Младински играчи
Младински играчи
Можете да се стекнете со млади играчи за вашиот сениорски тим преку регрутирање на млади играчи. Ова можете да го сторите на два начина:
-
Наједноставниот начин е да се користи Мрежата на скаути. Со користење на мрежата, вие можете да ги упатите скаутите да бараат играчи кои тие мислат дека се погодни да веднаш да започнат да играат во вашиот сениорски тим.
-
Втората опција е да се започне младински тим. Наместо тоа, вашите извидници ќе бараат талент за овој тим. Ќе регрутирате помлади играчи на кои им треба повеќе време да се развијат. Со младински тим, можете да играте натпревари против други младински тимови во приватни или јавни лиги. Преку овие натпревари, ќе можете да го откриете вистинскиот потенцијал на вашите играчи, како и да ги тренирате пред да бидат подготвени за првиот тим.
Пронаоѓањето на играчи преку мрежата од скаути и нивната регрутација во сениорскиот тим е многу едноставен и ефикасен начин да се здобиете со млади играчи. Од друга страна водењето ја младинската школа претставува поголем предизвик, но истото може да доведе поголема придобивка.
Во двата системи, се потпирате на младински скаути кои ја одработуваат работата. Секој скаут ќе ви претстави по еден млад играч неделно. Ангажирањето повеќе скаути чини повеќе пари, но исто така ви дава повеќе млади играчи за избор. Можете да користите само еден систем во исто време. Мрежата на скаути стандардно поставена, но можете да започнете младински тим во секое време. Младинската академија е долгорочна посветеност бидејќи не можете да очекувате играчи за вашиот сениорски тим барем една сезона. Штом ќе започнете да управувате со младинскиот тим, нема да можете да промовирате играч веднаш. Сепак, доколку овој систем не ви се допаѓа, можете да го промените. Тоа го правите со затворање на вашиот младински тим. Внимавајте, бидејќи со ова ќе изгубите каков било напредок и сите играчи што ги имате во младинскиот тим.