Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Турнири

Турнирите се алтернативна варијанта на натпревари за Hattrick тимовите. Можете да се приклучите на некој турнир или да учествувате во скалилата и да станете "крал на светот".

Покрај учеството на тимот на некој турнир, истиот регуларно може да си ги одигрува неделните пријателски натпревари.

Сопствени турнири

За да креирате Турнир мора да сте Gold, Platinium или Diamond Supporter. Креаторот го определува форматот, името и деталите и доставува покани до други тимови. Gold и Platinium Supporter-ите може да играат бесплатно на еден турнир, а останатите треба да купат Кредити. Другите може да се приклучат и преку Hattrick Gears. Diamond Supporter-ите можат исто така да учествуваат на еден Обичен турнир, но и на 10 други Напредни турнири истовремено, и за тоа нема да мора да користат кредити за учество во турнирите.

Кога турнирот е пополнет, ќе започне автоматски и ќе се креира форум за него. Ако се работи за обичен турнир и не е пополнет 72 часа пред почетокот на првиот меч, почетната дата ќе се помести за една недела. Ако се работи за напреден турнир, тој се одложува за 24 часа.

Обичните турнирските мечеви се играат еднаш неделно, односно во понеделник. Напредните турнири може да се играат во секое време од неделата.

Турнирски мечеви (Скалила и останати)

Мечевите се играат на неутрален терен и не добивате финансии од посетителите.

Сите турнирски мечеви ја користат истата шема како и останатите натпревари. Односно, моментното ниво на форма, вештини, искуство, здравствен статус во времето на натпреварот ги одредуваат вашите рејтинзи. Постојат два исклучоци: тимскиот дух и самодоверба се поставени како фиксни вредности и добиените картони функционираат поинаку. Деталите се подолу.

Без ефекти по мечот

Турнирските мечеви немаат никаков ефект врз вашиот тим или играчите по неговото завршување. Тоа значи дека играчите не добиваат тренинг или искуство, ниту пак мечот има влијание врз искуството на формацијата, тимскиот дух или самодовербата.

Детали

Сите детали кои треба да ги знаете за турнирските мечеви се наведени тука:

  • Тимски дух: Тимскиот дух е поставен на фиксно ниво (спокојни) за сите турнирски натпревари.
  • Самодоверба: Самодовербата е фиксирана на ниво “воодушевени“ за сите турнирски натпревари
  • Повреди: На турниските мечеви не се случуваат повреди, но играч кој е повреден во нормалните Hattrick натпревари не може да игра на турнирскиот меч.
  • Картони: Турнирите имаат свој сопствен систем на картони. Така што секој картон важи само за турнирот, а не за нормалните Hattrick мечеви и обратно. Односно, играч кој добил црвен картон на нормален Hattrick меч ќе може да игра на турнирот.
  • Картони (Скалила): Картоните воопшто не се сметаат во мечевите од Скалилата.
  • Тренинг: Играчите не добиваат тренинг на турнирските мечеви.
  • Искуство: Играчите не добиваат искуство од турнирските мечеви.
  • Формации: Вашето актуелно ниво на искуство на формација за нормалните Hattrick мечеви важи и за турнирските мечеви. Исто така не добивате искуство на формација од играње на турнирски мечеви.

Турнирски скалила

Во Скалилата целта е да стигнете до највисок ранг и да станете “Крал на ридот“. А потоа да останете на таа позиција колку што можете подолго. За да се искачите до врвот потребно е да ги предизвикувате другите екипи кои се над вас на скалилата и ако ги победите ќе го завземете нивното место.

Правила за предизвикување

Вашата сегашна позиција на Скалилата влијае врз тоа кои тимови можете да ги предизвикате.

  • Поз 2-5: Може да го предизвикаат само тимот кој е директно пред нив.
  • Поз 6-11: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-2 места пред нив, но не повисоко од позиција 5.
  • Поз 12-18: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-3 места пред нив, но не повисоко од позиција 10.
  • Поз 19-39: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-5 места пред нив, но не повисоко од позиција 16.
  • Поз 40-63: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-7 места пред нив, но не повисоко од позиција 35.
  • Поз 64-99: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-10 места пред нив, но не повисоко од позиција 57.
  • Поз 100-129: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-15 места пред нив, но не повисоко од позиција 90.
  • Поз 130-169: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-25 места пред нив, но не повисоко од позиција 115.
  • Поз 170-199: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-35 места пред нив, но не повисоко од позиција 145.
  • Поз 200-249: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-50 места пред нив, но не повисоко од позиција 165.
  • Поз 250-599: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-75 места пред нив, но не повисоко од позиција 200.
  • Поз 600-1099: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-100 места пред нив, но не повисоко од позиција 525.
  • Поз 1100-2499: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-250 места пред нив, но не повисоко од позиција 1000.
  • Поз 2500-5499: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-500 места пред нив, но не повисоко од позиција 2250.
  • Поз 5500+: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-1000 места пред нив, но не повисоко од позиција 5000.

Предизвикувачот плаќа за натпреварот и предизвиканите тимови автоматски го прифаќаат предизвикот. Натпреварот се игра 24 часа откако сте го направиле предизвикот. Ако предизвикувачот победи, потрошените Кредити се враќаат назад.

Промена на позицијата по натпреварот

Ако го победите тимот кој сте го предизвикале, го завземате неговото место на Скалилата. Губитникот се спушта за едно место надолу (исто како и сите други тимови кои биле на позициите помеѓу двата тима пред натпреварот)

Пример: Тимот А е на позицијата 54 и го предизвикува тимот Б кој е на 47-та позиција. Ако А победи, А ќе биде 47-ми, а Б 48-ми. Исто така, тимот кој бил 48-ми, станува 49-ти, оној од 49-то место станува 50-ти, итн.

Ако предизвикувачот загуби, двата тима си остануваат на истите места на Скалилата.

Воздржување од предизвици

По мечот за кој сте биле предизвикан, другите тимови не може да ве предизвикаат во период од 12 часа (од почетокот на мечот). Ова ви дава можност вие самите да пратите предизвик и да се обидете да се искачите на Скалилата.

По мечот во кој вие сте биле предизвикувач, не можете да испратите друг предизвик во период од 12 часа (од почетокот на мечот). Ова им дава можност на другите тимови да ве предизвикаат. Со ова се оневозможува бројот 2 веднаш да го предизвикува бројот 1 со што бројот 3 никогаш не би добил шанса да го направи тоа.

 
 
Server 081