Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Архива на системски информации

11-6-2018 Нов/стар дизајн и Foxtrick

Како што беше објаснато во статиите од пред неколку недели, денес го пуштивме во употреба новиот дизајн за вештините на играчите, и резултатите од трансфер пребарувањата. Овие се измени кои веруваме дека ќе го направат Hattrick подобар и ќе ни овозможат да го забрзаме развојниот процес во иднина, така што сега ќе имаме унифициран изглед на прикажување на поважните информации низ целиот сајт а и на мобилната апликација.

Доколку овој дизајн не ви се допаѓа, имате опција да останете на стариот дизајн. Одете на страната за Прилагодувања На Сајтот, и одберете ја опцијата „Користи ги старите страни“, и работите ќе си останат како што си беа порано.

Исто така треба да напоменеме дека доколку ја користите Foxtrick екстензијата и имате проблеми со новиот дизајн, ќе морате да ја превземете новата бета верзија на Foxtrick. Оваа нова верзија работи добро со новиот дизајн, и покрај малите багови кои сеуште треба да се допоправат. Стариот дизајн сеуште си работи перфектно и со старата верзија на Foxtrick.

 
Server 071