Младински играчи
Младински Тим
Можете влечете нов играч секоја недела со испраќање на вашите скаути да најдат нов талент за сениорскиот тим. За секој скаут што ќе го вработите, секоја недела ќе се прикажува по еден перспективен играч. Сепак, може да се избере само еден.
Немате никакви опции за тоа каков играч ќе добиете, освен да бирате помеѓу голман или играч на теренот. Не сметајте на врвни играчи секоја недела.
Повеќето играчи кои скаутите ги препорачуваат нема да бидат соодветни ниту за резервниот тим. Ако имате еден или двајца млади играчи кои ќе ги промовирате во сениорскиот тим, треба да бидете задоволни - размислете како работите функционираат во реалноста!
Можете да ангажирате најмногу тројца скаути, на кои ќе им биде исплатена неделна плата. На секој скаут на вашиот платен список може да му се дадат инструкции што да прави. Вие избирате во кој регион во вашата земја ќе се бараат таленти и дали тие првенствено треба да бараат играчи за одредена позиција или каков било играч. Кога барате играч за одредена позиција, ќе најдете таленти кои подобро одговараат на она што ви треба, но може да пропуштите играчи кои имаат повеќе таленти во целина.
Можете да ангажирате и отпуштите дополнителни скаути по желба, но никогаш не можете да имате помалку од еден скаут.
Можете да регрутирате само еден млад играч неделно преку мрежата на скаути.
Информациите за активностите на вашиот младински тим може да се најдат во менито „Мој клуб“, под насловот „Младински тим“.