Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Примери со автоматски понуди

Две автоматски понуди една контра друга

Кога два автоматски понудувачи се наддаваат еден со друг, тимот што ќе направи втора максимална понуда прво ќе ја зголеми моменталната понуда со минимален износ. Тогаш системот ќе ги спореди двете наддавања и веднаш ќе донесе одлука.

На пример: Тимот А има максимална понуда од 50.000 МКД и ја зголемува моменталната понуда за минималните 20.000 МКД. Тогаш Тимот Б прави понуда од 40.000 МКД. Историјата на понудите ќе изгледа вака:

Тим A - 20 000МКД
Тим Б - 21 000 МКД
Тим A - 41 000 МКД

Како што гледате, системот го прескокнува делот до моментот во кој Тимот А ја надминува максималната понуда на Тимот Б од 40.000.


Случај кога двата тима даваат иста максимална понуда

Во случај двата тима да имаат иста максимална понуда, предност добива оној кој прв ја дал понудата. Во конкретниот случај погоре, тоа би значело дека Тимот Б има максимална понуда од 50.000 исто како и Тимот А со што наддавањето би изгледало вака:

Тим А - 20 000
Тим Б - 21 000
Тим А - 50 000

Системот ги проверува двете понуди, го прескокнува делот на наддавањето се до решавачката, највисока понуда. И доколку е таа иста за двата заинтересирани тима, победува онаа која е прва поставена.


Во случај кога има рачна понуда која е идентична со активната максимална понуда

Ако некој постави рачна понуда со ист износ како веќе внесена максимална понуда, првиот понудувач (автоматскиот) ќе го изгуби наддавањето. Ова е така поради што рачните понуди имаат приоритет преку автоматските. Ова би изгледало вака:

Тим A – 20 000
Тим Б – 50 000


Во случај кога некој даде рачна понуда која е пониска од автоматската максимална понуда, но нејзиното максимално ниво е помало од потребните 2% минимално покачување

Овде повторно важи основното правило кое гласи дека рачниот наддавач добива предност пред автоматскиот наддавач. Користејќи го примерот од погоре, но овој пат да речеме дека тимот Б наддава 49.500. Тимот А нема да може да зголеми наддавање затоа што неговата максимална понуда е 50.000 и аукцијата ќе заврши со тимот Б како победник. Во историјата на наддавање ќе изгледа вака:

Тим A – 20 000
Тим А – 49 500


Врати се назад >>
 
Server 070