Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Вовед

Во Hattrick секоја лига има своја Репрезентација и У21 репрезентација предводена од селектор.

Селекторот се избира од корисниците на таа земја преку гласање. Селекторите се на функција во времетрање од две сезони. Нови избори се одржуваат само доколку ибраниот селектор е спречен во исполнувањето на своите обврски од различни причини, а одлуката за тоа е дискреционо право на Администраторите на националните тимови.

Изборите треба да се фер. За да го обезбедиме тоа нашите Администратори за репрезентациите можат да дисквалификуваат кандидатите доколку превземаат активности кои им даваат нефер предност пред другите кандидати. Подетални информации за изборите можете да најдете во Прирачникот.

Овие правила се дел од додатокот на стандарднитеr Hattrick правила. Доколку нешто не е напоменато, важат стандардните правила.

Вие не можете да бидете селектор на две репрезентации или да бидете истовремено селектор на две У21 репрезентации, поради фактот дека може да се совпадне натпревар помеѓу двете репрезентации кои се под ваша контрола. Ова значи и дека ХФА нема да ви дозволи да се кандидирате за селектор на две земји во исто време, за време на изборите - ова се однесува и на водење кандидатура во една земја, завршување на истата и започнување на нова кандидатура во друга земја. Ова би можело да ве доведе до дисквалификација од понатамошните избори.

Додатните правила и важни информации се истакнуваат на националниот форум на селетори, кој е достапен само за селекторите на репрезентациите. За да се запознаат со правилата, потребно е да се најават на тој форум.

 
Server 071