google.
Сезона 70 (19 ноември 2018)
По пауза од 7 години, додадовме нови лиги во Hattrick! Островските нации: Комори, Куракао, Гуам, Шри Ланка и Сао Томе и Принципе беа додадени во семејството на Hattrick. Имавме многу новини во младинските академии, формата за наредби и куповите.
Сезона 69 (30 јули 2018)
Hattrick целосно стана мобилен! Новото ажурирање на апликацијата за смартфон значи дека менаџерите ќе можат целосно да го водат својот тим од својот мобилен. Откако тоа го завршивме, веднаш се префрливме на веб страната и ги ажуриравме страните за трансфер споредби, трансфер маркери, тимот на неделата и други работи.
Сезона 68 (9 април 2018)
Тимот за развој имаше многу работа со новата верзија на мобилната апликација, па така имавме тивка сезона во делот на новите функционалности.
Сезона 67 (16 декември 2017)
Натпревар во дизајнирање на Hattrick во кое победниците беа повикани во втор круг да ни ги претстават нивните идеи за идниот концепт на нашата игра.
Сезона 66 (28 август 2017)
Беа воведени Генерациските трофеи како меѓународно натпреварување во кое менаџерите кои го почнале Hattrick во исто време се натпреваруваат меѓусебно. Беше воведена нова страна за тренинг со повеќе алатки и подетални информации за фактори кои влијаат врз тренингот.
Сезона 65 (8ми Мај 2017)
Го подобривме нашиот чет систем за полесно пронаоѓање и вклучување во разговори во деновите помеѓу натпреварите.
Нова страница за издавање наредби е пуштена во употреба и не само што има нов визуелен дизајн, туку и многу нови функционалности како на пример 7 играчи на клупата и останати функции кои ќе ви овозможат креирање подобра постава.
Сезона 64 (16 Јануари 2017)
Hattrick International ви дава можност да се натпреварувате со менаџери од целиот свет. Уште повеќе, бидејќи е нова лига, интересно е да си види кој ќе биде првиот шампион по 6 сезони.
Повредите сега имаат повеќе карактеристики, од сега ќе се случуваат на точно одредени делови од телото. Проценките за должината на повредата ќе бидат попрецизни. Дуел натпреварите сега можат да се анализираат, а додани се и нови алатки во апликацијата за Тимска Анализа.
Гласовите на Платинести и Дијамантски Поддржувачи резултираа со пуштање во употреба на опцијата за потсетник кога младински играч е спремен за промоција во сениорски тим.
Сезона 63 (26 септември 2016)
Тактичката анализа доби комплетно нова верзија и сега можете да го анализирате и сопствениот тим, но и играчите ако сте Supporter. Симулацијата на мечеви сега е достапна и за оние без Supporter, но со Кредити.
Нотификациите на пребарувачот се корисни за оние кои работат нешто друго, а не сакаат да пропуштат нешто што се случува на нивните мечеви. Страните на државите добија нови статистики и ги покажуваат последните освоувачи на Купот и на највисоката лига.
Воведени се многу други унапредувања за менаџерите кои имаат младински тим, како на пример, извештај за тренингот веднаш по мечот, или скаутите веќе нема да презентираат играчи кои имаат 17 години. Немате младинска академија? Тогаш веќе 19 годишни играчи нема да се појавуваат во понудените играчи.
Сезона 62 (6 јуни 2016)
Со воведување на новиот начин на следење на натпреварите во живо, Hattrick стана многу поинтересен и возбудлив, а исто така на корисниците им понудивме интересни статистики во реално време. Судијата доби можност да го продолжи мечот за неколку минути како во реалниот фудбал, го додадовме чатот за да можете да разговарате со вашиот противник за време на мечот или со другите менаџери од вашата лига и дивизија.
Со алатката за Тактичка анализа, можете многу побргу да ги снимите квалитетите и тактиките на вашиот противник во претходните мечеви.
Сезона 61 (15ти февруари 2016)
Ги покажуваме нивоата на вештина над божествен. Менторскиот систем е унапреден и за менторите и за учениците.
Сезона 60 (26ти октомври 2015)
Оваа сезона системот на Персоналот доби надградба со тоа што ангажираните помошници добија договори. Воведен е тактички асистент, а портпаролите заминаа во историјата.
Конечно го напуштивме нашето ХТ-време и сега можете да си ја одберете вашата временска зона и да ги следите мечевите без да пресметувате која е разликата помеѓу вашата зона и онаа во Централна Европа.
Сезона 59 (6ти јули 2015)
Сега е полесно да ги анализирате натпреварите, со тоа што ќе биде прикажана статистика за сите шанси што се случиле во текот на еден натпревар, откако тој ќе биде изигран. Во употреба е пуштен и симулатор на постава, со кој што ќе можете во секое време да си генерирате рејтинзи базирани на наместената постава.
На нашиот 18ти роденден, пуштивме во употреба нова статистика за платата на играчите, и одделна статистика за головите што играчот ги постигнал во својот сегашен клуб. Овозможено е и да се креираат и да се учествува во турнири со 32 и 64 тимови.
Горди сме со фактот дека Hattrick ја збогати својата листа на јазици со Индонезискиот јазик. Нашиот chat систем беше пуштен во употреба како најнова функционалност во нашите мобилни апликации. Сега можете да муабетите со членовите од вашата лига, со вашите противници, или во федерациска соба за chat, отворена за сите членови во таа Федерација.
Сезона 58 (16ти март 2015)
Самодовербата отсега ќе се однесува попредвидливо, а екстремните падови на нивото на самодоверба ќе бидат поретки. Губењето на целосен тренинг поради ненаместена постава е тргнато, така што доколку играчите изиграле друг натпревар во текот на неделата, нема да изгубат тренинг. Подобрувања има и кај пенал-рулетот, така што сега изведувањето на пеналите ќе трае неколку минути, а не како порано, кога пеналите знаеле да траат и до 20тина минути.
Supporter-ите ќе можат да ги поставуваат нивните играчи од Алеата на Славните како помошници тренери, скаути, или било кој друг член од Персоналот. По барање на многумина, нашите мобилни апликации сега имаат и дел за форуми, кој што вклучува пребарување, читање и пишување пораки на форумите, како и дел за менаџирање на вашата HT-пошта.
Низ годините забележавме неколку иницијативи од нашите постари членови за помош на новите корисници, со цел да научат што претставува Hattrick и како треба да играат. Сега и ние се вклучивме со нашата поддршка кон нив, обезбедувајќи им полесен начин за менторирање на новите менаџери, за тие полесно да научат што треба а што не треба да прават, и секако, повеќе да се навлечат на Hattrick.
Ексклузивен Куп Турнир за сите Supporter-и ќе се игра секоја меѓусезона. Ќе биде поинтензивен од регуларните Купови, комплетно интернационален, и ќе понуди голем број изненадувања за учесниците, во текот на одржувањето.
Сезона 57 (24ти ноември 2014)
Многу сме горди на пуштањето во употреба на нашиот мобилен веб сајт, како и редизајнираните апликации за iPhone и Android, и сме сигурни дека тоа ќе го подобри Hattrick искуството за секој што користи мобилен интернет.
Supporter-ите добиваат можност да ја организираат својата Мрежа. Отворените Турнири даваат можност на менаџерите да се приклучат кој било кој турнир без да чекаат покана.
Сезона 56 (4ти август 2014)
Комплетно го редизајниравме Куп системот да им овозможиме на корисниците повеќе возбуда со тоа што повеќе време ќе учествуваат во куповите. Додатно ги претставивме и Дивизиските Купови за пониските лиги. Во исто време, ги зголемивме паричните награди за Куповите, посебно за испаѓање во почетните кола.
Со воведувањето на Американски-Англиски јазик, Hattrick ја достигна бројката од 55 јазици.
Сезона 55 (14ти април 2014)
Оваа сезона долго најавуваниот нов систем на персонал конечно го виде светлото на денот правејќи ги одлуките на менаџерите кого ќе ангажираат во својот персонал многу поважни и поинтересни.
Добивме и реорганизација на системот на промоција од пониските лиги со повеќе квалификациски мечеви. Исто така се зголемија и паричните награди за крајот на сезоната.
Стана можно да се игра повеќе од еден турнир истовремено. Може да се прегледа и историјата на повреди на играчот. Воведена е и Менаџерската мрежа како начин на кој сите Hattrick корисници ќе можат да ги следат тимовите и менаџерите кои им се битни.
Со преименувањето на играчите и креирањето на екстра настан додадени се уште неколку Gears производи. Додадени се пријателски натпревари за време на празните викенди помеѓу две сезони.
Diamond е нов тип на Supporter каде што можете да ги користите сите наши Gears производи без да ви се одземаат Кредити. Тој исто така вклучува и Replay функција што преку симулација ви овозможува да го видите крајниот исход од натпреварот доколку би се изиграл уште десет пати.
Сезона 54 (23ти декември 2013)
Нова тренинг алатка која ќе им помогне на нашите Supporter-и да предвидат колку тренинг е потребен на нивните играчи за да го достигнат следното ниво на вештина.
Благодарејќи на подобрата поддршка на CHPP апликациите, нашите надворешни девелопери сега можат да креираат нови, подобри и поинтересни апликации што претходно не беше можно.
За прв пат Hattrick форумите се достапни за читање и за посетителите кои не играат Hattrick. Ги воведовме Скалилата за Федерации. Понатаму, Supporter-ите имаат опција да следат како се движат рејтинзите на тимовите во самиот тек на мечот.
За да ја затвориме сезоната, воведен е Финансискиот фер плеј.
Сезона 53 (2ри септември 2013)
По долги години Hattrick му кажа збогум на правилото Златен гол по барање на нашата заедница. Исто така имате повеќе опции за снимање на поставите.
Младинските тимови повеќе немаат слободна недела помеѓу две сезони во сениорската лига.
Сезона 52 (13ти мај 2013)
Скалилата се алтернативно натпреварување кое се случува со забрзано темпо за оние кои сакаат повеќе акција, нов предизвик или едноставно сакаат да играат во интересно натпреварување од поинаков формат. Азербејџанскиот стана 54 - тијазик на Hattrick. Воведена е страна за статус на акаунтот како начин да го направиме Hattrick во попријателска варијанта.
Поради финансиски проблеми Zattika го продаде Hattrick назад на старите сопственици. Како олеснување за многумина, Hattrick продолжува понатаму, но за жал, моравме да се збогуваме со некои од нашите колеги како што се HT-Klas и HT-Tjecken.
Сезона 51 (21ви јануари 2013)
Со можноста да ги споделите резултатите од мечевите на социјалните мрежи можете на вашите пријатели да им раскажете за големата победа или за страшната неправда на симулаторот на натпревари.
Hattrick Supporter повеќе не е еден производ: сега ги има три - Platinum, Gold и Silver. Посебните цени за секоја земја им даваат поголеми можности на корисниците.
Првоаприлската шега со судиите излезе полн погодок, па решивме тие да станат составен дел од играта. Исто така можете да добивате наградни поени поканувајќи ги вашите пријатели да играат Hattrick.
Сезона 50 (1 октомври 2012)
Графиконите со рејтинзи додаваат уште поголема вредност на новите детални оценки на натпреварите. Дуел натпреварите ви овозможуваат да предизвикувате и други тимови и играте повеќе натпревари вон редовниот распоред.
Нашиот Supporter пакет доби голема надградба со нови алатки како што се Трансфер потенцијали, клупски теми и едитор на клупското лого. Исто така некои од старите Supporter додатоци станаа достапни за сите корисници.
Автоматската понуда ја отвори можноста да купите играч и кога не сте онлајн. Додека преку Offerwalls ја нудиме можноста да заработите наградни поени кои можете да ги користите за купување на Supporter и Кредити.
Сезона 49 (11 јуни 2012)
Нашиот нов регрутен центар го прави канењето на пријатели на Hattrick многу полесно. Заедно со Hattrick Press организиравме натпревар во пишување стории за вашата Hattrick кариера. Новата Менаџерска лиценца ја замени старата како дел од унапредувањата околу новите корисници.
На 15-годишнината од раѓањето на Hattrick се појавија новите рејтинзи со чија помош можете полесно да ги анализирате мечевите. Исто така имавме и Anniversary page каде што објавувавме некои кул факти за нашите изминати 15 години.
Корисниците на смартфони ја добија на располагање новата официјална Hattrick Android апликација со иста функционалност како онаа за iPhone.
Сезона 48 (20 февруари 2012)
Во последните две дивизии можете да поканите пријатели да играат во вашата лига. Преку Hattrick Турнирите имате можност да играте против кого сакате и кога сакате без притоа да се грижите за повреди, картони или евентуалното влијание врз првенствените натпревари.
Голем чекор во историјата на Hattrick кој станува дел од Zattika, гејминг компанија фокусирана на социјални и игри за мобилен.
Дресот на вашиот тим е видлив во интерфејсот за местење постава и играчите кои одиграле меч после последното ажурирање тренинг се обележани. Исто така ја лансиравме официјалната Hattrick iPhone апликација и можноста да се логирате на Hattrick преку Facebook.
Сезона 47 (31 октомври 2011)
Лојалноста на играчите кои се подолго време во вашиот тим им дава подобри перформанси на теренот. Воведување на Hattrick Gears, алатка со еднократен паричен надоместок. Нови статистики на располагање како кратка верзија од Alltid.org. Hattrick Press добива свој блог на Hattrick United и во исто време федерациите добиваат можност за свој сопствен блог.
Пресреќни сме од фактот што сме избрани за Најдобра симулациска игра за 2011 година!
Сезона 46 (11 јули 2011)
Маската за давање на наредби за натпреварите е унапредена со можност за предвидување на рејтинзите и потенцирање на идалната позиција на секој играч. Новите менаџери добија опција за помош од асистентот за предлози за постава. Исто така додадена е опција за меѓусебна промена на позициите на играчите во текот на натпреварот.
Сите менаџери добија пристап до извештајот од тренингот. Supporter-ите добија подетален тренинг извештај вклучувајќи ги и промените во кондицијата и формата. Графиците за исккористеност на стадионот и движењето на бројот на навивачи се исто така вклучени во Supporter пакетот како и можноста за местење постава преку CHPP апликациите.
Сезона 45 (21 март 2011)
Многу работи се случија во Hattrick оваа сезона. Најголемата промена беше воведувањето на „Моја канцеларија“, новата воведна страна за сите менаџери. Освен ова, имавме уште три големи новини: Hattrick United (нашиот голем блог портал), Hattrick Widgets (додатоци подготвени за користење на секој сајт или блог) и Hattrick Open (каде што можете да играте Hattrick турнири со вашите пријатели кога сакате).
Hattrick Supporter го прослави својот 10-ти роденден со нови менаџерски аватари, линкови до прес соопштенијата, нови позадини и унапредени алатки за трансфер пребарување.
Камерун, Узбекистан, Куба и Палестина станаа новите членки на семејството на Hattrick и комплетиран е преводот на играта на исландски јазик.
Сезона 44 (29ти ноември 2010)
По долги години, Hattrick конечно доби верзија на арапски јазик. Supporter пакетот се ажурира со табели во живо како и можности за коментари на прес соопштенија и тимски фотографии. Коментарите пред мечот сега се отворени за секого, а постои можност за закажување на пријателски натпревар и преку Facebook.
Генералниот тренинг (форма) е отстранет.
Сезона 43 (Август 9 2010)
Во текот на оваа сезона Hattrick станува тинејџер, навистина неверојатна пресвртница. Најголемата вест за оваа сезона е побрзиот тренинг, за голем број нивоа на вештини побрз, но исто така и по бавен кај високите нивоа на вештини. Во исто време, опаѓањето на нивото на вештините е направено повеќе да зависи од висината на нивото, а помалку од годините на играчот. Направени се и мали измени кај членовите од персоналот. Асистентите на голманите сега се здружени со асистентите на тренерите, отстранети се економистите и сега максималниот број на членови изнесува 30 (максимум по 10 членови за една професија).
Кај симулаторот на натпревари е додадена подобра симулација на нервоза и потценување на противникот, а специјалните настани сега се линеарно дистрибуирани, зависно од поседот на топката. На клупските доктори им олесна кога слушнаа дека играчите не може да имаат повреди подолги од 4 недели, што претставува и максимален период за лекување на повредата.
Доколку ова не беше доволно, добро е да знаете дека го подобривме распоредот на одигрувањето на натпреварите во лигите, благодарение на (jimrtex), член на Hattrick заедницата. Кога веќе сме кај заедницата, бета верзијата на пребарувачот по форумите е пуштена во употреба, а програмерите отворија свој сопствен блог портал за меѓусебна комуникација.
Сезона 42 (Април 19 2010)
За прв пат добивме симулатор на натпревари кој не се базира на стандардна 4-4-2 формација, сега новиот симулатор може да се справи и со најразлични формации, без да се врши репозиционирање на играчите. Следно што се постигна со новиот симулатор беше тоа шпто играчите од средината станаа помалку моќни, отколку порано.
Страната за финансиите стана по детална, а беа воведени и сезонски статистики. На корисниците на supporter пакетот им се овозможи подобар графички преглед на финансиите. Hattrick, исто така започна партнерска соработка со италијанскиот, надалеку познат весник Gazzetta dello sport.
Сезона 41 (Декември 28 2009)
Пред почеток на сезоната сите тимови без корисници (бот тимови), од шесто ниво и подолу, беа деградирани во наниските лиги на крајот на сезоната, а тимовите со активни менаџери ги завземаа нивните места, со цел да се зголеми натпреварувачкиот дух на играта. Дистрибуцијата на шансите во играта се измени, со тоа што се воведоа ексклузивни шанси за секој тим во еден натпревар, со цел да се воспостави рамнотежа во играта. Ова сето придонесе подобро функционирање на тактиката контра-напад и тактиката пресинг.
Малтешкиот е 50-ти јазик, на кој е преведена оваа игра. ХФА им посака добредојде на новите репортери на натпреварите, кои ја немаат навиката постојано да доцнат на своите работни места, а на крајот на сезоната пуштен беше новиот начин на подесување на постава во тимовите, на почетокот во младинските тимови, а подоцна и кај сениорите на пријателските натпревари.
Сезона 40 (Септември 7 2009)
Сезона 40 беше доста мирна, без многу промени во играта. Hattrick по долго чекање ја добива својата Facebook апликација, како и новата страна на обожаватели на Facebook. Достигнувањата се подобрени, заедно со листата на сите можни достигнувања. Додадена е и функција каде менаџерите можат да ги стават на една листа своите омилени тимови.
Сезона 39 (Мај 17 2009)
Ефектот од самодовербата сега е намалена кај симулаторот на натпреварите, што ја олеснува задачата на вашите одбрамбени играчи и голманот при стопирање на нападите. Во исто време, рејтинзите од натпреварите се по точни и ефектот од самодовербата, конфузијата и повлекувањето во одбрамбена позиција е целосно видливо.
HT-Live го подобривме и со новиот додаток Re-Live сега сте во можност да ги следите во живо натпреварите, кои не сте имале можност да ги следите на денот на одигрувањето. Два нови јазика се воведени, Виетнамскиот и Македонскиот. Овие работи го пренесоа спорот за името помеѓу Македонија и Грција внатре во Hattrick и имавме можност неколку недели да ги следиме жешките расправии на овие два форума.
Сезона 38 (Јануари 25 2009)
Оваа сезона во играта беа вклучени условните замени, по тестирањата вршени во младинските тимови и на пријателските натпревари. Додадовме и нова тактика на игра: Ударите од далечина.
На трансфер пазарот беа воведени нови правила, со цел да се избалансира екстремното тргување со играчите, односно правилото да еден играч неможе да биде поставен на трансфер листа повеќе пати, од бројот на одиграни натпревари за вашиот тим. Исто така воведено е правилото да еден тим, во исто време, не смее да поседува повеќе од 50 играчи.
Supporter пакетот, исто така се збогати со нови можности, а како најголема е промената на страната за следење на натпреварите во живо. Останатите новитети кои беа вклучени се креирањето на сопствен профил на пребарување на трансфер пазарот, креирање на сопствени кратенки и последно но и неважно: отстранети се традиционалните рекламни банери за Supporter-те.
Ах да, да не ги заборавиме и Топките. На 1ви Април, Hattrick асистентите во облик на топки беа внесени во играта и ве уверуваа дека се поставени со цел да ви помогнат во играта. Топките беа нашата прва првоапрлиска шега која беше добро прифатена и од ваша страна.
Сезона 37 (Октомври 5 2008)
Новиот дизајн на Hattrick ја виде светлината на денот, Декември месец, несомнено со најголеми досега направени измени. Со новиот дизајн воведовме еден куп нови работи, како на пример нов изглед на форумот и нови ликови на играчите. Supporter-те добија нова алатка за дизајнирање на дресовите на играчите и нова можност за поставување на аватар.
Бидејќи новиот дизајн претставуваше огромна промена, за малку ќе заборавевме што се се случуваше пред неговото пуштање. Не треба да биде заборавено и новата опција за додавање на твојот клуб за автоматско закажување на пријателски меч, а исто така и опцијата да може да поканите пријател во пониските лиги на место на клубовите без сопственици.
Подобрено е и пребарувањето на трансфер листата, со тоа што сега не мора да се пребарува по зони. Индиректни слободни удари се воведени кај симулаторот на натпреварите, а во историјата на Hattrick Masters ке биде запишано името на екипата на beltxis, која за прв пат, на два пати го освојува ова натпреварување.
Сезона 36 (Јуни 15 2008)
Hattrick Печат, пуштен е сопствен издавачки весник во употреба и поштенското сандаче е подобрено во однос на функционалноста. Индиректните удари се воведени, а уделот при напад преку крила е зголемен, благодарение на решавање на проблемот со баг-от. Индивидуално исклучување на играч од понатамошно тренирање, но и оневозможување на водење на двете младински школи во исто време.
Уганда и Малдиви се приклучија во Hattrick светот. Лигите започнаа да се полнат со нови млади менаџери и повеќе не се оставени како единствени "живи" корисници во лигите, со цел да се овозможи натпревар помеѓу луѓето а не со ботовите. Отворивме и нова тест страна за максимум 5000 корисници, а го добивме и 45-тата јазична верзија со Фурланскиот јазик.
Сезона 35 (Февруари 24 2008)
Новиот симулатор на натпревари сега се употребува за сите типови натпревари. Тренингот сега зависи од минутажата на играње (порано зависеше од последната одиграна позиција), ударите од далечина се тренираат како и останатите вештини на играчот (порано сите играчи од тимот добиваа тренинг при тренирање на оваа вештина, а скокот на вештината не делуваше на платата на играчот). Очекувања на навивачите - какви се очекувањата на вашите навивачи пред почетокот на секој меч е пуштен и зафаќа голема улога во ХТ-животот на еден менаџер. Цената на билетите за покриените седишта е зголемена и повеќе такви билети се продаваат при облачно и врнежливо време. Освен тоа, домашната екипа, при дерби мечеви, има мала предност во однос на гостинската, што не беше случај претходните сезони.
Меч на Сезоната, Hattrick играта на табла започнува да се продава и најголемиот фудбалски истражувач досега - Global Football Monitor - добива зачудувачки 440.000 одговори. Босанската јазична верзија и новите лиги Танзанија и Катар се приклучуваат на Hattrick.
На крајот на сезоната ќе можете да го тестирате новиот систем на измени во младинската академија.
Сезона 34 (Ноември 4 2007)
Повеќе од 75.000 корисници се приклучени на играта во исто време во Јануари. Тренингот е побрз кај ниските вештини, а поспор кај високите нивоа. Опаѓањето на вештините сега не зависи само од староста на играчот, туку и од нивото на вештина на играчот. Нов генератор на мечевите (со нов придонес на играчите, каде кондицијата е подеднакво потребна за сите играчи) се испробуваше на пријателските мечеви, со цел да се истакне предноста на употреба на "мултискил" играчите.
Младинската академија, исто така се подобрува, дигањето на вештините на играчите, забрзување на тренингот, фиксно ниво на кондиција и форма, како и подобри информации од тренерот и скаутот.
Hattrick вести, за прв пат се испраќаат Hattrick вести по пошта. Персиската верзија на јазикот е воведена, а Бенин и Сирија се новите лиги кои се приклучуваат.
Сезона 33 (Јули 15 2007)
Hattrick ја прославува својата 10 годишница со воведување на алатки за календар, покани за пријатели и нов изглед на следењето на мечевите во живо со опција за чет. Подоцна е добиено и новото рангирање на логоата на тимовите, опцијата за поголемо маркирање. Гана, Мозамбик, Камбоџа и Брунеј се приклучија во Hattrick фамилијата, а Фрискиот и Луксенбуршкиот јазик се новите додадени јазици.
Кондицијата сега се тренира како удел во комплетниот тренинг, наместо да се тренира одделно како посебна вештина. Нов момент во економијата на почеток на сезоната, намалување на платите, намалување на трошоците за градба, како и зголемување на добивката од спонзорите и цената на билетите, се со цел да се врати економијата во колосек. На крајот на сезоната забележано е изедначување на цените на трансфер пазарот, што го спречи неколку сезонското постојано паѓање на цените.
Сезона 32 (Март 25 2007)
Најновата работа која е пуштена е: Младинската Академија - игра со која водите сопствен тим на млади играчи кои можете да ги претворите во идни ѕвезди. Еден месец по пуштањето, се формираат 500.000 младински тимови во Hattrick. Hattrick добива по модерен изглед и корисниците имаат можност да се пожалат на одлуката на GM, кај Сениор GM, лидери на организацијата на GM.
Supporter-ите добиваат поопширен извештај од тренингот на играчите од младинскиот тим, а коментарите на тренерот се исто така видливи на страната на играчот. На крајот на сезоната играчите добиваат свои родендени, за разлика од порано кога секој играч имаше ист роденден, на почеток на сезоната.
Сезона 31 (Декември 3 2006)
Започнува водење на достигнувања, врзано со кариерата на корисникот. Парите од спонзорство се зголемуваат, а каматата за агентите е намалена.
Supporter пакетот е проширен со повеќе статистика за мечевите. Оман и Јемен се новите лиги, а со Белорускиот и Баскискиот, сега се вкупно 40 јазични верзии на Hattrick.
Сезона 30 (Август 13 2006)
Границата од 900.000 корисници е помината. Кондицијата отпочнува да опаѓа како вештина и кај постарите играчи вештините полека почнаа да опаѓаат, во помала мера, но почесто. Сега е возможно да се добие самодоверба повисока од прекрасна и играчите може да бидат со непостоечка вештина. Националниот тим се здобива со можност за еден куп графички опции, а Hattrick Masters-от станува четири неделно натпреварување.
Се појавува и третата верзија на шпански јазик (Централна Америка) и Киргистански, а се приклучија и четири нови лиги: Кувајт, Ангола, Бангладеш и Црна Гора.
Сезона 29 (Април 23 2006)
Повеќе од 800.000 корисници играат Hattrick. Имаме нов и прегледен лик направен во Flash верзија. Се плаќа првата плата на играчот, веднаш по пристигнување во тимот, а извештајот од мечот го сочинуваат повеќе информации и случки.
Supporter-ите добиваат огромни ажурирања во Алеата на Славните, алатки за дизајнирање на дресовите, зголемена листа на пријатели и извештај од тренингот. Истотака отпочнато е компензирање на времето кога се случувале непланирани гасења на страницата. Азербејџан и Ирак се новите членови на Hattrick. Направен е глобален попис во врска со играта и добиени се 200.000 одговори - фантастично!
Сезона 28 (Јануари 1 2006)
Помеѓу Сезона 27 и 28 сите тимови кои останаа без сопственици и добиваа "walkovers" се додека не ги достигнаа предпоследните дивизии и потоа беа заменувани, се претворија во ботови (тимови без корисници). Следниот чекор кај оваа низа од реформи е направена на крајот на сезоната, кога системот на игра од форма на шише, се претвора во форма на пирамида (подолните дивизии се составени од повеќе лиги). Сите бот-тимови се префрлени на дното од пирамидата.
Резултатот на тоа е што ботовите одат побрзо на дното на пирамидата и се трансформираат, за разлика од порано кога беа заглавени на средината по неколку сезони.
За првпат се игра Хеттрик Мастерс, со францускиот победник: FC Barentin. Cartoon United, Хеттрик-стрип, кој првпат се појавува на странцата. Исто така, почнуваме со спонзорирање Хеттрик-фудбалски клубови во вистинскиот живот. Нови членови на Hattrick се Бахраин, Барбадос, Република Зелен 'рт и Брегот на Слоновата Коска.
Сезона 27 (Септември 11 2005)
За само една сезона, нови 100.000 корисници се придружија на Hattrick и станаа повеќе од 700.000. Воведено е и полагање на менаџерска лиценца, која ја олеснува и ја прави по разбирлива играта на почетокот.
Нови тактика, Играј Креативно, е воведена, како и тактиката за напаѓачите за насочување према крило, заедно со новиот тип на тренинг Крилни Напади. Во исто време, напаѓачите почнаа да придонесуваат помалку, а крилата повеќе, во однос на крилните напади.
Воведен е на ранкинг на лигата, како и Дизајнер на Стадионот, со кој може да го уредите вашиот стадион како опција за супортерите. Мобилните сервиси се интерактивно, што ви овозможува да дадете своја понуда (наддавање) за играч на трансфер, на пример преку вашиот мобилен телефон.
Алжир, Ерменија, Либан, Лихтенштајн, Монголија и Сенегал се ново приклучените лиги оваа сезона, а нови јазици Корејски, Јапонски и Словенски. Последен по ред, но не и по важност, Hattrick го доби својот wiki.
Сезона 26 (Мај 22 2005)
Бројот на активни корисници е поголем од 600.000. Суринам, Никарагва, Тринидад и Тобаго и Казахстан стаана нови членки на Hattrick , а Српскиот, Норвешкиот и Словачкиот нови додадени јазици.
Supporter-ите добиваат ажурирани податоци за маркерите и регионалните форуми.
Сезона 25 (Јануари 30 2005)
За прв пат во историјата на Hattrick, Шведска не е најголемата земја, туку земјите со најголем број корисници се Шпанија и Холандија. Сега можете да користите два нови тренинг типа: Длабински додавања и Одбрамбени позиции. Шутирањето е исто така подобрено за 25%. Промените во формулата за гледачите направија помалку флуктуации во расположението кај навивачите и е намалена неговата важност.
“Најнови вести” за секоја лига е повторно вратено после 14 сезони, а изчезна кога Hattrick го доби новиот изглед во Сезона 11. Јордан, Андора, Грузија и Гватемала се присоединија во фамилијата, а Галицијанскиот јазик стана 30ти по ред. FC Hong Kong обезбеди уште еден важен настан, а тоа е појавување на првиот тим кој има собрано повеќе од 100 милиони евра на сметка.
Сезона 24 (Октомври 10 2004)
Бројот на корисници достигнува цифра од 500.000 и се прославува со комични слики на Hattrick светот, што предизвика мала бука во Бразил (после неколку дена е променето) кога мајмун е поставен на тој дел од светот.
Голема новост е тоа што,со новиот формат на купот ќе можат да учествуваат 32768 тима,за разлика од претходните 8192 тима.Цените на билетите и приходот од спонзорствата се зголемени за 10 %,а наградите за пласман се удвоени. Чешкиот јазик е претставен, како и шест други нови јазици од: Ел Салвадор, Хондурас, Малта, Молдавија и Албанија.
|
Не-мајмунска верзија на комедијата.
|
Сезона 23 (Јуни 20 2004)
Hattrick достигнува до бројката од 400.000 активни корисници, а во исто време, во живо се наоѓаат 25.000 корисници. За да се намали важноста на феноменот "Day trading",приходите од трансферите се променети, што ги прави помалку атрактивни за да се купува и продава преку ноќ, Споредбата на Трансферите и Вкупниот Индекс на Вештини (TSI), за сите играчи (замената со "пазарната вредност") се другите мерки, за да се зголеми заедничкото знаење за тоа колку вреди еден играч при неговиот трансфер.
Платите на играчите се променети, така што секундарните вештини се доста поефтини во склоп на платата, навивачите на тимовите стануваат се попаметни, сите тимови добиваат шанса за контра-напади и вредноста на случајниот избор во однос на напад/одбрана се намалува. Тимските рејтинзи се преполовени и се презентираа како многу низок, низок, висок и многу висок, за сите нивоа.
Нови лиги се Северна Ирска, Белорусија, Македонија, Кенија, Панама и Јамајка, а нови јазици Хрватскиот, Велскиот, Руски и Украински. Hattrick Clubhouse е нова услуга и Supporter-ите меѓу другото, добиваат ажурирања на новите случувања од форумите.
Сезона 22 (Февруари 29 2004)
Саудиска Арабија, Тунис, Коста Рика, Обединети Арапски Емирати, Луксембург, Иран, Доминиканска Република и Кипар се новите членови во фамилијата, а Унгарскиот, Латвијскиот, Аргентинско (подоцна како Јужно Американски) Шпански и Бугарски се новите јазични верзии.
Сезона 21 (Ноември 9 2003)
Hattrick достигнува бројка од 250.000 активни корисници! Воведени се нови шест лиги (Парагвај, Еквадор, Боливија, Нигерија, Мароко, Фарски Острови) и шест нови јазични поддршки (Фламански, Турски, Бразилско Португалски, Романски, Грчки, Литвански) и HT Live е големата новост.
Приходот од посетителите е зголемен за 25%,а добивме и нов формат за Светскиот Куп. Првиот Hattrick Календар е веќе во продажба во продавница,а исто така е можно да се обложувате на Hattrick мечевите преку партнерите за обложување. Доминацијата на Швеѓаните беше ставена под знак прашање, кога Норвешка го освои Светскиот Куп.
Сезона 20 (Јули 20 2003)
Воведени се тактиките за меч, но може да се употребуваат само во пријателските мечеви сезоната, а искуството на играчите почнува да го дава својот ефект.
Стариот систем на промена на тренерот, каде плќавте 10.000 евра и добивавте нов тренер по случаен избор, сега е променет. Сега можете да го претворите вашиот играч во тренер или пак да да платите за ангажман на нов тренер, со вештини кои вие ќе ги изберете.
Воведени се нови шест лиги (Литванија, Словачка, Украина, Босна и Херцеговина, Виетнам и Пакистан) и три нови јазични верзии (Полски, Португалски и Каталонски).
Supporter-от е проширен со повеќе алтернативи за мечевите,повеќе можности за преглед на статистиката,и некои делови во формот и партнерството со CHPP прогармата го промени својот облик овозможувајќи повеќе заеднички програми,кои не можат повеќе да се купат во нашата продавница.
Романија е првата земја која победува во дуелот со Шведска во натпревар од У20 Светскиот Куп, а воедно станува и шампион во У20 Светскиот Куп.
Сезона 19 (30 март 2003)
Бројот на активни корисници ја достигна магичната бројка од 100 000.
Вестите од заедницата добиваат свое место за објавување текстови на страницата AHP (Associated Hattrick Press) и навивачите на тимовите стануваат, на некој начин, попаметни, со тоа што забележуваат, на пример, во која лига игра тимот.
Во оваа сезсона воведен е и финскиот јазик.
Сезона 18 (Декември 8 2002)
Три нови јазични верзии (Естонија, Италија и Данска) се вметнати и четири нови лиги (Бугарија, Велс, Израел и Словенија). Направено е полесно да се здобиете со уиграна формација, а потребно е подолго време да се изгуби уиграноста.
Надоместокот за играчите од репрезентација е променет. Не се добива тренинг за играчите кои играат во репрезентација, но ХФА сè уште плаќа 1/3 од платата на играчот, ако играчот одигра меч за својата репрезантација.
Supporter пакетот е надополнет со опција за потсеник и овозможено е исклучување на рекламните банери, доста ценета опција. Воведен е и LА префикс за новиот јазичен администратор.
Сезона 17 (Август 18 2002)
Сезоната 17 е прогласена како сезона за годишница на Hattrick, кој наполни 5 години постоење. Во тоа време 60.000 корисници играа Hattrick. Добивме 5 нови називи на вештините (титански, надчовечки, митски, магичен, утописки) кои се додадени на претходните 15, две нови лиги (Хонг Конг и Кинески Тајпеј) и Холандска верзија на јазикот.
Стариот ситем на форумот е прекинат и заменет со нов систем, заедно со ѕирни - опцијата. Тимскиот дух ке зависи и при трансферите, Supporter-ите добиваат можност за повеќе статистика, бележниците и известување од федерацијата се новите работи. Префиксот на МОД-овите доаѓа до израз и сега е полесно да се распознае модераторот на форумот.
Сезона 16 (Април 28 2002)
Унгарија, Чешка Република,Латвија, Индонезија, Филипини, Естонија, Грција, Хрватска и Југославија, која подоцна се подели на Србија и Црна Гора, за на крај да остане само Србија, се приклучија на Hattrick. Алатката Мобилен Услуга е сега достапна за сите корисници, лицата на играчите и маркерите се сега нова алатка во Supporter пакетот. Оние менаџери кои се прашуваат како изгледа Bob Sunesson, ке продолжат да се прашуваат, бидејќи неговото лице беше покриено со различни предмети.
Во првото издание, Светскиот Куп имаше одделна страна и свое лого.
ХФА одлучува да исплаќа 1/3 од платата на играчите кои играат во репрезентација и во тимовите каде се наоѓаат.
Шведска победува за прв пат со У20, повторно очекувано без изненадување, а го добивме и првиот играч кој оствари 10 звезди, Thomas Ranlind, Шведскиот голман, кој по една сезона беше избркан од клубот, од Шведскиот сопственик.
Сезона 15 (Јануари 6 2002)
Можеме да кажеме дека скоро се се случи за време на 15тата сезона. Се воведоа голем број новитети како, специјални моменти, меѓународни пријателски натпревари, дерби мечеви, репрезентации-како главна одлика за развивање на заедницата.
Заврши со Шведска која за прв пат го освои Сведскиот Куп (на ничие изненадување) и справувајќи се со главната економска криза која се однесуваше на платите на играчите, намалување на провизијата на агентите, промотивните бонуси, парите за последниот и матичниот клуб.
Сите тимови, на половина сезона добиваа пари од телевизиските права за емитување на мечевите и целата оваа работа се правеше со цел да се насочи економијата во права насока со играта.
Точно на пола пат, ХТ тимот расте од 3 на 9 члена, заради потребата на поголем број на луѓе кои ќе помогнат во развивање, водењето на администрацијата и т.н.
6 нови членови се приклучуваат на волонтерска основа, но подоцна скоро сите ги вработуваа Extralives. Скоро остана незабележано тоа што добивме и нов јазик, Германски.
Сезона 14 (Септември 16 2001)
Конечно Hattrick добива свој форум систем, со кој комуната добива природно место каде може да се среќаваат и дискутираат меѓусебе.Шпанската и Француската јазична верзија е додадена и шест нови лиги се приклучени: Сингапур, Швајцарија, Исланд, Белгија, Австрија и Малезија.
Страната за трансфери е изменета и овозможено е пребарување со опција за избирање на вештините на играчот. Промена е направена и кај промената на тимскиот дух, која почна да се врши секојдневно со ажурирањето на тимот, а не како порано кога тоа се случување еднаш во неделата.
Воведена е и услугата на мобилен телефон, само за Шведска, а во услугата Supporter се додадени опциите да може да се пишуваат броеви на дресовите, воведена е гостинска книга и федерациски форуми. Пуштен е во употреба и CHPP (Certified Hattrick Product Provider), партнерски програм со независни програмери на Hattrick софтверот. Можеше да се купат CHPP програми во Hattrick продавницата.
Сезона 13 (Мај 27 2001)
Hattrick Supporter е пуштен во употреба, што подоцна се испостави дека тоа е нештото кое го прави Hattrick да преживее и постојано да се развива.
За 15 СЕК (околу 1,5 евра)месечно, добивавте листа на другари, некои сопствени статистики и пренос во живо на вашиот тикер. Можеби најважното беше дека Supporter е исто така добра работа за поддршка на играта. Два месеца подоцна Supporter-от беше проширен со повеќе алатки за мечевите, изјави за печатот, лого на тимот, федерации и уште повеќе статистика.
Воведени се, не повеќе од 23 нови лиги: Океанија, Шпанија, Португалија, Полска, Романија, Чиле, Бразил, Турција, Колумбија, Перу, Кина, Уругвај, Венецуела, Канада, Русија, Тајланд, Шкотска, Ирска, Јапонија, Јужна Кореа, Египет, Индија и Јужна Африка.
Bob Sunesson-овите извонредни перформанси во Hattrick беа препознаени од страна на HFA (Hattrick Фудбалската Асоцијација) и тие го признаа како “миленик во клубот” - едно од првите Велигденски јајца во играта.
Сезона 12 (Февруари 4 2001)
Од оваа сезона тимот останува во истата лига, доколку не дојде до промоција во повисока или испаѓање од лигата, што не беше случај порано кога тимовите во лигите се одбираа по случаен пат.
Се појави убавата зелена маица Hattrick маица, која за прв пат можевте да ја купите во Hattrick продавницата.
4 нови лиги се приклучија во Hattrick светот: Норвешка, Данска, Финска и Холандија.
Сезона 11 (Октомври 15 2000)
По пауза од еден месец, Hattrick се враќа со комплетно нов дизајн и еден куп нови ликови. Сега Hattrick не е достапен само во Шведска, можно е да се игра и во Англија и дури седум нови лиги се отворени: Аргентина, Германија, Франција, Англија, Италија, Шпанија (што подоцна се претвори во Мексико) и Америка. Шведската лига е исто така проширена, овојпат на 10920 тимови, кои многу брзо се пополнуваа.
|
Варијантата на лого од Октомври 2000, која никогаш не беше искористена.
|
Покрај новите лиги, најголемата новост беше тоа што Hattrick беше постојано во живо, па дури и мечевите. Системот на рангирање е исто така нов, цели и половина ѕвезди и три нови вредности се појавуваат (светска класа, надприроден и божествен) кои ја прават бројката од 15 севкупно.
|
На крајот на сезоната младиот голман Bob Sunesson влегува во Hattrick светот како 22 годишен и подоцна станува најпознатата личност во играта и покрај тоа што неговата најдобра вештина беше лош на крило.
|
Сезона 10 (Јуни 4 2000)
Оваа сезона ке биде запамтена како последна, со стариот лик на Hattrick.
Сезона 9 (Февруари 13 2000)
Компанијата се префрлува по своја иницијатива од Passagen во Delphi форумот и се повеќе зајакнува. Подоцна пуштена е во употреба и првата страна со автоматски генерирани статистики HTSCB - Hattrick Central Bureau of Statistics.
Сезона 8 (Октомври 24 1999)
На почетокот на 2000 година, на крајот на сезоната, основана е компанија Extralives од страна на Hattrick. Веднаш е започнато со главни ажурирања. Sunne IK е тим кој за прв пат во историјата на Hattrick станува победник во две последователни сезони.
Сезона 7 (3ти јули 1999)
За прв пат е овозможено да одберете друга формација, освен 4-4-2 и овозможено е репозиционирање на вашите играчи. Во истиот период овозможени се и индивидуалните позиционирања на играчите, што ги овозможи тактиките од типот АОА-сите во напад, оптимистички и застарени типови на одбрана.
Сезона 6 (14ти март 1999)
Според историските книги, во оваа сезона практично ништо значајно не се случило.
Сезона 5 (15ти ноември 1998)
Иако нешто се случило и оваа сезона, сепак не било толку значајно за да влезе во историјата.
Сезона 4 (26ти јули 1998)
Оваа сезона е сезона на трансформации во тренинг системот. Голем број нови вештини се додадени и возможни за тренирање, а не само кондиција и удари од прекини.
Како резултат на новиот систем на тренирање, Per Emilsson е единствениот играч кој го достигнува врвот на рејтинг на еден играч "Светец" (што беше додадено како невозможно, а сепак се случи).
Поради ова, системот за рангирање е променет и до максималниот рејтинг е додаден знак на извикување во стилот на “*****”. По промените, комплетниот систем на рангирање изгледал вака: 0, H, HH, HHH, *, **, ***, ****, *****, *****!, *****!! и т.н.
Сезона 3 (5ти април 1998)
Hattrick се проширува на 1704 тимови, кога е додадена и IV дивизија. Оваа сезона е претставен и националниот куп, како и пријателските мечеви. Zakrock Rooch беше првиот шампион во купот.
Сезона 2 (23ти ноември 1997)
Hattrick се шири и го сочинуваат 680 тимови во четири дивизии (Allsvenskan, дивизија I, II и III) и се префрлуваат на Шведскиот портал passagen.se.
Отворениот трансфер пазар го започнува својот изглед (порано беше возможно да се наддаде за некој играч и доколку сопственикот на играчот го прифатеше твоето наддавање, играчот ќе беше ваш).
Одигран беше и првиот Меѓународен натпревар: Шведска-Данска 1-2. Данска беше клон на Шведска, но беше потребно неколку сезони за да Шведска се одмазди за овој пораз.
Сезона 1 (30ти август 1997)
Hattrick е роден 30ти Август 1997 година. Играта започнува само во Шведска и е составена од 16 тимови. Две тест лиги (А и Б) играат 7 кола. 4-4-2 е единствената формација за игра, а опции за тренинг се само Генерален, Кондиција и Удари од Прекини.
Страната се затвораше навечер во 00:30, со цел да се направат сите ажурирања, трансфери и одиграни натпревари. Кога страната ке се отвореше наутро, дури тогаш бевте во можност да ги видите резултатите од натпреварот.
|
Оргинално, носталгично лого.
|