Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Архива на системски информации

11-11-2015 Непланиран прекин ова утро

Поради проблемите што се јавија за време на тековното одржување на нашиот Центар на податоци, беше оневозможен пристапот до нашиот веб сајт ова утро. Во соработка со техничката поддршка на Центарот за податоци, работевме напорно за да го овозможиме пристапот до сајтот, и успеавме во тоа некаде пред пладне. Трансферите беа стопирани 20 минути после паѓањето на сајтот, па сега ги продолживме за 4 часа трансферите чиј рок истекуваше меѓу 09:34 и 12:45 по ХТ време.

Сеуште има проблеми на кои што се работи. Најважни во моментот се грешките во апликацијата, неможноста да се следат натпреварите во живо, а исто така и мобилните апликации не работат како што треба.

Исто би сакале да ве информираме дека, додека ги поправаме гореспоменатите проблеми, делот за младинците ќе биде недостапен, а очекуваме да го вратиме онлајн некаде во текот на оваа вечер.

Се извинуваме за сите непријатности кои што ги предизвика овој непланиран прекин.

 
Server 071