Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Архива на системски информации

2-10-2016 Прекин и ажурирање на трансферите

Вчера Hattrick беше во прекин неколку часа поради проблеми со нашиот Интернет Сервис Провајдер (ISP), кој почна некаде околу 18:30 и траеше некаде околу полноќ. Иако технички прекинот не беше по наша вина, се извинуваме за тоа а и особено ни е жал за одложувањето на натпреварите на учесниците во Supporter Week трофејот.

Она што не го направивме навреме вчера е тоа што не ги стопиравме трансферите, како што тоа обично го правиме кога има прекин, што значи дека многу наддавања завршија без продажба, резултирајќи со загуба на тимовите што продаваа играчи во тој период. Нашата политика во вакви случаи е да не ги компензираме загубите, затоа што немавме начин како да ги процениме и пресметаме. Но овојпат решивме да компензираме, затоа што сега имаме алгоритам што ги анализира цените на играчите на пазарот, и мислиме дека тоа ќе ни помогне да компензацијата што ќе ја направиме ќе биде фер спрема сите. Ги замолуваме менаџерите кои што имаа играчи на продажба во овој период да бидат трпеливи, бидејќи ќе ни одземе неколку дена пред било кој да добие пари.

Компензацијата ќе се однесува на играчи што имале наддавање во периодот на прекинот, и за играчите чие што наддавање завршило во периодот на прекинот. Од компензацијата се исклучени играчите со ниска цена (под 200 000 MKD).

Исто така работиме на решение кое што автоматски ќе ги суспендира трансферите кога Hattrick е во прекин. Додека оваа функционалност добро се искалибрира, може да забележите суспендирање на трансферите и при нормална работа на Hattrick, но се надеваме дека таквите случаи ќе бидат сведени на минимум и дека за брзо време ќе имаме стабилно сигурносно решение за ситуациите како вчера да не се повторат.

 
Server 070