9-10-2021 Стара неконзистентност отстранета од вкупниот збир на искуство
Отстранивме стара неконзистентност од кодот што непотребно пресметуваше вкупно играчко искуство што тимот може да го постигне до 18.5 или "Високо Магично". Ова ни беше пријавено и претходно како недостаток, но бројките што беа прикажани секогаш биле коректните и вкупното играчко искуство не беше искористено за да се пресметаат настаните со играчите. Сега ова ограничување е отстрането што значи дека повисоко тимско искуство може да биде достигнато и ќе биде употребено во симулацијата на натпревари исто така.