Натпревар: Удари од прекин и специјални настани

Во ова поглавје ќе се фокусираме врз два битни елементи од натпреварот: како се постигнува гол од прекин и како да се добие таканаречен “специјален настан“.

Удари од прекин

Некои од вашите напади ќе резултираат со шанса за удар од прекин, било како слободен удар или пенал.

Регуларен напад не може да создаде удар од корнер, корнерите можат да се случат како Специјален настан (видете подолу).

Исто како и во реалниот фудбал, умешноста во прекините може да биде од значителна важност во Хеттрик.

Директни удари од прекин

Ако вашиот тим добие слободен удар на добра точка, тој ќе му биде доверен на вашиот назначен изведувач на прекини (видете подолу).

Овој играч ќе ја тестира својата вештина директно против голманот, користејќи ја неговата умешност и искуство. Голманот ќе брани користејќи ја неговата вештина, голманска вештина и искуство.

Индиректни слободни удари

Околу една третина од вашите удари од прекин ќе бидат индиректни, односно од индиректни слободни удари, а ефектот ќе зависи од трудот на целиот тим.

За напад се зема во предвид (по важност):
Средната вредност на вештината на напад на играчите, без голман
Средната вредност на вештината на прекин на играчите, без голман
Вештината на изведување на прекин на назначениот играч за изведување на прекинот
Искуството на играчите исто така игра улога.

За да се одбраните од индиректен слободен удар важно е (подредено по важност):
Средна вредност на вештината одбрана на вашите играчи (без голман)
Средна вредност на вештината прекини на вашите играчи (без голман)
Вештината на гол и прекини на вашиот голман
Исто така и искуството на сите играчи.

Овие оценки се попознати како вашите рејтинзи за напад и одбрана на индиректни слободни удари.

Пенали и изведување на пенали

Во Хеттрик постојат два вида на ситуации со удар од единаесет метри, и тие функционираат на различен начин.

Регуларен удар од единаесет метри

Ако судијата досуди фаул за најстрога казна во текот на натпреварот, вашиот назначен изведувач на прекини (види подолу) ќе се ја превземе одговорноста. Следниве вештини и специјалности се важни:
За изведувачот на пенали: вештината на прекини и искуство
За голманот: вештината на прекини, на гол и искуството на играчот. Брз специјалитет.

Пенали по продолженија

Некои натпревари, како што се натпреварите од Купот или квалификациите, не можат да завршат нерешено. Доколку таков натпревар не се реши во регуларните деведесет минути и во продолженијата, ќе се пристапи кон изведување на пенали. Секоја екипа добива по пет пенали во почетната рунда. Доколку и после ова треба да се реши натпреварот, тимовите ќе добијат по еден пенал додека едниот тим не го надмине другиот.

При изведувањето на казнените удари по продолженија, моментумот е важен. Играчот кој постигнал пенал претходно на натпреварот ќе има бонус од 10%. Чуварите на мрежа кои одбраниле пенал претходно во натпреварот, вклучително и при дополнителните пенали, ќе добијат бонус од 10% за да го одбранат пеналот што следува. Овој моментум се губи кога серијата ќе се прекине.

Следниве вештини и специјалности се важни за време на изведување на пеналите:
За изведувачот на пенали: нивото на вештината од прекин, напад и искуство. Моментум бонусот, како што е опишан погоре, е важен, како и техничката специјалност.
За голманот: нивото на вештината на гол, бонус за моментум. Брз специјалност.

Избор на изведувач на прекини

Вашиот изведувач на прекини, во повеќето случаи, ќе биде одговорен и за пенали, директни слободни удари и удари од корнер во текот на натпреварот.

Ако не изберете играч за изведување на прекини издавањето на наредби за натпреварот, тренерот наместо тоа ќе го избере играчот со највисоко ниво на вештина од прекин за да ја заврши работата.

Ако вашиот избран играч е повреден, исклучен или заменет, друг играч ќе ја преземе неговата улога. Во оваа ситуација, ќе се користи првиот играч од редот на вашите изведувачи на пенали (видете подолу). Ако не сте именувале играчи за изведување на пенали, тренерот ќе избере играч за улогата.

За изведување пенали, списокот на изведувачи на удари од единаесет метри кој е наместен при издавањето на наредби за натпреварот станува важен. Се користи за однапред да се одлучи кој и по кој редослед ќе ги изведува пеналите. Доколку оваа листа не е поставена од ваша страна, тренерот ќе ги одбере играчите врз основа на нивоата на нивните вештини од прекин и напад.

Специјални настани

Освен базичните напади, во текот на натпреварот можете да добиете и таканаречен “специјален настан“. Специјалните настани зависат од атрибутите на вашите играчи, во прв ред од нивните специјалности, со што тоа и дава сосема поинаква димензија на составувањето на тимот и формирање на добар баланс на специјалностите на играчите.

Постојат два типа на специјални настани:

1. Базирани врз посед на топка Овие настани се под влијание на контролата на средината на теренот. Тимот кој има поголем посед на топката има поголема шанса за да ги добие истите.(Ако имате 55% посед на топката, имате 55% шанса вашиот тим да добие специјален настан)

2. Индивидуални специјални настани:Овие настани зависат од специјалностите на играчите и нивната позиција, без разлика од поседот на топката.

Со секој специјален настан кој ќе биде создаден во во мечот, се намалува шансата за да биде генериран уште еден специјален настан.

Индивидуални специјални настани

Овие настани зависат од специјалноста, вештините и позицијата на играчот. Екипата со повеќе играчи со одредена специјалност ќе има поголема шанса за создавање на индивидуален настан поврзан со таа специјалност.

Како дополнување на споменатото, играчот кој ќе добие шанса за реализација (често, но не секогаш, е истиот играч кој ја создал шансата) и најчесто му е потребно да има вештина напад за да даде гол од овие напади.

Непредвидлив играч ја користи својата вештина за додавање за да направи некој неочекуван и непредвидлив долг пас (доколку е голман, бек или одбрана), а неговата вештина во напад за да го прими тој пас (доколку е среден ред, крило или напаѓач). Нивната непредвидливост исто така може да креира шанса и за противникот. Доколку имате непредвидлив одбрамбен играч или непредвидлив плејмејкер со ниско ниво на вештина во одбрана, тој може да направи погрешно додавање кое може да резултира со неочекувана шанса за гол за противникот. Покрај тоа, непредвидливо крило или непредвидлив напаѓач со ниско ниво на додавање има голема шанса да направи хаос во сопствената одбрана, често резултирајќи со некаков несреќен автогол.

Брзи крилни играчи, играчи од среден ред или напаѓачи, со оваа специјалност можат да креираат шанса базирана на нивната брзина. Тоа може да биде спречено од противничката екипа со поставување на дефанзивен играч (централен одбранбен или крилен одбранбен) кој што е исто така брз. Исто така ќе добиете екстра ниво на тактиката контранапад за секој брз напаѓач, брз плејмејкер или брзо крило што ќе го имате поставено на теренот. Противникот може да го намали овој екстра ефект со поставување на брзи играчи како централни дефанзивци, бекови, голман или централни везни (само екстра ефектот ќе биде редуциран, не и иницијалното ниво на тактиката).

Техничар: крилата, плејмејкерите и напаѓачите со оваа специјалност, можат да креираат шанса доколку противничкиот голман, одбрамбен играч, или плејмејкер има специјалност за игра со глава (кој не мора да е на точната спротивна позиција). Уште повеќе, секој одбранбен и крилен бек Техничар, ја зголемуваат шансата за не-тактички контра напад по промашена шанса на противникот. Колку повеќе додавање имаат, толку е поголема шансата за контра напад.

Крило со значително високо ниво на вештина на крило може да креира шанса за свој соиграч, крило, играч на средниот ред или напаѓач. Ако тој играч има високо ниво на вештина во напад, можноста за гол се зголемува, а доколку специјалност му е играта со глава, голема е веројатност дека акцијата ќе заврши со гол.

Умор: уморните централни одбранбени играчи можат да направат грешки. Освен ако и противничкиот напаѓач не е исто така уморен, ова може да предизвика дополнителна шанса за противникот.

Други дополнителни настани за време на натпреварот

Има и други дополнителни настани кои може да се случат за време на натпреварот. Веројатноста да се случат овие настани не е освојување на средината на теренот, што значи дека шансата не се зголемува со зголемување на доминантноста на средината.

Контра-Напади:Иако не употребувате контра-напад тактика, постои мала шанса вашиот тим да стигне до таква шанса. Оваа "независна" тактика на контра-напад не бара да бидете послаб во поглед на средниот ред (што е спротивно од потребното за контра-напади). Погледни повеќе во поглавјето околу тактиките, за контра-напади.

Удари од далечина: Иако не користите тактика на удари од далечина, сепак постои мала шанса вашиот тим да добие таква шанса. Прочитајте во поглавјето тактики за тактиката удари од далечина.

Моќните Играчи за врска, ако се поставени дефанзивно може да се фокусираат на разбивање на нападите на противникот и освојување на топката. Ако успеат во пресингот, шансата на противникот се анулира. За да бидат успешни во ова, потребна им е добра кондиција и високо ниво во Одбрана.

Моќните напаѓачи, ако играат нормално можат со помош на својата сила да се постават на вистинска позиција за да создадат повторна шанса по промашена нормална шанса. За да го направат тоа ќе им треба високо ниво во Напад и Креирање игра. Бидете предупредени дека ваквата агресивна игра може да резултира и со жолт картон; сепак ако играчот веќе е пожолтен, ќе игра повнимателно во вакви ситуации.

Можно е да искустите пенали поради пренатрупаност ако на теренот поставите два или три играли со иста комбинација на специјалност и позиција, конкретно во следните типови: технички повлечен напаѓач, моќен нормален напаѓач и моќен дефанзивен играч за врска. Ако имате два играчи од ист тип секој ќе има помал придонес кон тимските рејтинзи (4%). Ако имате три играчи, пеналите се поголеми (7.5%).

Временски услови и Специјалности

Одредени специјалности повеќе одговараат со одредени временски прилики. Ефектот на перформансот на сите играчи под специфични временски прилики се рефлектира веднаш по започнувањето на мечот.

Техничар добива 5% на сите вештини на сонце, но исто така губи 5% на сите вештини на дожд.

Моќен играч добива 5% од вештините на дожд, а губи 5% од вештините на сонце.

Брз играч губи 5% од вештините на дожд и на сонце.

Доколку се случи временски настан, тоа ќе биде споменато во извештајот од натпреварот, а истото на крајот ќе можете да го забележите во бројот на ѕвездички по натпреварот.

Специјални настани поврзани со посед на топка

Овие настани зависат од рејтинзите на средината на теренот. Тимот со подобра контрола на средината има повеќе шанси да создаде ваков настан.

Специјален настан од корнер

Ударите од корнер се третираат како тимски специјален настан. Вашиот назначен изведувач на прекини ја превзема одговорноста.

За да постигнете гол од удар од корнер, можете да ги подобрите вашите шанси со тоа што како изведувач ќе имате играч со висока вештина на прекини и со висок офанзивен рејтинг на индиректни удари наспроти дефанзивниот рејтинг на противникот.

Постојат два вида удари од аголот. Во една од нив, колку е поголем бројот на играчи со специјалност игра со глава во вашиот тим (не се брои вашиот изведувач на прекини), и колку е помал бројот на истите кај вашиот противник, толку се поголеми вашите шанси за гол. Ако немате такви играчи, ќе бидете многу слаби во одбраната од корнери и многу слаби во постигнувањето гол од корнери.

Во другиот, шансата за гол ќе зависи од нивото на вештината напад на играчот што ќе ја прими топката. Забележете дека корнерите може да доведат до жолт картон за офанзивниот тим, но ако вашиот играч веќе е картониран, тој ќе биде дополнително внимателен, па ризикот од втор жолт е помал отколку што инаку би бил.

Искуство: искусните напаѓачи можат да постигнат гол користејќи го нивното искуство. Неискусните централни одбранбени играчи и бекови можат да им дадат дополнителна шанса на противниците.

 
Server 072