Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Архива на системски информации

8-26-2021 Промени во достигнувањата за НТ

Во системот за достигнувања го заменивме старото достигнување кога ќе бидете одбрани како Селектор со ново. Новото достигнување ќе бара од тренерите не само да бидат избрани туку и да бидат повторно избрани за да се добие ова достигнување. На овој начин, сакаме да ги обесхрабриме оние ловци на достигнувања од станување НТ тренери поради погрешни причини - на овој начин ги приморуваме да допринесат за својата заедница доколку сакаат повторно да бидат избрани. После одредена комуникација од заедниците, видовме дека ова е подобра солуција. Новото достигнување, "Нацијата е Позади Тебе", (коешто никој досега го нема добиено) ќе исчезне.

Достигнувањето доделено за успех со НТ, "Ловец на Национално Богатство", исто така ќе се промени. Ова ќе продолжи да постои, но ќе има вредност од 0 бодови во вкупниот збир. На овој начин, отстрануваме НТ достигнувања од бодовниот систем за да се осигураме дека ќе има здрави мотивации за сите што се инволвирани во Националните Тимови.

Се разбира, менаџерите кои сработиле добро во минатото во НТ сеуште ќе сакаат да се фалат со ова достигнување! Затоа успеавме да го рекреираме достигнувањето "Ловец на Национално Богатство" од претходните сезони, што значи дека го додадовме ова достигнување за сите менаџери кои успеале да стигнат барем до полуфинале во минатото.

 
Server 071