Младински играчи

Промовирање во сениорскиот тим

Младинскиот играч мора да има најмалку 17 години и да е член на вашиот младински тим најмалку една сезона (112 дена) пред да можете да го промовирате. Не можете да промовирате младински играч доколку вашиот младински тим е со помалку од 11 играчи кои имаат право да играат натпревари. Исто така, не можете да промовирате играч ако веќе имате 50 играчи во тимот на вашиот сениорски тим. Штом играчот ќе наполни 19 години, тој нема да може да игра натпревари за вашиот младински тим. Немора да го напушти вашиот младински тим, но нема да можете да го видите на терените се додека не го промовирате во вашиот сениорски тим.

 
Server 071