Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Вовед

Ова е прирачник за Hattrick. За брзо запознавање со играта одете на водичот за почетници.

Hattrick е игра во која вашиот виртуален фудбалски тим можете да го водите по патиштата на славата во конкуренција со играчи од целиот свет.

Hattrick е едноставна игра со лесно разбирливи базични правила. Можете да играте дури и доколку се логирате еднаш до два пати неделно (секако очекуваме и се надеваме дека тоа ќе го правите почесто). Предизвикот не е да ја научите играта до перфекција, предизвикот лежи во натпреварувањето со другите менаџери. Низ тој натпревар можете да запознаете многу нови пријатели ширум светот што на Hattrick му дава социјална димензија.

Вашите главни задачи

Вашата улога е двојна - истовремено сте менаџер и сопственик на клубот. Ја планирате тактиката и стратегијата, одлучувате што ќе тренирате, кои играчи ќе играат. Купувате и продавате играчи, инвестирате во вашиот стадион и уште многу други работи. За да се биде успешен, еден од најдобрите совети и да направите добра стратегија и долгорочен план за развој на клубот. Успехот и славата не се доаѓаат преку ноќ ниту во реалниот живот.

Вашиот тим

Кога ќе го превземете управувањето со вашиот тим тој ќе го почне натпреварувањето од најниските лиги во натпреварувачкиот систем на Hattrick. За почеток добивате одреден број на играчи (некои од нив се малку подобри, некои малку полоши), стадион и одредена сума на пари. Потоа доаѓа времето кога треба да го покажете вашето знаење да управувате со клубот.

Немојте да се грижите доколку се премислите за името на клубот. Секогаш можете да го промените во периодот на меѓусезоната, но сепак тоа ќе ве чини 10 000 US$ и дел од навивачите ќе го напуштат клубот.

Региони и време

Вашиот тим припаѓа на одреден регион кој вие сте го одбрале на почеток на регистрацијата. Можете лесно да проверите кои други играчи и менаџери се во вашиот регион. Уште една битна функција на регионот е дека секој од нив си има своја временска ситуација (сонце, дожд, облачно време). Времето се менува од ден во ден, некогаш тоа ќе ви одговара, некогаш не, но сите региони имаат еднакви шанси и за добро и за лошо време, така што не морате да се грижите за тоа кога ќе го одбирате вашиот регион.

Временската состојба има влијание на неколку работи, најважните се посетеноста на натпреварот (Доколку врне, на стадион ќе дојдат помалку гледачи) и перформансот на играчите. На страната “Региони“ можете да видите какво е времето за тој ден и каква е прогнозата за утре. Ако денеска е сончево, веројатноста е голема и утре да се задржи истото време, така што временската прогноза не е сосема базирана врз случаен избор.

Ако сакате да го промените вашиот регион, тоа можете да го направите помеѓу две сезони. Тоа ќе ве чини 10 000 US$ и ќе загубите 3% од вашите навивачи.

Добар совет - пари вреди

Најдобриот совет што можеме да ви го дадеме за почеток е - добро прочитајте го ова упатство. Не мора се да читате одеднаш, добро би било за почеток да ги прочитате првите неколку поглавја кои ќе ви дадат генерална слика што треба да правите. Исто така, доколку имате некои прашања, можете слободно да ги користите форумите. Во нив постојат делови специјално посветени за поставување на прашања.

Постои само една работа на која инсистираме: за максимално да уживате во Hattrick и вие и останатите постојат некои едноставни правила на однесување кои можете да ги прочитате на следниов линк.

Играчи: Вештини

Секој играч има 8 вештини, но има и додатни фактори кои влијаат на особините на играчот во различни ситуации. Да ги погледнеме вештините:
Кондиција: Одлучува колкав дел од неговата игра играчот ќе загуби до крајот на натпреварот.
Креирање игра: Способноста да ја контролира топката и да ја претвори во шанса за гол.
Напад: Топката треба да влезе во гол.
Крило: Способноста да заврши напад кој доаѓа од страничните позиции.
Голман: Топката не треба да влезе во сопствената мрежа.
Додавање: Играчите кои знаат да одиграат на добро додадавање се голема помош во нападот во тимот.
Одбрана: Способноста да се спречат нападите на противникот.
Од прекин: Резлутатот од слободните удари и пенали зависи од тоа колку е вешт изведувачот.

Колку е добар твојот играч?

Во вистинскиот живот обично велиме дека овој играч е “доста добро крило“ или “навистина добар одбрамбен играч“ кога ќе го видите како игра. Во Hattrick, го правиме истото за да опишеме колку е играчот навистина добар во некоја од вештините. За таа цел ги користиме деноминациите (не само за играчите), и тие се движат од “непостоечки“ што е “нула“ до “божествен“ што има вредност 20. Целата скала на деноминациите можете да ја видите во додатокот.

На различни играчи им се потребребни различни вештини

Сите играчи не треба да се добри во сите вештини, но кондицијата е важна за сите.  Некогаш е доволно добро ако играчот е добар само во една вештина (освен кондиција), но вие ќе добиете најмногу од вашиот играч доколку е добар во повеќе вештини.  Кои вештини (освен кондицијата) се потребни за играчот, ќе зависи од позицијата која ќе ја игра:

Голмани:

Вештината на гол е важна само за голманите. Исто така важни вештини се одбраната, како и ударите од прекин кои се од голема корист при изведување на пеналите.

Централни одбрамбени:

Одбрамбените играчи треба да поседуваат голема вештина во одбрана. Креирањето на играта и додавањето придонесуваат во неговата игра посебно ако играте тактика контра-напад.

Бекови:

Одбраната е најважна, но имаат и голема придобивка од вештината на крило. Даваат мал придонес преку вештината во креирање игра, додека додавањето помага при контра-нападите.

Играчи за врска:

Да се има одличен играч за врска во средината е една од најважните елементи за успешен тим. Тие имаат огромна корист од вештините додавање и одбрана како и вештината напад.

Крила:

Добро е да поседуваат висока вештина на крило, а исто така и креирање игра. Добро ги користат и вештините во додавање и одбрана.

Напаѓачи:

Нивната цел е да даваат голови и нападот е нивната главна вештина. Додавањето и вештината на крило е важно во нивниот придонес како и креирањето игра.

Промени во вештините

Вештините полека се менуваат со тек на време. Сите вештини се подобруваат се додека играчот е во тимот, но како што стареат, играчите почнуваат да губат дел од вештините со текот на времето. За сите промени во вештините можете да прочитате во делот за тренинг.

Играчи: други атрибути

Возраст

Возраста на играчите може да се види на индивидуалната страна на секој играч. Една Hattrick година трае 112 дена, што значи дека возраста на сите играчи е одреден број на години и од 0 до 111 дена.

Карактер

Сите играчи имаат свој карактер. Можат да бидат подмолни, лидери или индивидуалци, темпераментни или мирни. Во моментов, нивниот личен карактер нема големо влијание врз натпреварот, но на пример, умно е да за капитен поставите играч во високи лидерски способности. Повеќе информации поврзани со влијанието на карактерот врз играта ќе најдете во делот за психологија.

Искуство

Играчите кои играле голем број важни натпревари добиваат повеќе искуство, а тоа искуство им помага во самиот натпревар на разни начини. Искусниот играч влијае врз дали од одредени специјални настани ќе се даде гол или не или да му помогне на тимот да не му се случи конфузија во текот на натпреварот. Искуството е посебна вредност која не е поврзана со нивото на вештина на играчите. Секој одигран натпревар, во зависност од каков тип е, додава помалку на акумулираната вредност на искуството. Севкупно, играчот треба да дојде до 100 поени од искуство за да крене ниво. Поените од секој меч се согласно табелата подолу.

Тип на натпревар Поени од Искуство
Лигашки натпревар 3.5
Квалификационен натпревар 7
Натпревари од Главниот Куп 7
Натпревари од Секундарниот Куп 1.75
Тренинг натпревар 0.35
Меѓународни пријателски 0.7
Натпревар од ХТ Мастерс Серијата 17.5
Натпревар од Младинска Лига 3.5
Пријателски Натпревар за Младинци 0.35
(Стар) натпревар од Светски Куп 35
(Стар) Финален натпревар од Светски Куп 70
(Стар) Пријателски натпревар на Национален Тим 7
Натпревар од Светскиот Куп 28
Светски Куп (Полуфинале и Финале) 56
Светски Куп (Вајлд-Карта) 14
Континентални Шампионати 14
Континентални Шампионати (Четвртфинале, Полуфинале и Финале) 21
Куп на Нации 7
Куп на Нации (Елеминациона Фаза) 14
Пријателски Натпревар за Националниот Тим 3.5

Лојалност

Играчот со висока лојалност кон клубот игра подобро на теренот. Лојалноста се зголемува со времето минато во клубот.

Постојат два типа на лојалност:

Бонус за лојалност

За секој последователен ден минат во клубот, лојалноста на играчот се зголемува помалку. Колку е полојален, толку подобро игра.

Лојалноста побрзо расте на почетокот, а потоа нејзиниот раст се успорува со текот на времето. Максимумот на лојалност се достигнува за три сезони, но половина од максимумот се достигнува по 12 недели.

Максимум бонус: +1 ниво за сите вештини (без кондиција).

На пример: Марјан Јовановски е солиден во креирање игра и преоден во одбрана, а го има достигнато максималното ниво на лојалност - односно “божествен“. Тогаш тој на теренот ќе игра како да има ниво одличен во креирање игра и ниво солиден во одбрана. (ова ќе биде видливо и по бројот на ѕвезди во неговиот рејтинг по натпреварот).

Кога играчот ќе го достигне нивото “божествен“ во лојалноста, тој ќе го добива целиот бонус. Вашите матични играчи ќе го имаат тоа ниво на лојалност веднаш по промоцијата во првиот тим.

Имајте во предвид дека играчот ја губи целата лојалност кога ќе биде продаден на друг клуб. Дури и да го купите назад, неговата лојалност ќе стартува од почетно ниво.

Бонус за матичен клуб

Играчите кои играат за нивниот матичен клуб, односно оние кои потекнуваат од младинската школа и целата кариера ја минале во истиот клуб, добиваат екстра бонус бидејќи играат за клубот во кој се промовирале и за кој се поемотивно поврзани.

Бонус: +0.5 на сите вештини (без кондиција).

Играчите кои играат за нивниот матичен клуб во целата кариера се означени со дополнително иконче кога ќе се отвори нивната страна. Имајте во предвид дека ако тие играчи бидат продадени, па повторно купени, го губат бонусот за матичен клуб.

Добивање на двата бонуси

Сосема е легално играчот да ги добива двата типа на бонус. Кога ќе промовирате играч од младинската школа (без разлика кој систем на младинци го користите) во сениорскиот тим, тој ќе добие +1.5 бонус на сите вештини (без кондиција), се додека не го продадете.

Вкупен индекс на вештини (TSI)

Вкупниот индекс на вештини (TSI) е мерка која означува колку играчот е вешт во глобала. TSI се покачува со тренинг, но може и да се зголеми или намали со варирањето на формата.

Форма

Колку што играчот е во подобра форма, толку подобро игра. Таа нема врска со физичката подготвеност, ниту пак со тоа колку играчот е добро трениран. Формата во Hattrick рефлектира комбинација од фактори кои придонесуваат, или го назадуваат играчот од достигнување на неговиот целосен потенцијал - на пример, каква му е состојбата во неговиот приватен живот во моментот.

На индивидуалната страна на играчот можете да ја видите неговата моментна форма. Таа се однесува на натпреварите. На пример, “одличен“ играч во “очајна“ форма ќе биде полош на теренот од “преоден“ играч со чија форма е “солиден“. Врз моментната форма негативен ефект има процентот на тренинг на кондиција, колку што е тој повисок, толку е и негативниот ефект поголем.

Дополнително, постои таканаречена “скриена позадинска форма“ која се користи за да ја одреди тенденцијата во кој правец ќе се движи формата на играчот. Секоја недела, за време на тренингот, доколку формата на играчот се промени, таа се движи во правец на позадинската форма. Моментната форма не се менува веднаш во правец на позадинската форма. Таа се движи чекор по чекор неколку недели, со тоа што колку е подалеку од позадинската форма толку и чекорите ќе бидат поголеми.

Откако моментната форма ќе се смени за време на тренингот, постои шанса позадинската форма да се смени за секој играч. Со тоа што за секого од нив постои веројатност неговата позадинска форма да се смени, а вие не можете да влијаете врз тоа. Постојат неколку фактори кои влијаат врз промената на позадинската форма. Тие се:

  • Дали играчот настапил на некој меч во текот на неделата. Ова е многу важно!
  • Интензитет на тренинг - колку е поголем толку е и формата подобра
  • Вештината на вашиот тренер - колку е таа подобра, толку повеќе влијае позитивно врз формата
  • Тренер за форма - овој член на персоналот ја подобрува формата.
  • Асистенти на тренерот - тие исто така помагаат да се одржува формата

Специјалности

Половина од играчите имаат карактеристики наречени “специјалности“ кои имаат влијание врз натпреварот. Секој играч кој има специјалност добива бонус од 10% на платата.

Постојат 5 различни вида на специјалности: “Техничар“, “Брз“, “Игра со глава“, “Моќен“ и “Непредвидлив“. Секоја главна специјалност има своја добра и лоша страна која е објаснета во главата за Специјални настани. Специјалностите можат да бидат корисни за различни типови на тактики, а тоа е објаснето во главата за Тактика.

Постојат две ретки специјалности: Робусен и Столб на Тимот. Играчот со специјалност Робусен имаат моќ да се опоравуваат од повредите побрзо од останатите играчи и можат да издржат натпревар со мала повреда. Играчи кои се Столб на Тимот пробуваат да им помогнат на играчи кои се блиску до нив на теренот што може да доведе до подобри перформанси, но исто така, ако не успеат, може да го намалат нивото на организираност за целиот тим.

Повреди

Понекогаш играчите се повредуваат. Во тој случај, повредата, освен ако е многу лесна, ќе ги премести играчите од теренот во клупската амбуланта. Ризикот од повреди се зголемува со зголемувањето на интензитетот на тренингот или со бројот на ангажирани Помошници тренери.

На постарите играчи им треба подолго време за да заздрават, а ангажирањето на доктор помага тој процес да се заврши побрзо. Играчите блиску до 40 - тата година многу тешко заздравуваат. Секако, запаметете, времето кое е потребно за заздравување и кое се појавува кога играчот ќе се повреди - е само претпоставка - што значи дека ако вашиот најдобар стрелец се повреди на една недела, ќе заздрави за најмногу 7 дена.

Жолти и црвени картони

Играчите може да добијат жолт или црвен картон за време на натпреварот. Кај оние со поголема агресивност (посебно со низок степен на чесност и пониско искуство) тоа се случува почесто. Два жолти картони во еден меч значат автоматски црвен картон. Тоа воедно значи дека играчот нема право на настап на следниот првенствен натпревар. Играчот го губи правото на настап на следниот меч и доколку добие 3 жолти картони во различни натпревари (не се важат пријателските мечеви) во текот на сезоната. Жолтите картони од лигашките мечеви, купот или квалификациите се важат еднакво. Ако играчот добил два жолти картони во претходните лигашки мечеви и на следниот добие трет, тој ќе биде суспендиран од следниот компетитивен меч без разлика дали е лигашки, куп или квалификациски.

Корисно е да ја проверите дисциплинската состојба на своите играчи пред мечот. Доколку вашиот играч бил исклучен на претнодниот меч или веќе собрал три жолти картони до неговото име ќе се појави црвен картон како знак дека тој е суспендиран за идниот меч. Знакот за суспендиран играч се брише откако тој ќе ја одлежи казната, односно откако компетитивниот меч ќе биде одигран. Исто така, картоните се бришат на крајот од сезоната. Трансферите не влијаат врз нивните казни. Картоните добиени на пријателските мечеви не се бројат.

Постава: основи

Како менаџер на вашиот тим, самите одлучувате како тимот ќе игра и во која формација ќе истрча на теренот. Пред секој меч ја верификувате својата одлука преку потврдување на избраната формација на листата на натпревари. Вашите наредби за конкретниот меч мораат да бидат потврдени најмалку 20 минути пред почетокот на истиот, но имајте во предвид дека вашиот часовник можеби не е ист со оној на судијата, па најдобро е да го одбегнувате давањето наредби во последен момент. Исто така, можете да наместите и таканаречена “стандардна постава“ (која ви препорачуваме да ја направите чисто од “не дај боже“ причини). Тоа значи дека таа ќе биде поставата што ќе истрча на теренот доколку не наместите и не потврдите друга. Таа опција се наоѓа во делот во кој го местите тимот пред секој меч.

Почетна постава и измени

За секој меч треба да одберете 11 играчи кои ќе настапат, резервите, изведувач на ударите од прекин и капитен на тимот. Кај другите формации тоа не можете да го сторите со репозиционираниот играч.

Ако некој од вашите играчи се повреди, на негово место ќе влезе резервата за таа позиција. Доколку не сте назначиле резерва за таа позиција, ако резервата е веќе искористена за претходна повреда или самата резерва се повреди подоцна во мечот, една од останатите замени автоматски ќе биде селектирана за да влезе во игра. Ако немате резерви на располагање или истите веќе влегле во игра, мечот ќе го продолжите со 10 играчи. Ако ви се повреди голманот, а вие сте ги потрошиле измените или не сте назначиле резервен голман, еден од играчите на теренот ќе се премести на голманската позиција. Истотака можете да поставите и условни измени. За повеќе информации погледнете го поглавјето за измените.

Службено решен меч

Запаметете дека на лигашки или куп натпревар морате да истрчате на теренот со минимум 9 играчи.

Доколку вашата стартна постава се состои со помалку од 9 играчи, но имате останати играчи во вашиот состав, функционерите од клубот ќе превземат мерки и ќе издадат состав за натпреварот. Ако дојде до ваква мерка, истото ќе доведе до намалување на тимскиот дух, формата, самодовербата и искуството на формациите на вашиот тим, споредено со поставување на нормално издадени наредби од ваша страна. Како придобивка за вас, играчите ќе добијат тренинг за одиграниот натпревар.

Доколку нема доволно играчи во составот на тимот, вашиот тим ќе изгуби со службен резултат. Со ова вашиот тим ќе биде казнет како што беше објаснето погоре, и дополнително играчите нема да можат да добијат тренинг, но само од натпреварот кој не се одиграл. Во случај на walk-over, ефектот на тренингот ќе биде исто така загубен.

Ако на теренот не истрчаат најмалку 9 играчи во некомпетитивен или меч од младинските категории, во тој случај, група деца од маалото ќе ги пополнат упразнетите места. За разлика од првенствен натпревар, во наведениот случај, нема да има негативен тренинг ефект врз играчите.

Избор на формација

Можете да играте со било која формација која е приложена во интерфејсот. На страната за тренинг е прикажана целата листа на возможни формации.

Добро е да знаете дека, доколку повеќе од еден играч играат на централна позиција (централен одбрамбен, играч од средината или напаѓач), истите нема да имаат максимален придонес кон вкупниот тимски рејтинг. Овој учинот е уште поголем кога станува збор за три играчи, во споредба со два. Логиката која стои зад ова е дека, се додека повеќе од два играча играат на иста позиција, тие почнуваат да се потпираат еден на друг, со што не се во состојба да придонесат со полн капацитет.

Еден играч на централна позиција придонесува 100%. Поставување на двајца играчи на централни позиции значи загуба на придонесот (се однесува на двајцата играчи), а поставување на тројца значи уште поголема загуба (се однесува на тројцата играчи).

Загубата на придонесот е поголема за играчите од средината отколку за напаѓачите, и е поголема за напаѓачите во однос на одбрамбените играчи. Поточно, загубата кај играчите од средината е околу два пати поголема отколку кај одбрамбените, а за напаѓачите оваа вредност се наоѓа некаде на средина помеѓу претходните две.

Тактика и однесување на тимот

Во страната за поставување на тимот, можете да поставите и како вашиот тим да се однесува на теренот на конкретниот меч. Варијантите се објаснети во поглавјето Меч: Тактика и во Психологија

Маркер наредба

Со маркирање, еден од вашите играли има задача да го неутрализира посочениот противнички играч. Маркирањето си носи свои ризици, затоа употребувајте го внимателно - но со добар тајминг и вистинскиот играч, може да биде ефикасен начин за зголемување на шансите за победа.

Како функционира? Во основа му издавате наредба на еден од играчите да му биде сенка на еден од противничките играчи со цел да ја опструира неговата игра. Ако маркираниот играч е на теренот, наредбата влегува во сила по 5 минути и вашиот играч ќе придонесува кон вашите рејтинзи 50% помалку доколку е блиску до противникот и 65% помалку ако играчот е поставен подалеку. Предноста за вашиот тим е дека во најдобар случај и доприносот на маркираниот играч ќе се намали. Ова зависи од тоа колку е добар како маркер вашиот играч. Целта е да се најдат ситуации кога маркирањето се исплати, и да се избегнат кога загубата во рејтинзи е поголема.

Играч кој ќе добие инструкции да маркира играч не може да добие други инструкции: Ова значи дека било која друга наредба на маркерот, офанзивно, дефанзивно, кон крило или кон средина се анулире со издавање наредба за маркирање.

Можете да издадете најмногу една наредба за маркирање и тоа на играч кој игра како Централен Одбранбен, Крилен Одбранбен или Играч за Врска, а цел на маркирањето може да биде играч Напаѓач, Крило или Играч за Врска во противничкиот тим. Ако играчот кој е маркиран не излезе на теренот или игра на позиција која не може да се маркира, наредбата се укинува, но вашиот играч сепак ќе има намален допринос за 10%. Но, наредбата може да стане активна подоцна во натпреварот доколку маркираниот играч влезе во игра или се премести на позиција која може да се маркира.

Кога е активна наредбата за маркирање, играчот маркер не придонесува кон севкупната вештина на тимската тактика (како Пресинг или Контранапади). Меѓутоа, ќе придонесува кон тимската тактика ако не маркирањето не е активно, со пенали од 10% како што е објасенот погоре.

Најважна вештина за маркирањето играч е одбраната. Се споредува со највисоката вештина на играчот кој е маркиран. Од оваа споредба зависи и нивото на намален придонес кај маркираниот играч. Моќните играчи добиваат бонус (10%) на нивото на одбрана при оваа калкулација, а играчи без специјалност добиваат помал бонус (5%). За маркираните играчи, кога се Техничари губат одредено ниво на највисоката вештина (-8%) при калкулацијата, додека Непредвидливите играчи добиваат бонус (+8%). Форма, кондиција, искуство, лојалност и играчи од академијата израснати во клубот се важни кај двата играчи маркер и маркиран. Сите овие бонуси и пенали се важни само за пресметката на ефектот на маркирање, не и за регуларните рејтинзи.

Сите пенали за маркирање играч се однесуваат на сите вештини освен На гол и Од прекин. Пеналите за маркираниот играл исто така не се однесуваат на неговата вештина во Одбрана.

Индивидуални наредби

На сите играчи на теренот можете да им дадете индивидуални наредби. На пример, можете да му наредите на еден од вашите играчи за врска да игра - дефанзивно. Тоа значи дека тој сè уште е играч за врска, но повеќе ќе се концентрира на дефанзивната страна отколку вообичаено, на сметка на нападот. Постојат четири индивидуални наредби, а за повеќе детали околу нивното значење за секоја позиција, погледнете ја табелата. Исто така, може да поставите маркер на играч од противничкиот тим. Повеќе за ова е објаснето во секцијата „Маркирање на играч“
Позиција Тактики Ефект
Бек Офанзивно Нешто повеќе на Крило, нешто повеќе Креирање игра, помалку Одбрана
Дефанзивно Нешто повеќе Одбрана, помалку на Крило, нешто помалку Креирање игра.
Кон средина Многу повеќе Одбрана кон средина, помалку Одбрана на бековски позиции, многу помалку на Крило, нешто повеќе на Креирање игра
Централен одбрамбен Офанзивно Повеќе Креирање игра, многу помалку Одбрана
Кон крило Многу повеќе Одбрана на бековски позиции, многу помалку Централна Одбрана, одредена вредност на Крило и нешто помалку Креирање игра
Крило Офанзивно Повеќе на Крило, нешто повеќе на Додавање, помалку на Креирање игра
Дефанзивно Многу повеќе Одбрана, помалку на Крило, помалку на Креирање игра, нешто помалку на Додавање
Кон средина Нешто повеќе Креирање игра, помалку на Крило, нешто повеќе на Централна одбрана, нешто помалку на Бековски позиции, нешто повеќе Додавање во средина, помалку додавање на Крило.
Среден ред Офанзивно Повеќе на Додавање, многу помалку на Одбрана, нешто помалку Креирање игра, нешто повеќе на Напад
Дефанзивно Повеќе Одбрана, помалку Додавање, нешто помалку Креирање игра, нешто помалку Напад
Кон крило Повеќе на Крило, нешто помалку Креирање игра, нешто повеќе Додавање и Одбрана по крило, нешто помалку Додавање и Одбрана по средина, без Напад.
Напаѓач Дефанзивно Нешто повеќе Креирање игра, повеќе на Додавање (уште повеќе додавање кон страните, ако е напаѓач-техничар), многу помалку во Напад и нешто помалку на Крило.
Кон крило Повеќе на Крило, многу повеќе во Напад по Крило и нешто повеќе на Додавање на Крило, многу помалку во Напад по средина и нешто помалку Додавање по средина, нешто помалку Напад, Крило и Додавање на другата страна, нешто помалку на Среден ред

Натпревар: основи

Изнаоѓањето на најдобрите единаесет кои ќе истрчаат на теренот е еден од најголемите предизвици на Hattrick. Во оваа и другите поглавја поврзани со натпреварот, ќе се фокусираме врз тоа како вештините на играчите имаат влијание врз текот и настаните на натпреварот. Ова поглавје ќе ве запознае со основите, односно со најважните основни работи кои треба да ги знаете.

Основите на симулацијата на натпреварот

Во секое полувреме се креираат одреден број на напади, а јачината на средниот ред одредува која екипа ќе го добие нападот. Тимот со посилен среден ред (воедно тоа е тимот со поголем посед на топка) има поголема веројатност да добие поголем број на напади.  Откако тимот ќе го добие нападот, следи изборот на каков напад ќе биде тоа. Типови на напади се: по десното крило, по левото крило и по средина, како и удари од прекин (слободни удари и пенали). Откако ќе се одреди од која страна ќе се случи нападот, силината на тој сектор на тимот кој напаѓа треба да ја пробие одбраната во спротивниот сектор на противничкиот тим.

Основни напади

Во секој натпревар доаѓа до одреден број на основни напади (како што е објаснето погоре). Некои од овие напади се отворени и може да ги освои било кој тим, а некои се ексклузивни за само еден тим.

Кај отворените напади, средината е таа која одлучува кој тим ќе го добие одредениот напад. Ексклузивните напади функционираат на истиот начин, но со еден исклучок: Ако вашата средина "освои" еден од противничките ексклузивни напади, во тој случај вие го спречувате тој напад - но не го добивате за себе. Не можете да ја добиете ексклузивната шанса на противникот, а не може ни противникот да ја добие вашата.

Повеќето од основните напади се прикажуваат во извештаите, но нападите кои се многу далеку од реализација и постигнување гол, нема да бидат прикажани во извештајот.  Исто така, можете да добиете дополнителни напади од таканаречените “Специјални Настани“ или од контра-напади. Овие типови на напади се објаснети во следните поглавја.

Предност на домашниот терен

Тимот домаќин ја има подршката од своите навивачи. Со тоа имате поголем посед на топката кога играте дома отколку кога играте во гости.  Кога играте дерби натпревар (кога двата тима се од ист регион), домашниот тим ја добива предноста која му следува како домаќин, но гостинскиот тим добива половина од таа предност. Доколку натпреварот се игра на неутрален терен, ниеден од двата тима не ја добива оваа предност дури и кога некоја од екипите е од истиот регион.

Психологија и менталитет на тренерот

Тимскиот дух, самодовербата и ставот на тимот имаат влијание врз играта на вашата екипа. За тие моменти и какви се нивните симулации во Hattrick можете да прочитате повеќе во поглавјето за Психологија.
Менталитетот на тренерот (дали е тој офанзивен, дефанзивен или неутрален) исто така има своја улога. Повеќе за тоа во поглавјето за "Тренерот".

Рејтингот на тимот е она на што треба да се фокусирате

Откако мечот ќе биде одигран, ќе можете да ги видите рејтинзите за секој дел од тимот. Овие рејтинзи ви кажуваат која е јачината на секој дел и како тие одиграле. Практично, тие рејтинзи се оние кои одлучуваат во калкулацијата на исходот од мечот.

Деноминациите на рејтинзите (скалата се движи од непостоечки до божествен) е специфицирана на четири под-нивоа: многу низок, низок, висок и многу висок. На тој начин е полесно да дознаете каков е вашиот рејтинг во рамките на нивото. На пример “многу висок солиден“ е нешто малку послаб од “многу низок одличен“, но е значително подобар од “многу низок преоден“.

Ѕвезди и рејтинг

По секој меч играчите добиваат ѕвезди како показател на нивните перформанси во мечот, или нешто како оценки. Поголем број ѕвезди, подобар придонес кон рејтинзите на тимот.

Имајте во предвид дека ѕвездите го покажуваат само индивидуалниот придонес на играчот на таа позиција и корисни се за споредба на различни играчи на таа позиција, но не и за одредување на силата на тимот. Рејтинзите на крајот од мечот се далеку покорисни за такво нешто.

Ве молиме, исто така да бидат свесни дека ефектите на тимот ( како што се загуба на придонесот за повеќе од еден играч на централна позиција, погледнетене на почетокот на поглавјето) не се рефлектираат преку рејтингот изразен во ѕвезди.

Во нормален случај

Статусот на целиот среден ред одлучува колку шанси вашиот тим ќе создаде за време на еден натпревар. Останатите делови од тимот одлучуваат дали шансите ќе завршат со гол.

Следната табела ќе ви помогне при изборот на играчи за вашиот тим. Имајте на ум дека тоа се само приближни вредности.  Некои последователни нивоа на вештини може да значат само мала разлика во перформанси, додека кај други разликата може да биде многу поголема. Исто така, индвидуалните наредби или загубата на придонесот поради повеќе играчи на централните позиции (погледнете го претходното поглавје) не се земени во предвид.

Дел од тимот Фактори (прво најважните)
Среден ред Креирање игра кај играчите од средината
Креирање игра кај крила
Креирање игра кај централни одбрамбени
Креирање игра кај напаѓачите
Креирање игра - бекови
Напад лево крило На крило - Лево крило
На крило - Лев бек
Во напад - Напаѓачи
Додавање - Левиот играч од средина
Додавање - Лево крило
На крило - Напаѓачи
Додавање - Напаѓачи
Додавање - играчи од средина
Одбрана лево крило Во одбрана - Лев бек
На гол - Голман
Одбрана - Левиот централен одбрамбен
Одбрана - Лево крило
Во одбрана - Централни одбрамбени
Во одбрана - Голман
Во одбрана - Левиот играч од средина
Во одбрана - централни играчи од средина
Централен напад Во напад - Напаѓачи
Додавање - Напаѓачи
Додавање - играчи од средина
Во напад - играчи од средина
Додавање - Крила
Централна одбрана Во одбрана - Централни одбрамбени
На гол - Голман
Во одбрана - Играчи од средина
Во одбрана - Бекови
Во одбрана - Голман
Во одбрана - Крила
Напад десно крило На крило - Десно крило
На крило - десен бек
Во напад - Напаѓачи
Додавање - десниот играч од средина
Додавање - десно крило
На крило - Напаѓачи
Додавање - Напаѓачи
Додавање - играчи од средина
Одбрана десно крило Во одбрана -десен бек
На гол - Голман
Во одбрана - десниот централен одбрамбен
Во одбрана - десно крило
Во одбрана - Централни одбрамбени
Во одбрана - Голман
Во одбрана - десниот играч од средина
Во одбрана - централни играчи од средина

Тренинг

Секоја недела имате можност да изберете на каков тренинг сакате вашите играчи да се посветат. Ефектот од неделниот тренинг секогаш се случува за време на ажурирањето на тренингот, во четврток или петок, во зависност од земјата во која се наоѓа тимот. Тренингот кој ќе се одвива таа недела е всушност тренингот кој е одбран до моментот на ажурирање на истиот. Промените на формата и позадинската форма, исто така се случуваат во овој период.

Возраста на играчот и нивото на вештина

Помладите играчи побрзо креваат вештина одколку повозрасните, но истотака тренингот зависи од нивото на вештината - пониско ниво на вештина побрзо напредува на тренинг.  Тренирањето на ниско ниво на вештина е побрзо отколку средно ниво на вештина додека тренирањето на многу висока вештина е побавно од тренирање средни нивоа на вештина.

Освен годините и висината на вештината има уште 4 фактори кои влијаат на ефектот на тренингот: интензитетот, типот на тренинг, делот од тренингот за издржливост и тренерскиот персонал (главниот тренер и асистентите).

Тренинг Интензитет

Колку повеќе тренирате толку се подобрува формата на целата екипа и ефектот од тренингот се зголемува. Вие одлучувате за интензитетот во вредност од 0-100.  Негативниот ефект од високото ниво на интензитетот на тренинг е што тој ја зголемува опасноста од повреди. Ќе морате сами да решите колкав интензитет ќе ви одговара - не ги прашувајте другите менаџери по форумите.

Значителното намалување на интензитетот на тренинг, може да доведе до голем “бум“ на тимскиот дух. Секако, во моментот кога повторно ќе го зголемите интензитетот или ќе го вратите на претходните вредности, тимскиот дух ќе падне веднаш штом тие ќе го дознаат тоа. Имајте во предвид дека доколку се решите да го смените интензитетот на тренинг, тоа мора да го сторите барем едно ажурирање пред ажурирањето на тренингот.

Типови на тренинг

Постојат 11 типови на тренинг. Сите ги прават играчите да се подобрат во одредена вештина. Различните типови на тренинг се прикажани во долната табелата.

Тренерски персонал

Доколку имате добар тренер, тренингот ќе биде поефективен отколку со лош тренер. Асистентите иста така го зголемуваат ефектот на тренингот.

Тренинг на издржливост

Издржливоста се тренира секоја недела, како дел од целосниот тренинг на тимот. Ефективноста опаѓа на повисок интензитет, односно подобро е да се тренира малку секоја недела отколку многу од време на време.  На повозрасните играчи им е потребен малку повеќе тренинг секоја недела за да ја останат на одредено ниво на издржливост, што значи дека менаџерите треба да најдат средна вредност за тренингот на издржливоста.  Играчите кои играле за вашиот тим барем 90 минути во текот на неделата, ќе добијат 100% од кондициониот тренинг. Играчи кои играле помалку од 90 минути (на пример резерви или заменети играчи) ќе добијат 75% ефект од кондициониот тренинг, плус дел за секоја минута помината во игра. Останатите играчи во тимот кои не играле за вашиот тим во текот на неделата, но се доволно здрави да тренираат (вклучувајќи ги и играчите со фластер), добиваат 50% ефект од тренингот. Повредените играчи не добиваат кондиционен тренинг.

Тренирање на издржливост влијае негативно на формата; колку повеќе тренирате издржливост толку повеќе ќе имате негативен ефект на формата.  Имајте во предвид дека не само моменталната форма, туку и позадинската форма трпат ефект од процентот на тренинг на кондиција.

Основни принципи

Количеството на тренинг кое го добива играчот зависи од бројот на минути кои ги одиграл за вашиот тим, на позиција која зема тренинг, во текот на неделата. Натпреварите одиграни за друг тим не се земаат во предвид поврзано со тренингот, но ќе земат учество во ажурирањето на формата. Доколку еден играч не настапил на ниту еден натпревар во текот на неделата макар и 1 минута, во тој случај за него нема да има тренинг воопшто. Играчот може да добие 90 минути тренинг во текот на една недела. Ако игра повеќе од 90 минути на позиција која се тренира нема да добие повеќе тренинг. Ако пак игра помалку, на пример 50 минути, ќе добие и помалку тренинг - во случајов 50 минути од 90 можни.

Ако играч игра на две различни позиции во текот на неделата, позицијата која му дава најдобар тренинг ефект на играчот ќе биде одбрана при тренингот. Индивидуалните наредби за играчот не влијаат на неговиот тренинг.

Играчите на крилните позиции добиваат само половина од тренингот “креирање игра“. Истото важи за бековските позиции за тренингот “Крило“.

Не е важно дали играчот играл лигашки, куп или пријателски натпревар - играчите добиваат ист ефект од тие натпревари, во однос на тренингот.

Доколку немате доволно играчи на теренот на почетокот на натпреварот, ќе го изгубите натпреварот со службен резултат. Во овој случај нема да добиете тренинг од овој натпревар. Тренингот за истата недела нема да биде изгубен. и ќе го изгубите тренингот за тој натпревар.

Од друга страна, доколку вашиот тим е спремен за натпреварот, но вашиот противник не е, ќе го добиете натпреварот со службен резултат, и почетните 11 играчи ќе добијат тренинг, но нема да се здобијат со искуство од одигрување на натпреварот.

Во заградата е прикажан малиот ефект додека двојните загради ги прикажуваат многу малиот ефект.

Тип на тренинг Подобрува ...За...
Од прекини Од прекин Сите играчи кој играле на натпревар во текот на неделата, 25% бонус за изведувачот на прекин и голманот
Одбрана Во одбрана Одбрамбени ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Напад Во напад Напаѓачи ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Крило На крило Крила (Бекови) ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Напад и од прекин (Завршница) (Сите играчи кои имаат играно натпревар)
(Од прекин ) ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Додавање Додавање Среден ред, крила и напаѓачи ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Креирање игра Креирање игра Среден ред (Крила) ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Голман На гол Голмани
Додавање (одбранбени+среден ред) Додавање Одбрамбени, среден ред, и крила ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Одбрана (одбранбени+среден ред) Во одбрана (Голмани, одбрамбени, среден ред и крила) ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Крило (крилни позиции + напаѓачи) Крило Напаѓачи и крила ((Сите играчи кои имаат играно натпревар))
Индивидуален (само за Младинска школа) Корисна вештина/и за позицијата играна во наптреварот (Сите играчи кои имаат играно натпревар)

На пример

Тимот оваа недела тренира “крила“. Имајте до знаење дека за викенд се одигруваат лигашките натпревари додека пријателските се во сред-недела.

  • Илија Најдовски одиграл 90 мин. како крило во саботниот натпревар, но не одиграл во среда. Тој ќе прими 90 мин. цел тренинг на крило.
  • Кочо Димитровски одиграл 90 мин. како крило во саботниот натпревар, и 90 мин. како напаѓач во пријателскиот натпревар во средата. Тој исто така примил 90 мин. цел тренинг на крило.
  • Чедомир Јаневски одиграл 50 мин. како крило во сабота, а во средата одиграл 90 мин. како бек. Тој ќе прими 50 мин. цел крилен тренинг, и 40 мин. крилен тренинг со смален ефект.
  • Јовче Џипунов одиграл 40 мин. како крило во саботата, и 90 мин. како напаѓач во средата. Тој ќе прими 40 мин. цел тренинг на крило, и 50 мин. крилен тренинг со многу мал ефект.
  • На пример, Диме Брајановски играл 90 минути како крило и во сабота и во среда. Тој сепак, ќе добие само 90 минути од тренингот за крило без оглед што играл повеќе.
  • Артим Шаќири не одиграл во сабота ниту во среда. Тој воопшто нема да ги подобри своите вештини.

Намалување на вештините

Кога играчот се доближува до 30-тата година, секоја недела ќе губи по малку од свиоте вештини. Колку големо ќе биде губењето, зависи од староста на играчите и нивото на вештини. Колку е поголемо нивото на вештини, поголемо ќе биде и нивното опаѓање.Опаѓањето е поголемо кај постарите, отколку кај помладите играчи.

Тренер

Вашиот тренер е важен дел од клубот кој е одговорен за тренингот и мотивирањето на вашите играчи.

Способности на тренерот

Вештина: вештината на тренерот значи колку добро ги познава вистинските методи за тренинг на играчите со цел да ги подобри нивните знаења. Колку е таа вештина поголема, толку и тренингот е поефикасен. Највисоко ниво на вештина на тренер е ниво 5 (одличен). Сите нови тимови за почеток добиваат тренер со вештина преоден.

Водство: Освен планирањето на тренинг активностите, тренерот треба да ги инспирира играчите. Глобално, вашиот тимски дух ќе биде подобар доколку тренерот е добар лидер.

Тактика: Тренерот може да биде офанзивен, дефанзивен или неутрален, што има ефект исклучиво на перформансите за време на натпреварот. Офанзивниот тренер го подобрува нападот на сметка на одбраната, а дефанзивниот тренер ја подобрува одбраната на сметка на нападот. Дефанзивниот тренер малку повеќе ја унапредува одбраната отколку што офанзивниот тоа го прави со нападот. Неутралниот тренер не е ниту офанзивен ниту дефанзивен што значи дека не го унапредува ниеден дел од тимот, но ниту го уназадува.

Намалување на способностите

Откако тренерот ќе мине повеќе од една сезона во клубот, нивото на неговото водство полека опаѓа. Во моментот кога тоа ќе падне на најниското, катастрофално ниво, почнува да опаѓа неговата способност како тренер.

Промена на тренерот

Ако не сте задоволни од тренерот, можете да земете нов екстерен тренер или да го промовирате во тренер некој од вашите актуелни играчи. Играчите од вашиот тим имааат право да бидат промовирани во тренер, доколку имаат поминато 16 недели од нивното пристигнување во тимот. Тоа можете да го направите во менито „Персонал“ под „Мојот Клуб“.

Запаметете, сите тренери со одредено ниво на вештина се еднакви. Но, ако на пример ангажирате тренер со ниво 3 (преоден) вештина на тренирање, тој секогаш ќе биде "средно" ниво 3 (тренер со ниво 5 (одличен) е само половина чекор повеќе од тренер со ново 4 ( солиден) тренер).

Кога ќе земете нов тренер, стариот тренер останува во тимот како играч, но никогаш повеќе не може повторно да стане тренер, ниту пак можете да го продадете. Ако не сакате да го задржите, ќе мора да го отпуштите.

Ангажирање на тренер од надвор

Кога ќе ангажирате нов тренер, прво треба да решите каков стил на игра сакате од вашиот тренер, па потоа со каква вештина би сакале да биде. Секоја комбинација од вештина и лидерство има определена цена, секако, што е тренерот подобар, толку е и цената поскапа.

Водство
Ниво лош (3) слаб (4) недоволен (5) преоден (6) солиден (7)
Ниво: 1 - слаб (4)
10 000 US$ 10 000 US$ 10 000 US$ 10 000 US$ 10 000 US$
Ниво: 2 - недоволен (5)
10 000 US$ 22 800 US$ 41 200 US$ 65 100 US$ 94 600 US$
Ниво: 3 - преоден (6)
79 600 US$ 182 800 US$ 329 700 US$ 521 000 US$ 757 100 US$
Ниво: 4 - солиден (7)
268 700 US$ 617 100 US$ 1 112 900 US$ 1 758 500 US$ 2 555 500 US$
Ниво: 5 - одличен (8)
4 000 000 US$ 4 388 400 US$ 7 914 600 US$ 12 505 200 US$ 18 172 500 US$

Промовирање на сопствен играч како тренер

Кога за тренер ќе поставите сопствен играч, тој го задржува своето ниво на лидерство. Од друга страна, неговото ниво на искуство го одредува нивото на тренерската вештина, односно до кое ниво на тренерска вештина тој би дошол. Што значи, ако имате играч со високо ниво на искуство и со високо лидерство - имате голем потенцијал за иден тренер. Играчот не може да биде повисоко ниво на тренер од неговото ниво на искуство. Со тоа што, играчот што сакате да го промовирате во тренер, мора да е член на вашата екипа повеќе од една сезона, односно повеќе од 16 недели.

Финансии

Како менаџер на својот клуб, ваша одговорност се и финансиите. Ги плаќате трошоците и ги собирате приходите иза време на неделното ажурирање. Точното време, кога се случуваат овие ажурирања, можете да го најдете на страната Распоред и случувања во земјата. На пример, ако купите играч за сума од 10 000 US$ тој ќе стане дел од вашиот тим веднаш, а ставката "Нови засилувања" ќе биде зголемена за 10 000 US$.

Приходи и трошоци

На страната за финансии можете да го видите вашиот буџет за оваа недела и финансиската состојба од минатата недела. Еве го значењето:

Приходи

Приходи од натпревар: приходите од продадените влезници од лигашките викенд натпревари играни на домашен терен и приходите од куп, односно пријателските натпревари во текот на неделата. Повеќе околу приходите од публиката можете да прочитате во поглавјето за стадионот.

Спонзори: Секоја недела, односно на секое ажурирање на финансиите, добивате одредена сума на пари од своите спонзори. Повеќе околу тоа ќе најдете во поглавјето за навивачите и спонзорите.

Продажба на играчи: Секогаш кога ќе продадете играч, добивката од таа трансанкција завршува тука. За повеќе информации погледнете во поглавјето Трансфери.

Провизија: Доколку сте добиле пари како претходен тим или пари за играч на кого вашиот тим е матичен, овие сретства завршуваат тука. За повеќе информации погледнете во поглавјето Трансфери.

Останати приходи: под оваа ставка во финансискиот биланс се евидентираат приходи од членство на нови навивачи и приходи од награди.

Трошоци

Плати: Платите на играчите ги исплаќате еднаш неделно. За секој играч плаќате 250 US$ плус одредена сума која зависи од нивоата на неговите вештини и возраст. Исто така, доколку е странец, на платата се додава и 20% бонус.

Одржување на стадион: под оваа ставка се евидентираат неделните трошоци за одржување на стадионот. Повеќе информации во поглавјето 10, на таа тема.

Реконструкција на стадион: Трошоци во случај да вршите реконструкција на вашиот стадион.

Персонал: Секој член на персоналот ќе ве чини од 1 020 US$ до 33 840 US$ неделно, зависно од нивото на персоналот (1 до 5) и должина на договорот (1 до 16 недели).

Скаутирање на младинци: овде се евидентираат неделните трошоци за вашата младинска академија или вашата неделна инвестиција во младинскиот тим.

Нови играчи: Трошоците за новокупените играчи завршуваат тука. За повеќе информации, погледнете во поглавјето Трансфери.

Останати: Сите останати трошоци, за отпуштени членови од персоналот и промовирани играчи во сениорскиот тим, се акумулирани тука.

Камата: доколку имате негативно салдо на таа сума плаќате камата која се евидентира под оваа ставка.

Кеш фондови и резервирани пари од Бордот

Бордот на директори го лимитира фондот на расположиви средства за плати, трансфери на играчи или проширување на стадионот. Сите средства над работниот капитал ќе бидат резервирани за да се обезбеди идната стабилност на клубот. Ако е потребно, Бордот ќе ослободи дел од резервираните средства, но само според определени проценти.

Финансискиот директор, кој може да го вработите во Вашиот персонал, може да ги зголеми слободните парични средства и ратата на ослободување на парите во резерва.

Долгови и банкрот

Дури и кога вашето салдо е нула можете да продолжите да трошите пари и да влезете во минус на пример за купување играчи или за менување тренер. Но, кога ќе дојдете до 200 000 US$ вашите опции за трошење ќе бидат лимитирани. Имате право на кредит од банка во висина од 500 000 US$, но на позајмената сума треба да платите висока камата. Ако вашето минусно салдо дојде до 500 000 US$ ќе добиете предупредување пред банкрот. Ако не го намалите вашиот минус до 500 000 US$ во период од две недели по добиеното предупредување, ќе го загубите тимот и ќе морате да му кажете збогум на Hattrick! Но, доколку тимот има играчи на трансфер листа за кои се дадени понуди со кои, кога тие ќе се ефектуираат, клубот ќе се врати во “безбедната зона“, или ако тимот има залиха во резервите, тој нема да банкротира (но ќе продолжи да плаќа камата од својата сметка).

Навивачи и спонзори

Спонзорите и навивачите имаат огромен удел во приходите на клубот. Од тие причини, повеќе од важно е односите со нив да се одржуваат на високо ниво - ефектот е повеќе од загарантиран.

Расположение на навивачите

Членовите на вашиот навивачки клуб исто така имаат свој удел во клупските финансии. Членарината (30 US$ / член) се плаќа еднаш по сезона, но побитен е фактот што нивото на нивното расположение директно влијае врз приходите од продажба на влезници односно посетеноста на вашите мечеви.

Најлесен начин да го одржувате нивното расположение на високо ниво и да привлекувате нови членови е да ги исполнувате (или надминувате) нивните очекувања од вашите мечеви и сезона. Моментното расположение на вашите навивачи можете да го видите на делот од страната за навивачите.

Очекувања од сезоната

На почетокот на секоја сезона, навивачите ќе ви кажат што очекуваат од тимот. Нивните очекувања во најголем дел зависат од случувањата во минатата сезона, односно, што очекувале навивачите тогаш, а што бил крајниот исход од сезоната.

Како што вашиот тим напредува (или назадува) низ лигашкиот систем, вашите навивачи постепено ќе се навикнуваат на новонастанатите ситуации. Ако сте се пласирале во погорен ранг, во првата сезона очекувањата и нема да се толку големи. Но, ако од сезона во сезона тапкате во место, односно останувате во истата лига, навивачите имаат тенденција од вас да бараат секоја сезона по нешто повеќе.

Очекувања од натпреварот

Сезонските очекувања, секако, имаат влијание и врз очекувањата од секој меч. Во делот за навивачите можете да видите што точно очекуваат за секој меч. Во глобала, нивните очекувања се поголеми кога играте натпревар дома.

Ако натпреварот завршил во рамките на нивните очекувања, тие ќе бидат задоволни (па макар и сте загубиле, а тие биле помирени со судбината). Ако резултатот е подобар од нивните очекувања нивното расположение ќе биде уште подобро и обратно ако тој не ги задоволи. Во првите лигашки кола, реакцијата на навивачите од исходите на мечевите е поумерена.

На почеток на сезоната, очекувањата од мечевите се базираат врз сезонските очекувања на навивачите од двата тима. Како што сезоната одминува, моментната состојба на табелата и освоените бодови на двата тима добиваат се повеќе на важност. Во куп натпреварите, навивачите ги базираат своите очекувања единствено врз сезонските очекувања (вклучувајќи го и нивото на дивизијата) на двата тима.

Однесувањето на тимот и финансиската ситуација на клубот исто така имаат свое влијание врз навивачите.

Ако на вашите играчи им наредите “да играат опуштено“ или дека е “Меч на сезоната“, тоа исто така влијае врз реакцијата на навивачите од исходот на мечот. Ако резултатот е во рамките на очекувањата (или подобар), “играј опуштено“ ќе го редуцира позитивниот ефект врз навивачите, додека “Мечот на сезоната“ ќе го подобри истиот.

Ако резултатот е полош од очекувањата, “Играј опуштено“ ќе го зголеми негативниот ефект на реакцијата на навивачите, а “Меч на сезоната“ ќе го намали истиот.

Ако имате многу пари на вашата сметка, ќе ви биде потешко да ги задоволите навивачите затоа што тие чувствуваат дека е подобро тие пари да ги инвестирате во купување на подобри играчи отколку да ги чувате. Навивачите од богатите тимови реагираат посилно на порази отколку ако клубот е во лоша финансиска состојба. Што повеќе пари има вашиот тим, толку и ќе биде поголемо неговото влијание.

Спонзори

Спонзорите се доста важен извор на приход на вашиот клуб. Исто како што е со навивачите, ова значи дека оние тимови кои се поуспешни ќе бидат платени повеќе. Но спонзорите се во битка едни со други и имаат различни стратегии за тоа како би сакале да го наградат вашиот тим, и ова е нешто што менаџерите можат да го искористат во нивна корист.

Во недела 16, неделата пред да започне сезоната, на менаџерот му се презентираат различните понуди од спонзорите за претстојната сезона.

Сите тимови во лигата имаат подеднакви шанси да добијат одреден тип на понуда, но сумата која ќе им биде понудена може да биде различна. Тоа е затоа што спонзорите ја базираат својата понуда врз основа на нивото на навивачкиот клуб, како и тоа во која дивизија се наоѓате. Ова значи дека тимовите ќе добијат различни понуди, и менаџерот е тој кој треба внимателно да размисли која понуда најмногу одговара на неговиот тим.

Во сите договори има фиксен приход, кој се исплатува секоја недела. Како додаток се вклучуваат еден и повеќе можни исплати на бонус. Некои се лесни за исполнување и нудат помала исплата, додека други носат поголем ризик, но затоа и бонусот кој се исплаќа е поголем. Договорите завршуваат на крајот на сезоната, кога и се понудуваат нови договори кои може да се изберат за наредната сезона

Доколку не изберете договор, Управниот Одбор ќе направи избор за вас. Управниот Одбор секогаш ќе го избере договорот кој сноси најмал ризик, а со тоа и помал потенцијален бенефит.

Стадион

Вашиот клуб ќе стартува со мал стадион, кој ќе имате можност да го надградувате во текот на вашата Hattrick кариера. На страната за стадионот можете да ги видите и менаџирате со сите детали поврзани со него.

Приходи и трошоци

Вашиот стадион има четири типа на трибини, секоја од нив носи различен приход, но и различни трошоци кои ќе треба да ги плаќате на неделно ниво.

  Приход Неделни трошоци
Тераси 7 US$ 0.5 US$
Основни седишта 10 US$ 0.7 US$
Седишта под покрив 19 US$ 1 US$
ВИП ложа 35 US$ 2.5 US$

Во извештаите од натпреварите можете да видите колку посетители сте имале на секој дел од трибините. Приходот од продадените влезници се дели помеѓу двата клуба во зависност од типот на мечот и тоа:

Лигашки натпревари: Домашниот тим го зема целиот приход.

Куп натпревари: Домашниот тим зема 67% од приходот, а гостинскиот тим добива 33%. Последните 6 кола од купот се играат на неутрален терен и приходот се дели по пола.

Пријателски и квалификациски натпревари: Приходот се дели подеднакво

Посетеност на натпреварите

Колку гледачи ќе ви дојдат на стадионот во голема мерка зависи од вашите навивачи. Расположението на навивачите и големината на навивачкиот клуб се двата најбитни фактори. Вашата позиција на табелата и позицијата на вашиот противник исто така имаат значително влијание за посетеноста на лигашките натпревари.

До одреден степен, и противничките навивачи имаат влијание (нивното расположение и големината на навивачкиот клуб затоа што е логично дека и дел од нив исто така ќе присуствуваат на натпреварот. Корисно е да се знае дека на почетокот на сезоната посетата може да биде помала, а да се зголемува како што таа ќе се приближува кон крајот.

Временските услоги исто така имаат влијание. Ако времето е лошо, посетеноста е помала, но оние кои се решиле да го следат натпреварот попрво ќе ги наполнат покриените трибини за кои картите се поскапи. Од тие причини иста посетеност во различни временски услови може да донесе и различен приход од продадените влезници под услов на добар распоред на покриениот и непокриениот дел од трибините.

Надградба на стадионот

За надградба на вашиот стадион треба да најмите градежна фирма. Градежните работи се извршуваат некое време, една недела или повеќе, во зависност од обемот на проширувањето на трибините. Додека е градбата во тек, сите постоечки места на стадионот се на располагање на навивачите во следните натпревари, без разлика што градежните работи се во тек. Плаќате сума од 10 000 US$ како паушал, заедно со трошокот за секое седиште кое сакате да го додадете или тргнете:
  Трошоци за конструкција Трошоци за намалување на капацитетот на стадионот
Тераси 45 US$ 6 US$
Основни седишта 75 US$ 6 US$
Седишта под покрив 90 US$ 6 US$
ВИП ложа 300 US$ 6 US$

Добро е да се има различни типови на трибини за вашите навивачи. Повеќе луѓе сакаат да купуваат карти на терасите, па затоа е добро тој дел да ви е најголем. Некои луѓе пак, сакаат да ги следат мечевите од поудобни седишта (некои сакаат и трибини со кров), така да треба да водите грижа и за нив. Исто така ја имате и “јагнешката бригада“ која е жива изгорена да седи во ВИП ложата, па не смеете да ги заборавите и нив. Временските услови немаат толку големо влијание врз пополнетоста на седиштата под покрив и ВИП ложата.

Персонал

Изборот на вистинските членови на персоналот е од големо значење за развојот на вашиот клуб. Тие можеби не седат на клупата за време на мечот, но тие работат со играчите во текот на неделата или извршуваат други клучни функции во рамките на клубот. Тие се дополна на вашиот тренер и за вас како менаџер и многу значајно да ги одберете вистинските луѓе околу вас.

Ефекти и нивоа на вештина

Секој придонес што ќе го добивате од специјалистот ќе биде прикажан како статички бонус на страната од вашата тимска статистика. Овој бонус ќе биде секогаш видлив за вас. Но, бидејќи тимската статистика е динамичка и врз неа влијаат разни фактори, каков ќе биде финалниот ефект од вработениот специјалист е тешко да се предвиди. Но, важно е да знаете дали се движите во вистинска насока или не. Колку е поголема вештината на специјалистот, толку е бонусот со поголем ефект. Овие бонуси се линеарни што значи секое екстра ниво придонесува повеќе од претходното. Ако имате повеќе специјалисти од иста категорија, бонусите ќе се комбинираат, но ќе бидат прикажани како еден. На овој начин, помошник тренер со ниво 4 има ист ефект како двајца помошници тренери со ниво 2. Можете да видите на страната за персонал кој е актуелниот бонус и како тој би се сменил со секое следно вработување. Табелата со сите категории на специјалисти и бонуси се наоѓа на крајот од овој дел од упатството.

Големина на вашиот персонал

Можете да вработите максимум 4 членови на персоналот. Можете да вработите најмногу 2 помошници тренери. За другите категории на специјалисти, вашиот Управен одбор на клубот ви дозволува само по еден.

Вработување и отпуштање

Кога сакате да вработите член на персоналот, потребно е да изберете должина на неговиот договор, најмногу до 16 недели. Колку договорот е подолг, толку неговата неделна плата е помала. Можете да го раскинете договорот предвреме, доколку ви се променат плановите, но ќе го платите она што сте го заштедиле со должината на договорот и тоа двојно. Затоа таа замена е скапа и имајте го тоа во предвид. Исто така, членот на персоналот не може да биде отпуштен во првата и последната недела од неговиот договор. Освен тоа, нема други ограничувања околу тоа колку често го менувате вашиот персонал.

Раскинување на договор

Кога ќе го прекинете договорот предвреме, мора да го платите заштедениот дел двојно. Ако на пример, имате договор на 13 недели за персонал од ниво 3 и сакате да го раскинете во осмата недела, тоа значи дека дотогаш сте платиле 8 неделни плати од 4 800 US$ или вкупно 38 400 US$. Но, доколку договорот си бил склучен на 8 недели, место 13, тогаш вашиот неделен трошок би бил 6 000 US$ или 48 000 US$. Заштедата изнесува 9 600 US$, што значи дека казната за превремено раскинувањецќе биде 19 200 US$.

Цена/неделно

Времетраење на договорот Ниво 1 Ниво 2 Ниво 3 Ниво 4 Ниво 5
1 недела 2 115 US$ 4 230 US$ 8 460 US$ 16 920 US$ 33 840 US$
2 недели 2 055 US$ 4 110 US$ 8 220 US$ 16 440 US$ 32 880 US$
3 недели 1 890 US$ 3 780 US$ 7 560 US$ 15 120 US$ 30 240 US$
4 недели 1 770 US$ 3 540 US$ 7 080 US$ 14 160 US$ 28 320 US$
5 недели 1 710 US$ 3 420 US$ 6 840 US$ 13 680 US$ 27 360 US$
6 недели 1 650 US$ 3 300 US$ 6 600 US$ 13 200 US$ 26 400 US$
7 недели 1 575 US$ 3 150 US$ 6 300 US$ 12 600 US$ 25 200 US$
8 недели 1 500 US$ 3 000 US$ 6 000 US$ 12 000 US$ 24 000 US$
9 недели 1 440 US$ 2 880 US$ 5 760 US$ 11 520 US$ 23 040 US$
10 недели 1 380 US$ 2 760 US$ 5 520 US$ 11 040 US$ 22 080 US$
11 недели 1 320 US$ 2 640 US$ 5 280 US$ 10 560 US$ 21 120 US$
12 недели 1 260 US$ 2 520 US$ 5 040 US$ 10 080 US$ 20 160 US$
13 недели 1 200 US$ 2 400 US$ 4 800 US$ 9 600 US$ 19 200 US$
14 недели 1 140 US$ 2 280 US$ 4 560 US$ 9 120 US$ 18 240 US$
15 недели 1 080 US$ 2 160 US$ 4 320 US$ 8 640 US$ 17 280 US$
16 недели 1 020 US$ 2 040 US$ 4 080 US$ 8 160 US$ 16 320 US$

Категории на персонал

Помошник тренер

Бонусот за брзина на тренингот што го добивате од ангажираните Помошници тренери се додава на вашата моментална тренинг ефикасност на тимот. Затоа, бидете сигурни каков тренер имате затоа што е полошо да се трошат пари на помошници тренери, а истовремено да имате слаб главен тренер. Но кога имате компетентен тренер, добите помошници тренери ќе бидат интересна стратегија за секој тим фокусиран на тренингот како приоритет.

Ниво Брзина на тренинг Ризик од повреди Форма
Ниво: 0
Нема бонус 40% Нема бонус
Ниво: 1
+3,5% +2,5% +0,05
Ниво: 2
+7% +5% +0,1
Ниво: 3
+10,5% +7,5% +0,15
Ниво: 4
+14% +10% +0,2
Ниво: 5
+17,5% +12,5% +0,25

Детали од ефектите

Бонусот се додава на веќе постоечката ефикасност на тренингот која зависи од нивото на вештина на главниот тренер, процентот на интензитет на тренинг и процентот на кондиција. На пример, ако имате солиден тренер, со 100% интензитет и 10% кондиција, брзината на тренинг на 22-годишен со ниво на вештина импресивен на креирање игра ќе биде:

Без помошник тренер: 8 недели до следното ниво
Помошник тренер од ниво 5: 7 недели до следното ниво
Комбинација со ниво 10: 6 недели до следното ниво

Можете да вработите најмногу два помошници тренери во исто време. Доколку имате повеќе од еден, нивните комбинирани нивоа на вештина ќе креираат еден заеднички бонус. Ова значи дека помошник тренер од ниво 4 придонесува исто како и два помошника од ниво 2.

Покрај ефектите на тренингот, помошниците тренери имаат уште два дополнителни ефекти. Ја зголемуваат формата, но и ризикот од повреди.

Ризикот од повреди се пресметува како просек по натпревар и по тим, а не по играч. Основната вредност е 0,4 повреди по меч. Доктор од ниво 5 го намалува до 0,025 повреди по натпревар. Но затоа помошниците тренери го зголемуваат истиот за 0,025 по натпревар за секое ниво на нивна вештина. Тоа значи дека помошник тренер од ниво 5 ја зголемува можноста за повреда за 0,525 по натпревар (0.15 со ниво 5 Доктор), додека пак 2 помошници тренери на ниво 5 го зголемуваат ризикот на 0,65 повреди по натпревар (0.275 со ниво 5 Доктор).

Како што претходно споменавме, помошниците тренери исто така влијаат позитивно и на “скриената позадинска форма“ на вашите играчи. Ако го имате максимумот од два помошници тренери на ниво 5 (10 нивоа вкупно), позадинската форма ќе се подобри за половина (0.5) ниво. Со други зборови, придонесот кон позадинската форма на двајца помошници тренери на ниво 5 е половина од придонесот на тренерот за форма на ниво 5.

Врати се кон категориите

Доктор

Докторите се задолжени за генералната физичка и здравствена состојба на вашите играчи. Тоа значи дека работат превентивно на намалување на ризикот од повреди, но и ги се задолжени за опоравување на играчите кои ќе се повредат. Имањето на доктор во персоналот значи дека се намалува можноста од повреди, а оние кои ќе заработат таква, се рехабилитираат побрзо.

Ниво Брзина на опоравување Ризик од повреди
Ниво: 0
Нема бонус 40%
Ниво: 1
+20% -7,5%
Ниво: 2
+40% -15%
Ниво: 3
+60% -22,5%
Ниво: 4
+80% -30%
Ниво: 5
+100% -37,5%

Детали од ефектите

Секогаш кога тимот игра натпревар, постои одреден ризик некој играч да се повреди. Имањето на доктор во тимот значи дека се намалува основниот ризик од повреди. Доктор од ниво 5 го намалува основниот ризик кој изнасува 0,4 повреди по натпревар на 0,025 повреди по натпревар, но имајте во предвид дека ангажираните помошници тренери го зголемуваат тој ризик.

Ако некој играч се повреди, докторот помага тој да оздрави побрзо. Во Hattrick, ти се прикажани како проценка за колку недели играчот би се опоравил. Со секое ажурурање на здравјето на играчите играчот помалку оздравува додека да дојде до 90% од здравјето (тогаш може да игра, но е обележан со “фластер“), а потоа и до 100% кога се губи знакот за повреда покрај неговото име.

Графата покажува за колку време играчот се опоравува од повредата во зависност дали имате или не доктор. Без доктор, ако на 19 годишен играч му требаат 3 недели да се опорави, со доктор од ниво 2 опоравувањето ќе трае 2 недели, а со доктор од ниво 5 играчот ќе заздрави за приближно една и пол недела.

Во случај играчот да има 29 години, од истата повреда ќе се опоравува 6 недели без доктор. Со доктор од ниво 1 заздравувањето ќе трае 5 недели, а со доктор од ниво 5 ќе му требаат 3 недели за опоравување.

Врати се кон категориите

Спортски психолог

Менталната сила е скоро еднакво важна како и физичката. Ангажирањето на спортски психолог може да помогне во креирањето на атмосферата во тимот. Овој член на персоналот ќе помогне самодовербата и тимскиот дух да добиваат бонус од неговото ангажирање.

Ниво Тимски дух Самодоверба
Ниво: 0
Нема бонус Нема бонус
Ниво: 1
+0,1 +0,2
Ниво: 2
+0,2 +0,4
Ниво: 3
+0,3 +0,6
Ниво: 4
+0,4 +0,8
Ниво: 5
+0,5 +1

Детали од ефектите

Тимскиот дух е воден од однесувањето на тимот на теренот во претходните мечеви и тој паѓа или расте зависно што сте одиграле на претходниот натпревар. Со секое дневно ажурирање тој има тенденција да се нормализира, односно да се движи кон неговата средна вредност. Спортскиот психолог може да го унапреди процесот со тоа што ќе ја крене средната вредност кон која тимскиот дух има тенденција да се движи. Тоа значи дека тимскиот дух поспоро ќе паѓа кога ќе биде на високи вредности, односно побрзо ќе расте кон средната вредност кога ќе биде на ниско ниво. Бонусот се добива како една десеттина од ниво на тимскот дух за секое ниво од вашиот Спортски психолог. Ова значи дека Спортски психолог од ниво 5 ќе ја зголеми средната вредност на тимскиот дух за половина ниво.

Самодовербата на тимот исто така има влијание од Спортскиот психолог. Таа пред се се движи во зависност од постигнатите резултати и број на голови. Но, психологот дава бонус на нејзината вредност. Спортски психолог од ниво 5 ја зголемува самодовербата за едно ниво или една петтина за секое ниво на психологот.

Врати се кон категориите

Тренер за форма

Учинокот на играчите на теренот не зависи само од нивните нивоа на вештина и од кондицијата, туку и од формата. Таа варира во зависност од голем број фактори.

Тренерот за форма е стручен од вашите играчи да извади максимум. Тој се грижи вашиот тим да е фит и високо мотивиран. Ангажирањето на тренер за форма не е решение од кое резултатите ќе дојдат преку ноќ, ниту е неговиот ефект постојан, но во некои ситуации може да биде добра солуција.

Ниво Форма
Ниво: 0
Нема бонус
Ниво: 1
+0,2
Ниво: 2
+0,4
Ниво: 3
+0,6
Ниво: 4
+0,8
Ниво: 5
+1

Детали од ефектите

Формата на играчот е мерка колку тој ќе игра блиску до неговиот максимален потенцијал. Вредноста што ја гледате под неговото име е неговата моментална форма. Сепак, таа секогаш има тренд и нејзината вредност се движи кон таканаречената скриена позадинска форма. Со користењето на тренер за форма ќе добивате бонус на таа позадинска форма. Секогаш кога таа се пресметува (што се случува во просек на секои две недели), нејзиното ниво ќе добива бонус од 0,2 за секое ниво на вештина на тренерот за форма. Тоа значи дека тренер од ниво 5 ќе придонесе за цело едно ниво бонус. Имајте во предвид дека и покрај тоа, позадинската форма може да паѓа, но нејзиниот просек на одреден временски период ќе биде повисок од вообичаено.

Врати се кон категориите

Финансиски директор

Финансискиот директор ја зголемува финансиската флексибилност на менаџерот нешто што е корисно САМО за побогатите клубови.

(Ако сте нов корисник воопшто немате потреба од Финансиски директор.)

Управниот одбор поставува лимит на сумата која менаџерот може да ја потроши на трошоци како што се плати, трансфери или проекти на стадионот. Сите средства над тој лимит ќе бидат резервирани од страна на Одборот за да се обезбеди идната стабилност на клубот. Ако е потребно, Одборот ќе ослободи дел од тие средства и ќе ги стави на располагање за користење. Вишокот средства се ослободува по 2% од кешот секоја недела.

Со ангажирањето на Финансиски директор, Управниот одбор ќе ви дозволи поголема сума на делот на парите кои се дозволени за трошење, а стапката на неделно префрлање на пари од резервниот фонд во делот слободен за трошење ќе биде поголема. Ова би значело дека Одборот ќе ви дозволи да инвестирате многу поагресивно, отколку без Финансиски директор. Финансискиот директор е добар за тимови кои штедат пари повеќе сезони, а потоа сакаат да инвестираат во брз пробив во купот или низ лигашкиот систем.

Ниво Максимално дозволени средства Враќање/неделно
Ниво: 0
15 000 000 US$ 50 000 US$
Ниво: 1
17 000 000 US$ 100 000 US$
Ниво: 2
19 000 000 US$ 200 000 US$
Ниво: 3
21 000 000 US$ 300 000 US$
Ниво: 4
23 000 000 US$ 400 000 US$
Ниво: 5
25 000 000 US$ 500 000 US$

Пример: Тимот има акумулирано 40 000 000 US$. Без финансиски директор, Управниот одбор ќе му даде да троши 15 000 000 US$. Ако менаџерот нешто потроши, на пример 2 000 000 US$ на нов играч, ќе има на располагање уште 13 000 000 US$, но според правилата, од Одборот ќе ја добие само неделната рата од 50 000 US$.

Но, со ангажиран Финансиски директор, Одборот има повеќе доверба дека парите ќе се трошат одговорно. Доколку тој е со ниво 3, во тој случај, слободните средства за трошење ќе изнесуваат 21 000 000 US$, а екстра ќе се добиваат по 300 000 US$ неделно. Доколку сметката остане под тие 21 000 000 US$ екстрата 300 000 US$ неделно ќе се трансферира автоматски од резервациите на Одборот. од Доколку кешот порасне над тие 21 000 000 US$, вишокот пари се сели во резервниот фонд, но со стапка од 2% неделно.

Врати се кон категориите

Тактички асистент

Ангажирањето на тактички асистент ќе ја унапреди флексибилноста на тимот во делот на пристапот кон мечот и можностите за екстра наредби.Ефектот е краткорочен, односно се однесува на мечот кој претстои - така што потрудете се да го најмите само кога навистина ќе ви треба.

Ниво Екстра замени / налози Флексибилност на стилот на игра
Ниво: 0
Нема бонус Нема бонус
Ниво: 1
+1 +20pp
Ниво: 2
+2 +40pp
Ниво: 3
+3 +60pp
Ниво: 4
+4 +80pp
Ниво: 5
+5 +100pp

Детали од ефектите

Наместо досегашните 5 замени/налози за секој меч (замени, промена на однесување на играч, промена на позиции), добивате по една екстра замена/налог за секое ниво од тактичкиот асистент. Максимумотг на замени/налози е 10 колку што се добива со тактички асистент од ниво 5. Имајте во предвид дека максимумот на три замени кои може да се случат во еден меч остануваат на сила без оглед на Тактичкиот асистент.

Стилот на игра се менува од 100% дефанзивен (што е стандарден во случај на дефанзивен тренер) или 100% офанизивен (исто како да имате офанзивен тренер). Ова ќе може да го наместите за секој натпревар, во интерфејсот за местење постава, каде што ќе добиете 20pp (процентни поени) флексибилност за секое ниво на Тактичкиот асистент, во однос на стилот на игра на вашиот тренер.

На пример, ако имате дефанзивен тренер и Тактички асистент на ниво 5, можете да наместите стил на игра кој што би варирал од 100% дефанзивен до неутрален. Доколку имате неутрален тренер и Тактички асистент на ниво 5, стилот на игра ќе може да варира од 50% дефанзивен до 50% офанзивен.

Тактичкиот асистент мора да биде дел од вашиот персонал за време на натпреварот. Во случај да сте наместиле постава додека сте имале Тактички асистент, а подоцна сте го отпуштиле или му завршил договорот а не сте го обновиле, натпреварот ќе се одигра без екстра замени/налози, а стилот на игра ќе биде оној што го преферира вашиот тренер.

Постава: Искуство и конфузија

Искуство на формација

Вашиот тим може да игра во која сакате формација, но во одредени случаи играчите може да бидат конфузни и да играат под нивниот капацитет и можности доколку тие немаат искуство со таа формација. За да го избегнете тој негативен ефект, едноставно, треба да ја увежбате таа формација. Вашиот тим се стекнува со искуството за секоја формација, кога тимот ќе настапи со неа, било да се работи за пријателски или првенствени натпревари (но не од турнирски натпревари, Скалила, Дуели или Hattrick Masters). Искуството кое го акумулирате за одредена формација се однесува на минутите кои сте ги одиграле со истата (максимум 90мин) исто како и тренинг. Доколку, мечот го добиете со службен резултат а имате поставено барем 9 играчи во почетниот состав, исто така ќе добиете искуство за формацијата како да имате одиграно 90 минути во натпреварот. Доколку пак не сте поставиле валидена постава со барем 9 играчи, принудувајќи некои од Хеттрик функционалностите да постават постава за вас, вашите играчи нема да добијат искуство за играње во формацијата.

Зголемувањето на искуството во одредена формација е потешко колку е повисоко нивото на формацијата. Доколку не играте со одредена формација, стекнатото искуство опаѓа со тек на време. Исто така, секогаш кога ќе продадете некој ваш играч, постои можност да се намали нивото на искуството на формациите.

Конфузија

Ако тимот не е доволно искусен со формацијата со која настапува, постои ризик во текот на мечот да настане конфузија кај играчите што ќе влијае негативно врз нивните перформанси. Нивото одличен (или повисоко), е доволно да не предизвика конфузија. Колку е пониско нивото на формација, толку е и поголема шансата да се појави конфузија. Но, ако вашите играчи имаат акумулирано доволно високо ниво на индивидуално искуство (прочитај подолу), во тој случај ризикот се намалува.

Во случај на појава на конфузија, искуството од формацијата исто така одлучува колку всушност конфузни ќе бидат вашите играчи, колку е нивото на формација пониско, толку и вашите играчи ќе бидат по конфузни. Ако вашите играчи имаат конфузија во текот на мечот, тоа ќе се појави во коментарот од натпреварот во кое ќе биде обележано нивото на кое е падната тимската организација. Секако, ако вашата тимска организација падне на ниво "катастрофален", ситуацијата на теренот ќе биде многу лоша, но ако падне само на ниво “солиден“, тогаш негативниот ефект ќе биде многу мал. Доколку вашите играчи имале конфузија во првото полувреме (или во дополнителното време), вашиот тренер ќе се обиде да ја поправи таа ситуацијата.

Индивидуално искуство на играчите

Искуството позитивно влијае на перформансите на секој играч на теренот. Искуството се зголемува со настапи низ натпреварите. Натпреварите од Националниот куп и Дивизискиот куп даваат двојно повеќе искуство од лигашките мечеви. Мечевите во Челинџер куповите и Утешителниот куп даваат половина од искуството што би го добиле во лигашки меч. Што се однесува до пријателските средби, оние меѓународните даваат петтина од искуството од лигашките мечеви, а домашните пријателски двојно помалку од интернационалните. Најмногу искуство се добива од натпревари за националната репрезентација по што следат мечевите од Hattrick Masters.

Искуството од натпреварите, играчот го добива во однос на минутите одиграни во тој меч. Играчот не може да акумулира повеќе од 90минути искуство од еден меч.

Капитен на тимот и вкупно искуство

За секој меч треба да одберете кој од играчите ќе ви биде капитен. Искуството и водството се битните елементи при изборот, а селектираниот капитен дава бонус при пресметката на вкупното искуство на тимот. Тоа пак го намалува ризикот од конфузија и од нервоза кај соиграчите на некој многу важен и драматичен меч. Во такви ситуации, само тимот со пониско ниво на искуство во одреден момент од мечот ризикува да има негативен ефект како нервоза. Разликата во нивоата на искуство одредува колку играчите на едниот тим ќе бидат нервозни. Оваа ситуација не се појавува во лигашките мечеви или на пријателските натпревари.

Капитенот мора да биде некој од единаесетте играчи одбрани во стартната постава. Ако не сте избрале кој ќе биде капитен, играчите ќе го решат тоа прашање меѓусебно одбирајќи го оној кој сметаат дека е најдобар за таа задача.

Изведувачи на пенали

Исходот од куп и квалификациските натпревари може да биде решен на пенали, доколку заврши нерешено по продолженијата. Самите ги одбирате изведувачите на пенали, преку страната за измени при задавање налог за натпреварот. Кога ќе ги одредувате пеналџиите, имајте во предвид каков шокантен момент е шутирањето на пенали, па така, искуството на играчот само по себе се поставува во фокусот. Освен искуството, за изведувачот на прекин важни се вештината на напад и удари од прекини. Позитивно влијае и специјалноста техничар. За оние кои бранат напад важни се вештината на гол и специјалноста Брз.

Натпревар: Удари од прекин и специјални настани

Во ова поглавје ќе се фокусираме врз два битни елементи од натпреварот: како се постигнува гол од прекин и како да се добие таканаречен “специјален настан“.

Удари од прекин

Некои од вашите напади ќе резултираат со шанса за удар од прекин. Исто како и во реалниот фудбал, исклучиво е важно да имате играчи кои се добри егзекутори на тие прекини. Постојат два вида на прекини - директни и индиректни.

Директни удари од прекин

Директните удари од прекин се однесуваат на пенали и директни слободни удари. За да постигне гол, играчот кој сте го назначиле да ги изведува овие удари го користи нивото на вештина за удари од прекин за да го надмудри противничкиот голман. Вашиот голман, освен голманската вештина, го користи сопственото ниво на вештина на удари од прекин за да ги одбрани тие можности на противникот, но не може да биде назначен како изведувач на слободните удари за вашиот тим.

Индиректни слободни удари

Околу една третина од вашите удари од прекин ќе бидат индиректни, односно од индиректни слободни удари, а ефектот ќе зависи од трудот на целиот тим. Во тој случај се зема во предвид просекот од нивото на вештина во напад на сите ваши играчи (без голманот), просекот на вештина на удари од прекин, па нивото на вештина на удари од прекин на изведувачот на ударите, сето тоа подредено според важноста. Од друга страна, за да го одбраните индиректниот слободен удар, вашата способност се пресметува врз основа на: просекот на вештината во одбрана на сите ваши играчи без голманот, просекот на вештината удари од прекин, нивото на вештината на гол на голманот, па неговата вештина за удари од прекин.

Специјални настани

Освен базичните напади, во текот на натпреварот можете да добиете и таканаречен “специјален настан“. Специјалните настани зависат од атрибутите на вашите играчи, во прв ред од нивните специјалности, со што тоа и дава сосема поинаква димензија на составувањето на тимот и формирање на добар баланс на специјалностите на играчите.

Постојат два типа на специјални настани, тимски и индивидуални. Кога се случува специјален настан, можноста да го добиете истиот зависи од поседот на топката (значи 55% посед = 55% шанса да добиете специјален настан).

Индивидуалните специјални настани зависат од специјалностите што ги имаат вашите играчи на теренот. Да имате многу играчи на теренот со специјалност може да биде предност, но тоа не е доволно. Играчите мора исто така да имаат точни атрибути, да играат на точна позиција на теренот при доволен посед на топка за да добиете специјален настан во ваша полза. Многу е важно специјалностите на играчите во вашиот тим да се избалансирани.

Со секој специјален настан во мечот, се намалува шансата за уште еден.

Временски настани

Одредени специјалности повеќе одговараат со одредени временски прилики. Ефектот на перформансот на сите играчи под специфични временски прилики се рефлектира веднаш по започнувањето на мечот.

Техничар добива 5% на сите вештини на сонце, но исто така губи 5% на сите вештини на дожд.

Моќен играч добива 5% од вештините на дожд, а губи 5% од вештините на сонце.

Брз играч губи 5% од вештините на дожд и на сонце.

Доколку се случи временски настан, тоа ќе биде споменато во извештајот од натпреварот, а истото на крајот ќе можете да го забележите во бројот на ѕвездички по натпреварот.

Гол настани

Специјалностите (заедно со другите атрибути на играчите), можат да ви донесат дополнителни шанси за гол. Во склад со она што е кажано подолу, играчот кој ќе ја добие шансата (најчесто, но не секогаш тоа е истиот играч кој ја креирал), исто така му треба и вештина во напад за да ја реализира шансата.

Непредвидлив играч ја користи својата вештина за додавање за да направи некој неочекуван и непредвидлив долг пас (доколку е голман, бек или одбрана), а неговата вештина во напад за да го прими тој пас (доколку е среден ред, крило или напаѓач). Нивната непредвидливост исто така може да креира шанса и за противникот. Доколку имате непредвидлив одбрамбен играч или непредвидлив плејмејкер со ниско ниво на вештина во одбрана, тој може да направи погрешно додавање кое може да резултира со неочекувана шанса за гол за противникот. Покрај тоа, непредвидливо крило или непредвидлив напаѓач со ниско ниво на додавање има голема шанса да направи хаос во сопствената одбрана, често резултирајќи со некаков несреќен автогол.

Брзи крилни играчи, играчи од среден ред или напаѓачи, со оваа специјалност можат да креираат шанса базирана на нивната брзина. Тоа може да биде спречено од противничката екипа со поставување на дефанзивен играч (централен одбранбен или крилен одбранбен) кој што е исто така брз. Исто така ќе добиете екстра ниво на тактиката контранапад за секој брз напаѓач, брз плејмејкер или брзо крило што ќе го имате поставено на теренот. Противникот може да го намали овој екстра ефект со поставување на брзи играчи како централни дефанзивци, бекови, голман или централни везни (само екстра ефектот ќе биде редуциран, не и иницијалното ниво на тактиката).

Техничар: крилата, плејмејкерите и напаѓачите со оваа специјалност, можат да креираат шанса доколку противничкиот голман, одбрамбен играч, или плејмејкер има специјалност за игра со глава (кој не мора да е на точната спротивна позиција). Уште повеќе, секој одбранбен и крилен бек Техничар, ја зголемуваат шансата за не-тактички контра напад по промашена шанса на противникот. Колку повеќе додавање имаат, толку е поголема шансата за контра напад.

Крило со значително високо ниво на вештина на крило може да креира шанса за свој соиграч, крило, играч на средниот ред или напаѓач. Ако тој играч има високо ниво на вештина во напад, можноста за гол се зголемува, а доколку специјалност му е играта со глава, голема е веројатност дека акцијата ќе заврши со гол.

Корнери: да се даде гол од корнер, најпрво играчот кој го изведува корнерот допринесува со нивото на вештината удари од прекин како и офанзивното ниво на удари од прекин на целиот тим споредено со дефанзивното ниво на противничкиот тим. Има два типа на корнери. Првиот, зависи од бројот на играчи со специјалност Игра со Глава (без изведувачот на корнери), спореден со бројот на такви играчи кај противникот. Доколку немате ниеден играч со специјалност игра со глава, ве прави многу ранливи на противничките корнери, а исто така, значително ви ја намалува шансата да дадете гол од една таква прилика. Вториот, зависи од вештината во Напад на играчот кој ја прима топката. Корнерите исто така претставуваат ситуација во која играчите во напад имаат зголемена шанса да добијат жолт картон, но веројатноста е многу ниска доколку веќе имаат еден жолт картон, па затоа се попретпазливи.

Искуство: искусните напаѓачи можат да постигнат гол користејќи го нивното искуство. Неискусните централни одбранбени играчи и бекови можат да им дадат дополнителна шанса на противниците.

Умор: уморните централни одбранбени играчи можат да направат грешки. Освен ако и противничкиот напаѓач не е исто така уморен, ова може да предизвика дополнителна шанса за противникот.

Други дополнителни настани за време на натпреварот

Има и други дополнителни настани кои може да се случат за време на натпреварот. Веројатноста да се случат овие настани не е освојување на средината на теренот, што значи дека шансата не се зголемува со зголемување на доминантноста на средината.

Контра-Напади:Иако не употребувате контра-напад тактика, постои мала шанса вашиот тим да стигне до таква шанса. Оваа "независна" тактика на контра-напад не бара да бидете послаб во поглед на средниот ред (што е спротивно од потребното за контра-напади). Погледни повеќе во поглавјето околу тактиките, за контра-напади.

Удари од далечина: Иако не користите тактика на удари од далечина, сепак постои мала шанса вашиот тим да добие таква шанса. Прочитајте во поглавјето тактики за тактиката удари од далечина.

Моќните Играчи за врска, ако се поставени дефанзивно може да се фокусираат на разбивање на нападите на противникот и освојување на топката. Ако успеат во пресингот, шансата на противникот се анулира. За да бидат успешни во ова, потребна им е добра кондиција и високо ниво во Одбрана.

Моќните напаѓачи, ако играат нормално можат со помош на својата сила да се постават на вистинска позиција за да создадат повторна шанса по промашена нормална шанса. За да го направат тоа ќе им треба високо ниво во Напад и Креирање игра. Бидете предупредени дека ваквата агресивна игра може да резултира и со жолт картон; сепак ако играчот веќе е пожолтен, ќе игра повнимателно во вакви ситуации.

Можно е да искустите пенали поради пренатрупаност ако на теренот поставите два или три играли со иста комбинација на специјалност и позиција, конкретно во следните типови: технички повлечен напаѓач, моќен нормален напаѓач и моќен дефанзивен играч за врска. Ако имате два играчи од ист тип секој ќе има помал придонес кон тимските рејтинзи (4%). Ако имате три играчи, пеналите се поголеми (7.5%).

Натпревар: Тактики

За секој меч, вашиот тим може да излезе на теренот со различна тактика. Секоја тактика си има свои предности, но и свои негативности - па затоа, бирајте внимателно. Постојат шест различни вида на тактики (плус нормално) кои ви се на располагање. Ако не прецизирате која тактика би сакале да ја играте, тимот ќе игра “нормално“.

Тактичка вештина

Колку добро некоја тактика ќе делува на теренот, зависи од вештината на тимот да ја применува таа тактика. Нивото на вештина се пресметува врз основа на вештините на одредени играчи во тимот заедно со бонусот од искуството на секој играч кој е инволвиран во одбраната тактика.

Колку ќе биде ефективна вашата тактика ќе зависи од тоа колку се добри играчите на теренот. Колку се подобри играчите на теренот, толку повисок рејтинг ќе има и вашата тактика.

Пресинг

Тактиката пресинг значи дека вашите играчи повеќе ќе вршат поголем притисок врз противникот и повеќе ќе се фокусираат да ги пресечат противничките напади отколку да креираат свој напад. Пресингот може да биде добра опција ако сте инфериорни во однос на противникот и не сакате да примите многу голови.

Предности: Со оваа тактика ќе го намалите бројот на потенцијални шанси на двата тима во текот на мечот.

Негативности: оваа тактика ја троши издрживоста на вашите играчи побрзо од вообичаено.

Значајни вештини: За тактиката Пресинг, се зема во предвид вкупното ниво на вештината во одбрана и на издржливост на сите играчи. Ако играчот има специјалност “Моќен“, нивото на во одбрана се множи со два. Колку повеќе вашите играчи се заморени, толку потешко ќе им биде да вршат притисок врз противникот.

Секогаш кога некоја шанса ќе биде пропуштена благодарејќи на пресинг тактиката на некој од двата тима, тоа ќе биде споменато во коментарот од мечот. Но, нема да биде споменато во чија корист бил настанот. Ако двата тима играат пресинг тактика, ефектот ќе биде отприлика удвоен. Дополнително, кога играте против тим кој им тактика за удари од далечина, пресингот има голема шанса да спречи шанса за таков удар.

Контра-напади

Контра-напад тактиката значи дека намерно му дозволувате на вашиот противник да ја контролира топката, но во секој момент кога тој ќе пропушти шанса, вие добивате можност за брз контра-напад. Играњето на оваа тактика може да биде многу корисно доколку имате многу добра одбрана и напад, а слаб среден ред, а посебно кога вашиот противник нема силен напад.

Предности: добивате дополнителни шанси за гол секогаш кога вашата одбрана ќе запре противнички напад.

Негативности: губите 7% од јачината на вашиот среден ред.

Значајни вештини: Вкупната сума од вештините додавање и одбрана на вашите одбрамбени играчи, ќе го одредат нивото на тактиката контра-напад. Додавањето е два пати поважно од вештината во одбрана.

Само тимот кој не ја доминира средината во моментот на пропуштениот напад може да ја користи оваа тактика (имајте во предвид дека треба да имате послаба средина пред да се пресмета губењето од 7% како негативност од оваа тактика). Ако играте контра-напад, а имате посилен среден ред, во тој случај таа нема да функционира како што очекувате. Сите контра-напади се споменати во коментарот од натпреварот. Секогаш кога вашиот тим ќе добие контра-напад, шансите за уште еден се намалуваат.

Напад по средина

Напад по средина (Attacking in the middle-AIM) значи дека тимот повеќе ќе се фокусира на напади преку средниот напад на сметка на крилните напади. Практично, тоа значи дека кога вашиот тим ќе има напад, шансите се поголеми да добие напад преку средина наместо по крилата. Секогаш кога тоа ќе се случи, се намалуваат шансите истото да се повтори.

Предности: Околу 15-30% од нападите преку крила ќе се префрли на напад по средина.

Негативности: Се намалува вредноста на вашите крилни одбрани.

Значајни вештини: Вкупното ниво на вештината додавање на сите играчи, ќе го одредат нивото на тактиката напад по средина.

Секогаш кога некој напад е префрлен од крилните позиции во средината, ќе биде прикажано во извештајот.

Напад преку крила

Тактиката “Напад по крилни позиции“ функционира по истиот принцип како “Напад по средина“ само на обратен начин, односно, повеќе напади по крилните позиции, а помалку по средината. Бидејќи постојат помалку напади по средината отколку по крилните позиции, во овој случај процентуалната распределба малку се зголемува во однос на нападите на крилните позиции. Секојпат кога тоа ќе се случи, се намалуваат шансите настанот да се повтори.

Предности: 20-40% од нападите по средина ќе се префрлат на крилните напади.

Негативности: Се намалува вредноста на вашата централна одбрана.

Значајни вештини: Вкупното ниво на вештината додавање на сите играчи го одредуваат нивото на тактиката напад преку крилни позиции.

Секогаш кога некој напад е префрлен од средината кон крилните позиции, истиот ќе биде прикажан во извештајот на натпреварот.

Креативна игра

Тактиката играј креативно значи дека вашите играчи повеќе ќе ги користат специјалностите и другите атрибути во текот на мечот.

Предности: Го зголемувате максималниот број на специјални настани во текот на натпреварот - за двата тима, но Вашиот тим ќе има поголема можност за да ги добие. (двата типа - позитивни и негативни).

Негативности: Се намалува вредноста на одбраната.

Значајни вештини: за тактиката „играј креативно“ е важно играчите во поле да имаат високо ниво на вештина додавање и високо ниво на искуство (додавањето е поважно од искуството). Ако имате непредвидлив играч, неговиот придонес кон тактиката се удвојува. За добро да ја искористите оваа тактика, потребно е добро оптимизиран тим за специјални настани, односно препорачливо е користење на поголем број на играчи со специјалности и точна комбинација на вештини.

Удари од далечина

Кога ја користите тактиката удари од далечина, вашите играчи повеќе сакаат да ја завршат акцијата со удар од далечина, одколку да градат целосна акција за напад. Со други зборови, менувате напади по средина или крила, со удари од далечина. Се сведува на шутерот, против голман тактика. Ова е добро кога имате слаби напади по средина и крила, на сметка на играчи кои имаат добра вештина на удари од прекин.

Предности: Тактиката на удари од далечина зема околу 30% од средните и крилните напади.

Негативности: Ослабување на нападите по средина и крила, како и средината.

Значајни вештини: Вештините на напад и удари од прекин за играчите во поле, го определуваат нивото на тактичката вештина удари од далечина. Вештината во напад е три пати поважна од ударите од прекин.

Кога некој напад ќе се претвори во удар од далечина, секој тим кој користи пресинг тактика ќе има шанса да ја задржи оваа шанса. Доколку не се задржи оваа шанса, во тој случај играчите во поле го изведуваат шутот. Квалитетот на шутот зависи од вештината во напад и удар од прекин и во тој случај голманот ќе се обиде да го обрани шутот со својата вештина на гол и удари од прекин. И за играчот и за голманот важи дека е подобро да се има од двете вештини по малку, одколку многу повеќе од едната вештина.

Ударите од далечина се појавуваат во извештајот од натпреварот, вклучувајќи ги и пронмашувањата.

Замени

Како што беше споменато и во поглавјето за местење на тимот, доколку некој од вашите играчи се повреди во текот на натпреварот, замената за тој дел од теренот автоматски влегува во игра. Но, во младинската академија имате можност однапред да давате команди за замени.

Определување на замените

Со оваа опција ви се дава можност однапред да определите кој играч ќе биде заменет со кој во текот на натпреварот било од тактички причини или само да го смените заморениот играч со свеж. На пример, можете да смените напаѓач со дополнителен одбрамбен играч за да го обезбедите водството на вашиот тим, или да направите обратна замена ако губите. Исто така, можете да ги бирате и индивидуалните наредби на играчите.

Додавање на замена

За да се додаде замена треба да одите во делот за наредби за натпреварот, па да влезете во јазичето "Замени / Налози". Изберете го играчот кој сакате да го напушти теренот и играчот кој сакате да го замени, па потоа одредете ги условите под кои таа замена би настанала. Замената можете да ја креирате во која минута да се случи и/или во зависност од движењето на резултатот на мечот, во делот "дополнителни услови". Исто така, во дополнителните услови можете да додадете замена доколку вашиот или противничкиот играч добие црвен картон и да извршите замена на позициите на играчите.

Промена на однесувањето на играчот

Промената на однесувањето исто така се прави во јазичето за "Замени / Налози". Исто како што ги одредувате условите под кои би се направила замената, исто така ја давате и индивидуалната наредба за промената на неговото однесување на теренот.

Можете да дадете пет наредби за промена

Можете да дадете максимум пет измени на играчите (било да се замени или промена на индивидуални наредби).

Наредбите се ефектуираат тогаш кога условите за кои се зададени ќе се исполнат

Сите наредби за промени во текот на мечот ќе се случат ако се исполнат условите кои се зададени при нивното креирање пред мечот. Ако условите не се исполнети, промената нема да се случи. На пример, ако сте наместиле да имате замена во 65-та минута при било кој резултат, замената на играчот ќе се случи во 65-та минута. Но, доколку сте наместиле да имате замена во 70-та минута и доколку сте во водство, замената ќе се случи помеѓу 70 - та минута и крајот на мечот во оној момент во кој ќе се исполни вториот услов. Така да, ако поведете во 80-та минута, на пример, вашата замена ќе се случи во тој момент.

Ако на пример сте поставиле наредба да се извршат две замени во 70-та минута и тоа едната ако сте во водство, а другата ако водите со повеќе од еден разлика, а во тој момент резултатот е 3-0 за вас - ќе се извршат двете дадени наредби.

Имајте во предвид дека ако сте дале две наредби со ист услов (минута и резултат на пример), тие нема да се случај во истиот момент, туку според редоследот како се креирани.

По завршување на натпреварот, можете да го видите (но не и вашиот противник) списокот на сите наредби на играчите, преку линк кој води до страната каде играчите се оценети со ѕвезди, заедно со информациите кога се извршени и зошто не се извршени тие наредби.

Не можете да реагирате на повреди

Не можете да давате наредби за замени во случај на пореда на играч. Доколку тоа се случи во текот на мечот, системот сам си го регулира тој момент. Тоа исто така значи дека неочекувана повреда може да ги помати вашите планови со дадените наредби за замени, но тоа е така и во реалниот фудбал.

Психологија

Водењето на еден фудбалски клуб не се сведува само на тренинг и тактика, туку и психологија исто така. Вашиот тим треба да истрча на теренот со желба за победа и во верба во своите способности. Тие два моменти имаат големо влијание врз резултатот од мечот, но и обратно, постигнатите резултати влијаат врз психолошката состојба врз играчите.

Тимски дух

Атмосферата во клубот има големо влинајие врз перформансите на вашиот тим. Тимскиот дух влијае врз вашите рејтинзи на средниот ред, односно колку е тој повисок, толку ќе освоите поголем дел од поседот на топката во текот на натпреварот. Врз тимскиот дух влијаат многу работи, но во најголем дел, нивото на лидерство на вашиот тренер, тимскиот став во текот на мечот, трансферите и психологот.

Самодоверба

Вашите играчи мора да веруваат во себе и во своите способности. Тим со ниска самодоверба има потешкотии да ги претвори во голови створените шанси. Високото ниво на самодоверба, секако е добра работа, но ако тоа се зголеми премногу, може да се случи вашите играчи да го потценат противникот (за повеќе информации погледнете подолу). Самодовербата се рефлектира во рејтинзите на нападот. Самодовербата во голем дел зависи од постигнатите резултати, но исто така и психологот и тренерот со високо водство имаат способност да ја зголемат самодовербата до одреден степен.

Тимски став

Пред секој првенствен меч, треба да му кажете на вашиот тим колку тој натпревар е важен. Тимскиот став влијае врз рејтинзите од средниот ред и врз поседот на топката во текот на мечот. Имате три опции:

Меч на сезоната: Вашите играчи ќе дадат сè од себе за да го добијат натпреварот. Но, од друга страна, по завршувањето на натпреварот, тимскиот дух ќе претрпи значителен пад со што вашите играчи нема да може да играат како што очекувате од нив во следните мечеви.

Нормално: Играчите ќе се трудат вообичаено во текот на мечот.

Играј опуштено: Со тоа на вашите играчи им давате инструкција да не се оптоваруваат премногу со мечот затоа што во следните кола следат многу поважни мечеви на кои треба да се фокусираат. Веднаш по мечот на кој сте дале ваква инструкција, тимскиот дух ќе порасне со што расне и капацитетот и способностите на вашиот среден ред.

Личен карактер на играчот

Сите играчи имаат свој персонален карактер. Нечесните и агресивни играчи имаат тенденција почесто да добиваат жолти картони од останатите. Водството пак, е важно при одлучувањето на кој играч ќе му ја доделите капитенската лента како и кого од нив ќе го подготвувате за иден тренер.

Психолошки специјални настани

Текот на мечот може да има ефект врз однесувањето на играчите на вашиот тим во однос на наредбите што ги добиле од тренерот. Тие психолошки настани нема да влијаат врз тимскиот дух или самодовербата за идните натпревари, туку само на начинот на кој вашиот тим игра во тековниот меч. Тимот што ќе стекне водство од два или повеќе голови ќе почне да го губи напаѓачиот моментум и да се фокусира повеќе на одбраната. Овој ефект ќе се зголемува како што се зголемува и водството: за секое зголемување на гол разликата, нападот ќе се намалува за 9%, а одбраната ќе се зголемува за 7,5%, и обратно: при намалување на водството ефектот на напад и одбрана ќе се редуцира за гореспоменатите проценти. Горната граница на гол разликата е 8, по што рејтинзите на тимот ќе престанат да се променуваат.

Во некои ситуации играчите ќе одолеат на психолошкиот ефект. Ако на играчите им е дадена наредба „Натпревар на сезоната“, тие нема да се повлечат во дефанзива дури и ако имаат високо резултатско водство. Истото важи и доколку тимот игра во финалето на некој од Националните Купови или Hattrick Masters финалето или последното коло од лигата. За репрезентациите, тимот нема да се повлече во меч од полуфиналето на Светскиот куп, додека во континенталните купови или Купот на нации нема повлекување од четвртфиналето па натаму.

Исто така, ако тимот прикажал невообичаено лоша игра во текот на првото полувреме што резултирало со неповолен резултат, може да добијат совети од тренерот на полувремето и да си ја повратат својата игра во вториот дел од натпреварот.

Потценување

Доколку се среќавате со тим кој се наоѓа на пониска позиција од вас, а вашата самодоверба е цврста или повиско ниво, во тој случај вашите играчи може да го потценат противникот и да одиграат под нивните можности. Ризикот од потценување на противникот зависи од разликата во поени и места на табелата, нивото на самодоверба и ставот кон натпреварот. колку е поголема разликата, толку е поголем и ризикот. Единствен начин да се избегне ризикот од потценување е да се одигра меч на сезоната.

Во случај да го потцените противникот; разликата во поени, нивото на самодоверба, ставот на тимот како и теренот на кој се одигрува натпреварот, се факторите кои одлучуваат дали ќе дојде до потценување. Зависно од резултатот, на полувремето можно е стабилизирање на ситуацијата и тоа: целосна стабилизација доколку губите, 2/3 во случај на нерешен резултат и 1/3 доколку вашиот тим е во водство.

Запомнете дека потценувањето на противникот може да се случи само во натпреварите во лигата, но не во првите три кола.

Трансфери

Трансферот значи купување на посакувани и продавање на непотребни играчи. Мсимално дозволен број на играчи во тимот е 50. Страната за трансфери ви дава целосен преглед на играчите што ги купувате или продавате во тој момент. На страната можете да видите некој играч кој бил претходно во вашиот тим, а е ставен на трансфер листа, од кого исто така добивате пари при трансферот.

Продажба на играч

За да продадете некој играч, треба да го ставите на трансфер листа, што го правите од персоналната страна на самиот играч. Ја одбирате неговата почетна цена и го ставате на трансфер. За да добиете претстава колку реално изнесува вредноста на некој играч, доволно е да кликнете на опцијата Споредбени трансфери и да добиете своја сопствена слика. Како и да е, играчот треба да има одиграно барем еден натпревар за вашиот тим, за да може да биде ставен на трансфер листа, односно колку пати играл во вашиот клуб, толку пати може да биде поставен на трансфер листа. Ова не важи за вашите млади играчи, како и за играчите кои сте ги наследиле со клубот. Играчот ќе биде на трансфер листата 3 дена пред да го напушти вашиот клуб за клубот кој дал највисока понуда за него, секако, доколку се појави заинтересиран купувач кој дал понуда. Продадениот играч по истекот на трансфер рокот го напушта стариот клуб, освен ако некој од двата инволвирани клуба во тој момент игра натпревар. Во тој случај играчот ќе биде трансфериран веднаш штом ќе заврши мечот. Ако не се најде купувач во тие три дена, тој останува во вашиот клуб. Доколку поставувањето на играчот на трансфер е погрешно, можете да го откажете трансферот. Ова е можно во првите 10 минути од поставување на трансфер, под услов дека за истиот не е добиена понуда. Трошоците за поставување на играчот на трансфер нема да ви бидат вратени. По завршувањето на овој период, единствен начин да го задржите е да дадете највисока понуда за него, односно да си го откупите сами од себе.

Купување на играч

За да купите играч, најпрво го посетувате трансфер пазарот. Ги поставувате параметрите каков тип на играч барате. Од понудата што ќе ја добиете, доколку некој ви се допаѓа, влегувате на неговата персонална страна кликнувајќи на неговото име. Вашата понуда мора да е најмалку 1 000 US$ или 2% зависно која е поголема сума. Доколку никој нема понудено за тој играч, во тој случај ќе можете да наддадете за бараната сума се додека таа е еднаква или поголема од 1 000 US$. Имајте во предвид дека вашата понуда за играчот заедно со неговата плата (која ја исплаќате веднаш штом тој стане ваш играч) не смеат да ве турнат во минус повеќе од 200 000 US$.

Во лицитацијата за играчот можете да учествувате со свои понуди се до последната секунда од неговиот трансфер рок. Ако некој даде понуда во последните три минути од рокот, тој ќе биде продолжен за уште три минути.

Од голема помош при купувањето на играчи се информациите кои се однесуваат способности, карактер и слично. Исто така можете да ја користите и опцијата “споредба на трансфер“ за да видите колку приближно играч со слични вештини бил продаден на трансфер пазарот.

Автоматска понуда

Автоматската понуда функционира исто како и секоја нормална понуда. Ако ставите максимална сума до која би оделе, системот сам ќе дава понуди место вас кога тоа е потребно секогаш зголемувајќи ја понудата за минималниот износ (2%, 1 000 US$ минимум).

Можете да ја промените (да ја зголемите или намалите) вашата максимална автоматска понуда во секое време, но не можете да ја тргнете вашата моментална (највисока) понуда ако таа е официјалната во тој момент. Максималната сума од вашата понуда е видлива само за вас, а другите менаџери ја гледаат вашата моментална понуда ако е активна.

Можете да имате само една активна автоматска понуда. Доколку вашата автоматска понуда го достигне максимумот тогаш се смета дека немате таква активна и можете да поставите нова.

Во некои посебни случаи (кога два тима даваат иста автоматска понуда или кога има два тима со автоматска понуда еден контра друг) важат правилата на логиката, а еве и неколку такви примери.

Агент, матичен клуб и трансфер провизија

Самото ставање на играчот на трансфер листа ќе ве чини 1 000 US$. Откако трансферот ќе се комплетира, агентот на играчот, неговиот матичен клуб и претходниот клуб каде што играл ќе земат дел од сумата за која е продаден. На персоналната страна на играчот можете да видите колку точно ќе задржите за вас. Еве го начинот на поделба:

Колку агентот ќе земе зависи од тоа колку долго играчот бил дел од вашиот клуб.

Матичниот клуб секогаш зема по 2% од продажната цена. Што значи, кога сте вие матичен клуб, ќе добивате 2% од секој трансфер кој играчот ќе го направи. Да напоменеме дека приходот за матичен клуб нема да ви биде исплатен кога играчот од вашата академија ќе биде прв пат продаден од стана на вашиот клуб.

Претходниот клуб зема до 3% од продажната цена во зависност од бројот на одиграни натпревари за претходниот клуб.

Погледнете ги табелите за повеќе информации.

Кога продавате играч кој е излезен од вашата младинска школа, вашиот клуб не се смета за претходен клуб. Но, кога тој играч следниот пат ќе биде продаден ќе земете процент од зделката и како матичен и како претходен клуб доколку тој одиграл еден меч за вашиот тим.

Трансферот ќе биде пренесен во Резервите на Бордот

При продажбата на некои играчи, Одборот може да одлучи да префрли дел од парите во Резервите на Бордот за подоцнежна употреба.

Ова ќе биде случај со одредени играчи, и за најголем дел од менаџерите ќе биде редок случај.

Бордот ќе ве извести, во моментот на поставување на играчот на листата на трансфери, дали тоа ќе биде случај и, доколку е кој процент ќе биде назначен во Резервите.

Бордот може да го направи тоа кога мислат дека играчот е ставен на трансфер од спекулативни причини, или како начин на зачувување на вредност. Од нивна гледна точка играчот нема причина да биде заменет со друг од за тимот да биде конкурентен. (Ваквите играчи беа нарекувани „Златни прачки“, бидејќи не губеа од својата вредност).

Засега, Бордот ќе задржува пари од Голмани (кои имаат барем Солиден ниво на голман) и потенцијални идни тренери (барем солидно ниво на водство и барем недоволно искуство).

Процентот од продажбата што бордот ќе ја пренасочи во Резервите зависи од тоа на колку натпревари играчот има играно за Вашиот тим во последно време.

Како општо правило е дека од играчите кои се редовно во стартниот состав, сите пари ќе бидат задржани во актива - нема да се назначени дел од нив во Резервите. Како редовно ќе се смета дека играат барем 60 минути еднаш неделно.

Отсуствата кои се должат на повреда нема да бидат земени во предвид, но доколку здрави играчи не настапуваат за тимот Бордот ќе задржи поголем дел од парите во Резервите на Бордот.

Пример: Играч кој одговара на критериумите на “Златна прачка” има играно на сите натпревари цела сезона. Кога менаџерот ќе се одлучи за негово продавање, Бордот нема да интервенира - сите средства (после одбивањето на трошоците за агентот) ќе бидат достапни како активни средсва во буџетот. Меѓутоа ако играчот не е продаден и играчот биде ставан во игра: - После 2 недели, 12% од средствата ќе бидат пренасочени кој Резервите на Бордот. - После 4 недели на неиграње, ќе се зголеми до 24%.Ако менаџерот се одлучи да го става играчот во стартната постава, после 6 недели назад во стартниот тим, играјќи во лигашки или куп натпревари, играчот пак ќе може да биде продаден, без да има пренасочување на пари во Резервите на Бордот.

Како општо правило потребни се 3 недели играње во лигашки или куп натпревари за да се надокнади 2 недели неактивност. Ако играат само во пријателски надокнадувањето трае 2 пати подолго. Ако играчот е играч кој цела кариера ја поминал во вашиот клуб (едноклубен), Бордот нема да задржи пари во резервите, без разлика на неговите вештини и статусот на настапи. Ова важи и за играчите кои му се приклучиле на клубот по последните 2 недели и со тоа немале доволно време да стигнат да бидат дел од првиот тим.

Трансферите имаат влијание врз тимскиот дух

Секогаш кога купувате или продавате играч, постои опасност од пад на тимскиот дух. Ризикот се зголемува кога продавате симпатично момче, или купувате некој кој е контроверзен по својата природа. Доколку продадете млад играч во првите 6 дена, тоа нема да има никаков ефект на тимскиот дух.

Прекини на серверите

Понекогаш, крајниот рок на трансферираните играчи може да биде продолжен (на најфер можен начин) во случај на прекини на серверите. Имајте во предвид дека понекогаш се случува серверите да се вратат во игра токму пред крајниот рок на Вашиот играч. Трансферот ќе биде комплетиран штом новиот играч дојде во неговиот нов клуб и може дотогаш да се пролонгира крајниот рок.

Ќе се коцкате доколку чекате до последен момент пред да направите потег. Затоа е подобро да го ставите играчот на продажба по цена која мислите дека е разумна, оти ризикувате да го продадете за многу пониска цена од она за која се надевавте, за да избегнете било какво разочарување, поради неочекувана грешка во серверот.

Фер плеј на трансфер пазарот

Добрите играчи и парите се едни од главните атрибути на Hattrick, што значи дека е мошне важно ниеден тим да не извлече бенефит од разни манипулации на трансфер пазарот. Во тој контекст, купување на играчи со “напумпани“ цени е строго забрането како и било каква активност која значи давање на нефер финансиски бенефит на тимот). Вредноста на пазарот играчот ја добива според неговите атрибути, вештините, возраста, потенцијал за репрезентација, односно сето тоа што влијае на неговата игра.

GameMaster-те имаат потполно право да поништат некој трансфер поради висока цена на играч, да го казнат тимот, па дури и да г банираат учесниците кои се инволвирани во случајот. Доколку за некој ваш играч на трансфер листа добиете енормно поголема понуда, во тој случај потребно е веднаш да го контактирате вашиот локален GameMaster. За контакт кликнете тука contact page.

Младински играчи

Младински играчи

Можете да се стекнете со млади играчи за вашиот сениорски тим преку регрутирање на млади играчи. Ова можете да го сторите на два начина:

  • Регрутирање на млад играч за сениорскиот тим преку директно користење на скаутот од сениорскиот тим.
  • Со отворање на младинска академија каде што можете да регрутирате млади таленти и да ги развивате нивните вештини. Можете да играте мечеви против други младински тимови во приватни или јавни лиги и евентуално да ги промовирате вашите млади таленти во сениорскиот тим.

Пронаоѓањето на играчи преку мрежата од скаути и нивната регрутација во сениорскиот тим е многу едноставен и ефикасен начин да се здобиете со млади играчи. Од друга страна водењето ја младинската школа претставува поголем предизвик, но истото може да доведе поголема придобивка.

Можете да користите само еден систем во исто време. Доколку имате младинска академија, не можете да промовирате млад играч од стариот систем. Во секој случај, трошоците од младинската академија се сметаат како да сте инвестирале во стариот систем со што не би изгубиле доколу се решите да ја затворите младинската и сте го активирале стариот систем.

Младински Тим

Секоја недела можете да промовирате по еден играч во првиот тим. Колку е скаутинг мрежата подобра, толку се поголеми шансите да извлечете подобар играч. Немате никакви опции каков тип на играч да извлечете освен дали тој да биде голман или играч во поле. Не надевајте се дека секогаш ќе добиете добар играч од подмладокот, често ќе се случи новите играчи од подмладокот воопшто да не се квалификуваат за во првиот тим. Ако еден или двајца само би успееале да добијат место во првиот тим би требало да бидете задоволни.!

Некои клубови инвестираат повеќе некои помалку во помладокот, а некои воопшто не инвестираат, туку купуваат млади од трансфер-листата. Ако сте одлучиле да создавате помладок, бидете подготвени да почекате некое време додека се создадат добри играчи и инвестицијата почне да се враќа. Тоа секако нема да се случи додека вашата скаутинг мрежа е на ниско ниво на вештина.

Секоја недела ви е дозволено да вложите голема (20 000 US$), средна (10 000 US$) или мала (5 000 US$) сума за подмладокот. Повеќе мали инвестиции можат да бидат поефикасни од неколку големи. Со други зборови, добро е да планирате долгорочно - ако планирате да инвестирате повеќе средства во скаутинг, големите инвестиции се вистинскиот пат во пократко време да почнете да гледате резултати од вложените пари. Ако сакате структурата да ја градите постепено, тогаш правете помали инвестиции. Имајте во предвид дека е пожелно инвестициите да ги правите редовно затоа што ако ги прекинете тогаш нивото на вештина за кратко време ќе падне надолу. Ако тоа се случи, потоа ќе треба повеќе време за нивото да се зголеми.

Неделно можете да промовирате само по еден играч. Доколку не направите некоја промена, сумата на пари која ја вложувате за подмладокот тековната недела, ке биде иста и за следната.

. Промовирањето на млад играч во првиот тим, ќе го чини вашиот клуб 2 000 US$ .

Информации за активностите на помладокот се наоѓаат под менито "Мојот Клуб" , под "Младински Тим" одделот. Тука е исто и местото каде што можете да ја внесете сумата која сакате да ја инвестирате секоја недела за младите.

Младинска Академија

Поседувањето на младинска академија значи дека вие активно ќе го менаџирате вашиот младински тим. Вработувате скаути, одредувате тип на тренинг и ја одбирате поставата и тактиката. Вашиот младински тим ќе се натпреварува во младинска лига по ваш избор; на пример, можете да играте во лига заедно со вашите пријатели или колеги. Понекогаш вашиот младински тим ќе може да игра пријателски против други младински тимови од целиот свет.

Активирање на младинска академија

Можете да ја активирате вашата младинска академија од менито „Мојот Клуб“, под „Младински Тим, Преглед“ одделот. Ќе добиете еден тренер и еден скаут кои се назначени за тимот. За да се овозможи сето ова, потребно е сите инвеастиции, претходно да се сведат на нула. Исто така ќе добиете некои млади играчи веднаш за да овозможи вашиот тим да игра натпревари уште од стартот. Како и да е, овие играчи се случајно избрани момчиња од локалното школо и се далеку од талентирани.

Младинската лига

Вашиот младински тим се приклучува кон младинска лига по ваш избор, освен ако не изберете да создадете ваша. Младинската лига може да има 4, 6, 8, 12 или 16 тима, и може да биде приватна (креаторот на лигата ги поканува луѓето во лигата) или јавна (слободна за секого да се приклучи).  Креаторот на лигата исто така може да одбере кога ќе се одигруваат натпреварите. Лигата започнува автоматски, веднаш штом ќе се пополни со тимови.

Скаутите

Кога ќе ја активирате вашата младинска академија веднаш ќе добиете младински скаут кој ќе биде назначен за тимот. Вие одбирате во кој регион треба да бара таленти, а исто така можете да му кажете да бара специфичен вид на играч.Доколку му кажете да бара специфичен вид на играч (на пример - крила) во најголем број пати ќе ви понуди такви играчи, но тие играчи општо земено ќе бидат полоши.

Вие можете да најмите нови дополнителни скаути доколку скаате, но неможете да имате повеќе од три скаути (и не помалку од еден).Еднаш неделно, секој скаут ќе ви понуди играч кога ќе му се јавите.

Доколку имате повеќе од еден скаут, можете да добиете и втора понуда (и трета доколку имате и трет скаут), но само доколку ја одбиете првата. Но запомнете, доколку одберете да ја одбиете првата понуда нема да можете да ја повратите таа одлука. Еднаш штом сте рекле „Не“ на понудата, тоа е дефинитивно.

Играчите

Вашата младинска академија може да има максимум 18 играчи во исто време. Играчите кои ќе се приклучуваат на академијата ќе бидат од 15 до 16 години. Повеќето од вештините ќе треба да се откријат понатаму, што значи дека вие нема да можете да ги видите сите нивни вештини или карактери, како што можете кај сениорските играчи. За да ги увидите вашите играчи ќе треба да ги пробате на неколку различни позиции на теренот, да видите каде тие играат најдобро. На ваша помош ќе бидат нивните Ѕвездички, коментарите на скаутот и извештајот од тренерот. За време на тренингот ќе можете да ги откривате нивните вештини, а за повеќе информации околу ова ќе можете да најдете во делот за тренинг. Дополнителна помош, исто така може да најдете во известувањата од натпреварите.

Натпревари

Еднаш во неделата вашиот младински тим игра лигашки натпревар, а секоја трета недела ќе има можност да игра пријателски натпревар. Ги давате вашите наредби однапред и ја одбирате тактиката која сакате да ја играте, баш онака како што правите во вашиот сениорски тим. Доколку не поставите никаква наредба, или доколку поставата не е комплетна, момците од клупата сами ќе ги пополнат тие празнини. Прво ќе постават голман, потоа позициите во одбраната (максимум 5), потоа следи средината и крилата (максимум 5) и на крајот нападот (максимум 3).

Тренинг

Младинските играчи можат да се фокусираат на два типа на тренинг во исто време, еден примарен и еден секундарен. Примарниот тренинг е поефективен од секундарниот. Можете да одберете да ја тренираат истата работа (на пример „Одбрана“) како примарен и како секундарен тренинг, но ефектот од тренингот ќе биде поголем доколку одберете два различни типови на тренинг.

Младинските играчи добиваат тренинг од лигашките натпревари (максимален ефект) и пријателските натпревари (помал ефект). Тренингот за младинските играчи се пресметува после секој меч, па тие некогаш може да добијат тренинг двапати во една седмица. Инструкциите за тренингот морате да ги дадете барем 10 минути пред почетокот на мечот. Ефектот на тренингот е видлив веднаш по секој одигран натпревар по што следи и извештај од вашиот тренер за тоа што се случило во тимот, со многу добри совети за напредокот кај играчите. Исто така ќе добите шанса да ги откриете вештините:

Околу тренингот на примарна вештина, вашиот тренер ќе ве информира околу моменталното ниво на вештина за еден играч кој одиграл минимум 44мин. на позиција која се тренира (односно, добива повеќе од многу мал ефект). Истото се случува и со тренингот на секундарните вештини, но во овој случај тренерот ќе ве информира за максимумот, а не за моменталното ниво на вештина. Извештај за играч нема да биде покажан ако играчот го достигне максималното ниво на вештина во тековната седмица, наместо тоа, во извештајот ке стои дека играчот нема да продолжи да ја трениратаа вештина.

Запомнете дека нема да добиете исвестување за секундарниот тренинг, само во случај ако тој е ист со примарниот. Ако на играчите, на позиција која се тренира, вештините се откриени, во тој случај секако дека тренерот нема да ви даде никаква информација од овој тип. Ако кога ќе заврши мечот имате на теренот помалку од 8 играчи тогаш ниедна вештина нема да биде откриена

Вашиот тренер, дополнително ќе ве извести за еден од трите играчи со најголем потенцијал (највисоко ниво на вештина), односно за вештината која не е опфатена со тренингот.

Промовирање во сениорскиот тим

Секоја недела ќе имате можност да промовирате млад играч во вашиот сениорски тим. Младинскиот играч мора да има барем 17 години и да бил член на младинската академија барем една сезона (112 денови) пред да имате можност да го промовирате. Како и секогаш, не можете да имате повеќе од 50 играчи во сениорскиот тим. Штом играчот ќе наполни 19 години, тој нема да може да игра натпревари за вашиот младински тим. Немора да го напушти вашиот младински тим, но нема да можете да го видите на терените се додека не го промовирате во вашиот сениорски тим.

Трошоци

Кога ќе ја започнете младинската академија вие еднократно плаќате трошок за регистрација од 5 000 US$ моменталните клупски трошоци. Одржувањето на младинската академија со еден скаут чини 10 000 US$ неделно и секој дополнителен скаут чини 5 000 US$. Исто така плаќате дополнителни 5 000 US$ како бонус за првата недела од вработувањето на еден нов скаут. Неделните трошоци за академијата ќе бидат објавени во "Трошоци за младинците" во вашиот неделен финансиски извештај. Академијата нема персонал, а играчите зависат од нивните родители кои се грижат за превозот, модринките, повредите и слично - што го прават без дополнителни трошоци. Во исто време младинските академии немаат никаков приход, единствените навивачи обично се нивните родители или другари на младинските играчи.

Промовирање на младински играч во вашиот сениорски тим чини 2 000 US$.

Освен трошокот што треба да му се плати на вашиот скаут доколку му кажете да пребарува играчи во други региони, можеби ќе треба да му платите и карта за авион.

Затворање на академијата

Доколку сакате да ја деактивирате вашата младинска академија, тоа можете да го направите во меѓусезоната на младинската лига или ако вашиот тим не е член на ниедна младинска лига. Притоа, мора да го чувате вашиот младински тим барем шест недели. Исто така можете да ја рестартирате младинската академија, дури и на сред сезона, со кликање на копчето „Рестартирај го младинскиот тим“. Но, активирањето на оваа опција значи дека сите твои младински играчи и скаути ќе бидат отпуштени, твојата стар тим ќе остане во тековната лига, а ти ќе треба да најдеш нова лига за твојот нов младински тим. Оваа опција може да се искористи само еднаш во 3 сезони (48 недели)

Опцијата „рестарирај ја младинската академија„ е достапна само ако академијата е неактивна (не се направени повици кој скаутите) барем 3 недели или ги немате повикано скаутите во актуелната недела и имате помалку од 9 играчи кои имаат право на настап (под 19 години) во вашата академија.

Лигашки систем

Hattrick сезоната трае 16 недели: 14 лигашки кола (по 8 тима во секоја дивизија кои играат секој со секого дома и во гости), една недела за бараж натпреварите и една недела без лигашка активност.

Шема на дивизиите

Бројот на лигите, односно нивоата може да варира од една до друга земја, но основната структура секогаш е иста. На пример, лигашкиот систем за Италија изгледа вака:

1 Serie A (Прва лига) 4 дивизии II лига (II.1, II.2, II.3, II.4) 16 дивизии III лига (III.1, III.2 итн.до III.16) 64 дивизии IV лига (IV.1, IV.2, итн.до IV.64) 256 дивизии V лига (V.1, V.2 итн.до V.256) 1024 дивизии VI лига (VI.1, VI.2 итн.до VI.1024) 1024 дивизии VII лига (VII.1, VII.2 итн.до VII.1024) 2048 дивизии VIII лига (VIII.1, VIII.2 итн.до VIII.2048) 2048 дивизии IX лига (IX.1, IX.2 итн.до IX.2048) 4096 дивизии X лига (X.1, X.2 итн.до X.4096) 4096 дивизии XI лига (XI.1, XI.2 итн.до XI.4096)

По нивото 6, односно од шеста лига па нагоре, бројот на дивизии се удвојува на секое второ ниво.

Промоција испаѓање и бараж

Ако сте прв во вашата дивизија или директно ќе се пласирате во погорна лига или ќе играте бараж за промоција. Од втора до шеста лига, победниците на дивизиите или добиваат директна промоција или играат бараж. Во пониските лиги сите шампиони на дивизиите добиваат директна промоција. Во непарните лиги од шеста нагоре (седма, деветта) и вториот на табелата директно се пласира во повисоката лига.

Победниците на дивизиите кои играат бараж за противник ги добиваат петто или шесто пласираните од погорната лига. Најдобриот тим од оние кои играат бараж се среќава со најслабиот шестопласиран тим од погорната лига, а најслабиот шампион игра со најдобриот петтопласиран. Баражот секогаш се игра на теренот на клубот од погорната лига. Доколку оној од пониска лига победи, двата тима си ги менуваат местата во системот. Ако оној од повисоката лига победи, тој обезбедува опстанок, а шампионот останува во истата лига и идната сезона.

Ако завршите на седмо или осмо место испаѓате во пониската лига, освен ако не сте во најниската лига. Над 6та дивизија, најдобро рангираниот седмопласиран тим кој испаѓа, ќе го замени местото со најдобро рангираниот тим кој се промовира во повисока лига. Најслабо рангираниот тим кој испаѓа, го завзема местото на најслабо рангираниот тим кој се промовира во повисока лига. Ако испаѓањето е од 6та дивизија и надолу, најдобро рангираниот седмопласиран тим кој испаѓа, ќе го замени местото со најслабо пласираниот тим кој се промовира во повисока лига.

Во дивизија 7 и 9, тимовите што завршиле на 3то и 4то место ќе играат квалификации за промоција, а во дизивиите 8 и 10, тимовите што завршиле на 2ро место ќе играат квалификации за промоција.

Промена на дивизии

Ако вашиот тим се натпреварува во некоја од трите најниски нивоа на лиги, може да ја смени својата дивизија со друга. За ова да е изводливо треба да има слободно место во дивизијата во која сакате да се приклучите што ќе биде видливо на табелата од таа дивизија за време на времетраењето на дозволеното менување дивизии. Имајте во предвид дека ако имате два тима поради вашиот Supporter пакет, не е дозволено тие да играат во иста дивизија.

Промоција и испаѓање на бот

Бот тимовите никогаш не се промовираат во повисок ранг на натпреварување, дури и ако завршат на првото место во нивната лига. На крајот на секоја сезона, сите бот тимови во VI и пониска дивизија, ќе испаднат од лигите на нај ниската можна позиција. Сепак постои еден исклучок: Во V дивизија, сите првопласирани ботови ќе бидат промовирани во повисоки лиги, или пак ќе играат квалификации.

Како што бот тимовите испаѓаат од дивизијата, дополнителни тимови ќе добијат можност да играат во повисока дивизија. Овие тимови се наречени "Среќни Губитници" и ќе бидат тимови кои изгубиле квалификациски натпревари или во некои случаи кога тимови се испаднати директно. Можете да одберете да не добиете промоција од ваков тип во тимските поставувања.

If there are more bots on the non-bottom divisions than managers in the bottom division, the system automatically closes the bottom division, and hence makes preparations for it.

Позиција на табелата и рејтинг

Конечните табели се формираат по следниов редослед: број на освоени бодови, гол разлика, па дадени голови. Ова всушност го одредува вашиот ранг, според кој се формираат двојките за баражите како и за костурот на купот за идната сезона. Рејтингот е базиран врз: место на табелата, бодови, гол разлика, дадени голови. Доколку сите параметри бидат исти и за формирање на табелата и за рејтингот се решава со виртуелна ждрепка.

Парични награди

На крајот од сезоната, клубовите од прво до четврто место во секоја лига добиваат бонус. Колкава е неговата висина зависи од лигата и од местото на табелата:


Нивоа: 1 2 3 4
Лига I 2 000 000 US$ 1 175 000 US$ 825 000 US$ 500 000 US$
Лига II 1 350 000 US$ 1 050 000 US$ 750 000 US$ 450 000 US$
Лига III 1 200 000 US$ 925 000 US$ 675 000 US$ 400 000 US$
Лига IV 900 000 US$ 700 000 US$ 500 000 US$ 300 000 US$
Лига V 600 000 US$ 475 000 US$ 325 000 US$ 200 000 US$
Лига VI 525 000 US$ 400 000 US$ 300 000 US$ 175 000 US$
Останати лиги 450 000 US$ 350 000 US$ 250 000 US$ 150 000 US$

Исто така постои бонус од 10 000 US$ кој му следува на клубот што го има најдобриот стрелец во дивизијата. Сезонските бонуси се исплаќаат по одигрувањето на последниот меч од сезоната. Ако двајца играчи имаат постигнато ист број на голови, тогаш двата клуба добиваат награда, но ако двајцата играчи се од ист клуб - му следува само една награда.

Бонус за промоција

Ако директно се промовирате во повисока лига ви следува бонус и за тоа покрај наградата за освоеното прво место. Исто така, промоцијата значително ќе ви го зголеми и вашиот клуб на навивачи со тоа што добивате уште 10% членови повеќе. Во обратен случај, доколку испаднете од лигата, 10% од навивачите ќе си заминат од клубот. Во случај ако добиете "бесплатна" промоција, во тој случај добивате само зголемување на бројот на вашите навивачи. Ова важи и за промовираните на места на ботови.


Нивоа: Директно промовиран Промовирани по бараж
Лига I - -
Лига II 500 000 US$ 175 000 US$
Лига III 450 000 US$ 150 000 US$
Лига IV 400 000 US$ 125 000 US$
Лига V 300 000 US$ 100 000 US$
Лига VI 200 000 US$ 75 000 US$
Останати лиги 175 000 US$ 50 000 US$

Куп систем

Учествувањето во некој од Hattrick куповите е одлична можност за секој менаџер да се здобие со искуство како тој, така и неговите играчи, но и да заработи солидни средства за клупската каса. Hattrick купскиот систем е дизајниран за да им даде можност на менаџерите од сите нивоа. Неговиот формат е таков да му се гарантира на секој тим минимум од три куп средби на различни нивоа во секоја сезона.

Ако тимот е елиминиран од Националниот куп, тогаш се префрла во некој од пониските купови по ранг. Ако вашата земја има повеќе од 6 нивоа на лиги во тој случај ќе има и Дивизиски куп за секоја лига под ниво 6. Тимовите од овие нивоа на лиги ќе играат во тој куп наместо во Националниот.

Ако тимот е елиминиран од Дивизискиот куп, ќе го продолжи натпреварувањето во некој од пониските купови.

Куп шема

Натпреварите од Купот секогаш се играат во текот на неделата, помеѓу две лигашки кола. Во Македонија Купот се игра во среда во 10.15. Првото коло се игра пред првото коло од новата лигашка сезона. Вашиот противник го дознавате кратко после завршување на натпреварите од купот. Вашиот прв куп противник како и купот во кој ќе играте ќе бидат познати една недела претходно. Во следните рунди вашиот следен противник и купот ќе бидат најавени кратко по завршувањето на сите натпревари од моменталната рунда на купот во кој играте.

Стадиони за одигрување куп натпревари

Главното правило е дека најсилниот тим кој се уште е во Купот ќе игра на гости против најслабиот тим што се уште е во Купот. За да го решиме ова, користиме рангирање на Купот, објаснето понатаму.

Во последните шест кола од Купот, пласманот повеќе не влијае на предноста на дома или гости, бидејќи сите натпревари се играат на неутрални терени.

Извлекување за купот

Како се одлучува за Вашиот следен Куп противник?

Во првата рунда на Купот највисоко рангираниот тим секогаш ќе игра на гости против најниско рангираниот тим во Купот.

Пред првата рунда да почне, жребот за втората рунда е веќе направен. При што се претпоставува дека сите високо рангирани тимови ќе поминат во следната фаза.

Доколку тим кој припаѓа на ниско рангираните тимови победи во првата рунда, ќе го наследи местото на својот противник во втората рунда. Ова ќе му овозможи полесен противник во следната рунда
Но, оваа предност не трае. Пред да започне втората рунда, жребот за третата рунда е направен. Повторно, сите високо рангирани тимови се упарени со останатите послабо рангирани тимови.

Предоноста на новиот систем е што сите тимови кои се останати во Куп натпреварувањето ќе знаат со кого ќе се соочат доколку победат и се пласираат во следната рунда. Секогаш постои следен натпревар, чиј што победник ќе игра со победникот на вашиот натпревар.

Еве пример како извлекувањето за еден Хеттрик Куп функционира:

1. Во првата рунда имаме следните 16 екипи и натпревари:

Прва рунда

Тим 16 - Тим 1
Тим 15 - Тим 2
Тим 14 - Тим 3
Тим 13 - Тим 4
Тим 12 - Тим 5
Тим 11 - Тим 6
Тим 10 - Тим 7
Тим 9 - Тим 8

Очекуваните натпревари во втората рунда, како што беше очекувано пред започнувањето на првата рунда, се следните:

Тим 8 - Тим 1
Тим 7 - Тим 2
Тим 6 - Тим 3
Тим 5 - Тим 4

Но два натпревари завршија со неочекувани победи на послабиот тим - тимовите со број 16 и 14 се надмашија себе си. Поради ова актуелните парови за втората рунда ќе бидат:

Тим 8 - Тим 16
Тим 7 - Тим 2
Тим 6 - Тим 14
Тим 5 - Тим 4.

По жребот за третата рунда, повторно претпоставува дека најдобро рангираните тимови ќе победат, па следува дека паровите ќе бидат:

Тим 8 - Тим 2
Тим 6 - Тим 4

Ако Тим 16 победи повторно, ќе го завземе местото на Тим 8
Ако Тим 14 победи повторно, ќе го завземи местото на Тим 6.

Куп ранкинг

Куп рангирање се користи кога се одвива жреб за Куп. Се работи за статичко рангирање кое не се менува откако Куп натпреварувањето е започнато. Првиот фактор кој одлучува е на кое ниво е тимот во актуелната сезона. Тимовите потоа се рангираат во групи како што следува:

1. Актини тимови кои испаѓаат
2. Активни тимови кои ниту испаѓаат, ниту добиваат промоција
3. Тимови кои сами обезбедиле промоција
4. Тимови кои "бесплатно" добиле промоција (го завземаат местото на бот тим кој испаѓа од лигата)
5. Бот тимови, во случај на слободни места

Тимовите во секоја од горе наведените групи се класифицираат во однос на рангот, на крајот од последната сезона. Рангирањето останува исто за време на одигрување на купот.

Подоцнежно приклучување кон секундарниот куп

За секундарните купови, времето на приклучувања е исто така фактор при жребот. Тимот кој влегол порано е рангиран повисоко отколку тие кои се приклучуваат подоцна. Куп рангирањето за секој тим сеуште важи, но само да одлучи за редоследот на тимовите кои влегле на ист датум.

Еден пример би бил доколку вашиот тим успее да стигне до 5то или 6то коло од Националниот Куп пред да биде елиминиран. Бидејќи вашието учество во купот продолжува во пониско рангираните куп натпреварувања, вие секогаш ќе бидете пониско рангирани од тимовите кои се приклучиле претходно. Највисоко рангираниот тим од тие кои се приклучиле први ќе игра против најниско рангираниот тим од тие што се приклучиле последни.

Различните купови и нивните формати

Најважниот куп е Националниот. Тој е отворен за сите екипи од првата до шестата лига. Само најдобрите тимови можат да го освојат Националниот куп. Но, и оние кои ќе стигнат далеку во ова натпреварување добиваат солидни парични награди.

Ако вашиот тим е елиминиран од Националниот куп во раната фаза, добивате втора шанса преку Челенџер куповите во кои го продолжувате натпреварувањето. Учеството во овие купови ќе биде примамливо за вашиот клуб, но наградите сепак се далеку помали од оние во Националниот куп.

Трите Челенџер купови оригинално се викаат: Emerald, Ruby и Sapphire. Во Македонија Emerald Cup се вика Мактрик куп и во него играат елиминираните од првата и шестата рунда од Националниот куп. Ruby cup е преименуван во Куп Змејко Наџаков и во него играат елиминираните од второто и петтото коло на Националниот куп. Sapphire cup е преименуван во Куп Лечо Чадикоски и во него играат елиминираните од третото и четвртото коло од Нацоналниот куп. Сите три Челенџер купа се играат паралелно со Националниот и сите тие имаат победник на крајот.

Тимовите кои се елиминирани во првото коло од Мактрик купот и Куп Змејко Наџаков се префрлаат во утешниот Куп Андон Богдановиќ. Овој куп не носи никакви парични награди, но победникот сепак добива трофеј на својата клупска страна.

Во земјите со над 6 нивоа на лиги се организираат Дивизиски купови за секоја лига посебно. Има еден главен куп, три Челенџер и еден утешителен куп исто како и на национално ниво. Единствената разлика е што паричните награди се далеку помали.

Големината на куповите е одредена од бројот на тимовите кои се квалификуваат за купот и имаат активни менаџери. Во главниот куп влегуваат сите тимови кои имаат активни менаџери, а до потребната бројка се дополнува со ботови.

1. Се пребројуваат тимовите со активни менаџери
2. Се одредува најмалиот формат кој е најблиску за да ги собере сите тимови кои го исполнуваат првиот услов
3. Купот најпрвин се пополнува со активните менаџери
4. Потоа се користат ботовите за дополнување до потребната бројка
5. Ако тоа не е доволно се креираат нови ботови за да се достигне бројката на учесници во Купот


Недела Куп на Македонија Челинџер куп
(Мактрик Куп)
Челинџер куп
(Куп Змејко Наџаков)
Челинџер куп
(Куп Лечо Чадикоски)
Куп Андон Богдановиќ
Тимови Тимови Тимови Тимови Тимови
1 16384
2 8192 8192
3 4096 4096 4096 4096
4 2048 2048 2048 2048 4096
5 1024 1024 1024 2048 2048
6 512 512 1024 1024 1024
7 256 512 512 512 512
8 128 256 256 256 256
9 64 128 128 128 128
10 32 64 64 64 64
11 16 32 32 32 32
12 8 16 16 16 16
13 4 8 8 8 8
14 2 4 4 4 4
15 - 2 2 2 2
16 - - - - -
  • Тимовите кои се елиминирани од Националниот куп од првото и шестото коло го продолжуваат натпреварувањето во Мактрик куп.
  • Елиминираните тимови од второто и петтото коло од Националниот куп го продолжуваат натпреварувањето во Куп Змејко Наџаков.
  • Елиминираните тимови од третото и четвртото коло од Националниот куп ја продолжуваат својата куп авантура во Купот Лечо Чадикоски.
  • Елиминираните тимови од првото коло од Мактрик купот и Купот Змејко Наџаков ги продолжуваат натпреварите во Утешниот куп - Куп Андон Богдановиќ.

Ефекти врз тимот

Колку подолго останете во Купот толку повеќе ќе играте натпреварувачки мечеви што значи поголема шанса за зголемување на самодовербата и тимскиот дух како подобра подлога за лигашките мечеви. Купот им дава повеќе искуство на играчите и секако носи повеќе пари од влезници. Сепак, сите купови ќе немаат исто влијание врз наведените работи.

Картоните и повредите се сметаат во натпреварите од сите купови. Доколку играчот добие картон во куп меч со кој е суспендиран, тој нема да игра на следниот лигашки натпревар.

Тимски дух, самодоверба и расположение на навивачи: само во Националниот и Дивизиските купови имаат влијание врз наведените параметри. Мечевите во другите купови имаат карактер на пријателски во однос на нивното влијание на овие параметри.

Искуство: Националниот и дивизиските купови даваат двојно повеќе искуство од она што се добива во лигашките натпревари. Челинџер и утешните купови даваат половина од искуството што се добива од лигашките мечеви.

Приход од купот

Продажбата на влезници е важен бенефит од успешни настапи во Купот. Колку подолго сте во него, толку повеќе гледачи ќе доаѓаат на мечевите и со тоа приходот од влезници ќе биде поголем. Националниот куп и дивизиските купови се далеку попривлечни отколку Челенџер и утешните купови. Националниот и дивизискиот куп привлекуваат гледачи скоро колку и лигашките натпревари, додека на натпреварите од другите купови доаѓаат далеку помал број на гледачи, но нешто повеќе од пријателските мечеви. Челенџер куповите привлекуваат три пати повеќе гледачи од пријателските мечеви. Утешните купови привлекуваат два пати повеќе гледачи. Дивизиските челенџер купови исто така два пати повеќе, а дивизиските утешителни купови привлегуваат 50% повеќе гледачи од пријателски меч.

Домаќинот добива 67% од приходот од влезниците, а гостинот 33%. Во последните 6 кола приходот се дели пола-пола. Во глобала, навивачите не се многу заинтересирани за првите кола од купот, но нивниот интерес расте со секое следно коло. Исто така, навивачите од клубовите од пониските дивизии би сакале на својот стадион да гледаат некоја од силните екипи од горните дивизии. Најдобрите тимови во купот добиваат парични награди согласно табелата подолу. Во купот не постои награда за најдобар стрелец.

Куп на Македонија

Позиција Куп на Македонија Челинџер куп Куп Андон Богдановиќ
Победник 1 500 000 US$ 300 000 US$ -
Второпласиран 1 000 000 US$ 150 000 US$ -
Полуфиналист 750 000 US$ 100 000 US$ -
Четвртфиналист 500 000 US$ 50 000 US$ -
Елиминиран во последните 16 250 000 US$ 25 000 US$ -
Елиминиран во последните 32 200 000 US$ - -
Елиминиран во последните 64 180 000 US$ - -
Елиминиран во последните 128 160 000 US$ - -
Елиминиран во последните 256 140 000 US$ - -
Елиминиран во последните 512 120 000 US$ - -
Позиција Дивизиски куп Челинџер куп Куп Андон Богдановиќ
Победник 300 000 US$ 150 000 US$ -
Второпласиран 150 000 US$ 100 000 US$ -
Полуфиналист 100 000 US$ 50 000 US$ -
Четвртфиналист 50 000 US$ 25 000 US$ -
Елиминиран во последните 16 25 000 US$ - -

Пријателски натпревари

За да можете да искористите максимум од тренингот, односно за што повеќе ваши играчи да добијат тренинг на вистинските позиции, пријателските натпревари се одлична опција, секако, доколку во истиот термин не играте во купот. Најчесто, менаџерите во пријателските натпревари им даваат шанса на резервистите и помладите играчи, но понекогаш тоа е добра прилика за да тестира и тренира некоја нова тактика. Или на пример, зошто да не го предизвикате вашиот најдобар Hattrick пријател, чисто како предизвик за чест.

Закажување на пријателски натпревар

Најлесен начин да закажете пријателска средба е да го дадете вашиот тим во базата за закажување на пријателски натпревари. Само треба да одберете каков тип на меч сакате и каков противник, а системот веднаш ќе ви го најде противникот според барањата што сте ги задале, секако, доколку се исполнети сите критериуми.

Се додека сте надвор од куп натпреварите и сè уште немате закажано пријателски натпревар, можете да предизвикате било кој противник кој сè уште е без натпревар. Кај некои тимови е оневозможено предизвикувањето поради прилагодувањата кои ги имаат поставено или поради не комплетирана менаџерска лиценца.

Сите понуди за пријателски мечеви, оние кои сте ги испратиле и добиле, ги имате во делот наречен "Предизвици" во менито за вашиот клуб. Во моментот кога предизвикот е прифатен и пријателскиот меч креиран во распоредот, можете да ја наместите поставата за тој натпревар.

Пријателски мечеви во меѓусезоната

Во неделите 15 и 16 ќе можете да играте пријателски за време на викендот доколку не играте бараж меч.

За време на овој период праќањето на предизвиците функционира различно. Кога праќате предизвик ќе треба да одберете дали тој се однесува на викенд меч или на натпревар во редовниот термин за пријателски мечеви.

Можноста за предизвици за викенд натпреварите, без оглед дали се меѓународни или не, останува отворена од понеделник 06:00 до петок 23:59.

Типови на пријателски мечеви

Постојат два типа на пријателски мечеви: нормален и со куп правила. Доколку тој се игра по куп правила, тогаш не може да заврши нерешено, односно доколку по регуларниот тек дуелот заврши без победник следуваат продолженија и пенали доколку е потребно.

Меѓународни пријателски натпревари

Можете да одберете да играте во странство или да поканите некој странски тим да гостува кај вас. Ако играте во странство, мечот ќе се игра во времето во кое се играат пријателските и куп натпреварите во таа земја. На пример, ако гостувате во Португалија, мечот ќе се одигра во времето кога во таа земја е тајмингот за пријателски натпревари или во случајов во среда во 9.45 по централно-европско време.

Без разлика каде сте отпатувале, вашиот тим ќе замине во вторник во 18:00 часот (ЦЕВ) , а ќе се врати во четврток во 8:00 часот по централно-европско време. Затоа, меѓународните пријателски натпревари можат да се закажуваат најдоцна до вторник 18:00 (ЦЕВ), а нов меч не можете да закажете до четврток наутро кога тимот ќе се врати дома. Доколку вашиот тим нема одиграно меѓународен пријателски натпревар, во тој случај ќе можете да закажате меѓународен пријателски натпревар за следната недела, најрано во четврток, во 6:00 часот.

Патувањето во странство го чини клубот 6 000 US$. Но, од друга страна, меѓународните пријателски привлекуваат повеќе публика.

Разно

Бројот на гледачи на пријателските е значително помал од оној кој доаѓа на првенствените натпревари. Пријателските со куп правила привлекуваат повеќе гледачи од оние нормалните. Исто така и меѓународните пријателски привлекуваат повеќе гледачи.

Исходот од пријателските мечеви нема влијание врз самодовербата, тимскиот дух и расположението на навивачите и на спонзорите. Затоа пак, ризикот од повреди на играчите е еднаков како и на првенствените мечеви.

Играње на неутрален терен

Доколку сакате да играте пријателски натпревар во кој ниту еден од двата тима нема да ја има предноста на домашниот терен, мечот можете да го играте и на неутрален терен. Но, ако играте на стадион во вашиот регион, повторно ќе ја имате предноста на домашниот терен без оглед што не играте на вашиот стадион. Сопственикот на стадионот кој бил избран за меч на неутрален терен нема да добие пари од продадените влезници.

Без разлика каде играте, меч против странски тим се смета за меѓународна пријателска.

Натпревари во Хеттрик Арена

Хеттрик Арена е алтернативна варијанта на натпревари за Hattrick тимовите. Постојат повеќе видови на натпреварувања во Арената, од Двобои со друг менаџер до официјални натпревари во Скалилата каде што може да се обидете на станенте “Крај на Баирот“. Постојат и приватни турнири кои вие ги креирате и за кои поставувате правила.
Покрај учеството на тимот на некој турнир, истиот регуларно може да си ги одигрува неделните пријателски натпревари.

Креирање или приклучување на турнир

Хеттрик Арена има флексибилен систем за креирање на турнири. Можете да се приклучите на турнири креирани од други менаџери или да креирате еден за вас и вашите пријатели, користејќи ги правилата за приспособување за да го направите натпреварувањето поинтересно.

Како креатор на турнир можете да одлучувате за сите аспекти на истиот. Име, формат, големина, врема на играње на натпреварите но и за специјалните правила како што се користење на конкретна категорија на играчи (пр. играчи со срце, минимум или максимум на години итн.) или пак да поставите граница за плата или рејтинг на тимовите кои ќе се приклучат.

Секој може да креира турнир користејќи ги Хеттрик кредитите. Креирање или приклучување на турнир бесплатно е исто така можно ако имате Златен, Платинум или Дијамантски Супортер.

Денови на натпревари во Арена

Натпреварите кои се играат како дел од Хеттрик Арена се играат на неутрален терен и од нив не се добиваат приходи од навивачите (и нема нови членови на навивачките клубови).

Сите Хеттрик Арена натпревари ја користат истата шема како и останатите натпревари.Односно, моментното ниво на форма, вештини, искуство, здравствен статус во времето на натпреварот ги одредуваат вашите рејтинзи. Постојат два исклучоци: тимскиот дух и самодоверба се поставени како фиксни вредности и добиените картони функционираат поинаку.

Натпреварите исто така немаат ефект на вашиот тим ниту пак на вашите играчи по завршување. Играчите не добиваат тренинг ниту искуство, ниту пак натпреварите имаат влијание врз искуството на формацијата, тимскиот дух итн.

Дивизиски дуели и Трофеи

Вие ќе најдете неколку официјални видови на натпреварувања во Хеттрик Арена. Тие се креирани од страна на Хеттрик и можете да учестувате во нив доколку сте поканети.

Во Дивизиската битка вие и другите менаџери од вашата лига се натпреварувате заедно против дуги лиги од тоа ниво. Секоја недела, вашата лига се спротивставува на друга лига, каде што секој од тимовите кој зел учество ќе се сретне со еден од тимовите од дургата лига. Целта е да бидете победник и да бидете прогласени како најдобра лига на крајот на сезоната!

Хеттрик исто така ги организира и Трофеј турнирите, и двата се одигруваат во паузата помеѓу две сезони. Трофеј на Генерации е турнир каде менаџерите кои почнале да играат Хеттрик во приближно исто време играат помеѓу себе.

Турнирот Трофеј на супортер е турнир на кој се поканети сите менаџери кои имаат супортер.

Детално за ефектите на Хеттрик Арена

Сите детали кои треба да ги знаете за Хеттрик арена натпреварите се наведени тука:

  • Тимски дух: Тимскиот дух е поставен на фиксно ниво (спокојни) за сите Хеттрик Арена натпревари.
  • Самодовербата: Самодовербата е фиксирана на ниво “воодушевени“ за сите Хеттрик Арена натпревари.
  • Повреди: На Хеттрик Арена натпреварите не се случуваат повреди, но играч кој е повреден во нормалните Hattrick натпревари нема да може да игра на турнирскиот натпревар.
  • Картони: Турнирите имаат свој сопствен систем на картони. Така што секој картон важи само за турнирот, а не за нормалните Hattrick мечеви и обратно. Односно, играч кој добил црвен картон на нормален Hattrick меч ќе може да игра на турнирот.
  • Картони (Скалила): Картоните воопшто не се сметаат во мечевите од Скалилата.
  • Тренинг: Играчите не добиваат тренинг на турнирските мечеви.
  • Искуство: Играчите не добиваат искуство од турнирските мечеви.
  • Формации: Вашето актуелно ниво на искуство на формација за нормалните Hattrick мечеви важи и за турнирските мечеви. Исто така не добивате искуство на формација од играње на турнирски мечеви.

Турнирски скалила

Во Скалилата целта е да стигнете до највисок ранг и да станете “Крал на ридот“. А потоа да останете на таа позиција колку што можете подолго. За да се искачите до врвот потребно е да ги предизвикувате другите екипи кои се над вас на скалилата и ако ги победите ќе го завземете нивното место.

Правила за предизвикување

Вашата сегашна позиција на Скалилата влијае врз тоа кои тимови можете да ги предизвикате.

  • Поз 2-5: Може да го предизвикаат само тимот кој е директно пред нив.
  • Поз 6-11: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-2 места пред нив, но не повисоко од позиција 5.
  • Поз 12-18: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-3 места пред нив, но не повисоко од позиција 10.
  • Поз 19-39: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-5 места пред нив, но не повисоко од позиција 16.
  • Поз 40-63: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-7 места пред нив, но не повисоко од позиција 35.
  • Поз 64-99: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-10 места пред нив, но не повисоко од позиција 57.
  • Поз 100-129: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-15 места пред нив, но не повисоко од позиција 90.
  • Поз 130-169: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-25 места пред нив, но не повисоко од позиција 115.
  • Поз 170-199: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-35 места пред нив, но не повисоко од позиција 145.
  • Поз 200-249: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-50 места пред нив, но не повисоко од позиција 165.
  • Поз 250-599: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-75 места пред нив, но не повисоко од позиција 200.
  • Поз 600-1099: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-100 места пред нив, но не повисоко од позиција 525.
  • Поз 1100-2499: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-250 места пред нив, но не повисоко од позиција 1000.
  • Поз 2500-5499: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-500 места пред нив, но не повисоко од позиција 2250.
  • Поз 5500+: Може да предизвикаат тимовите кои се 1-1000 места пред нив, но не повисоко од позиција 5000.

Предизвикувачот плаќа за натпреварот и предизвиканите тимови автоматски го прифаќаат предизвикот. Натпреварот се игра 24 часа откако сте го направиле предизвикот. Ако предизвикувачот победи, потрошените Кредити се враќаат назад.

Промена на позицијата по натпреварот

Ако го победите тимот кој сте го предизвикале, го завземате неговото место на Скалилата. Губитникот се спушта за едно место надолу (исто како и сите други тимови кои биле на позициите помеѓу двата тима пред натпреварот)

Пример: Тимот А е на позицијата 54 и го предизвикува тимот Б кој е на 47-та позиција. Ако А победи, А ќе биде 47-ми, а Б 48-ми. Исто така, тимот кој бил 48-ми, станува 49-ти, оној од 49-то место станува 50-ти, итн.

Ако предизвикувачот загуби, двата тима си остануваат на истите места на Скалилата.

Воздржување од предизвици

По мечот за кој сте биле предизвикан, другите тимови не може да ве предизвикаат во период од 12 часа (од почетокот на мечот). Ова ви дава можност вие самите да пратите предизвик и да се обидете да се искачите на Скалилата.

По мечот во кој вие сте биле предизвикувач, не можете да испратите друг предизвик во период од 12 часа (од почетокот на мечот). Ова им дава можност на другите тимови да ве предизвикаат. Со ова се оневозможува бројот 2 веднаш да го предизвикува бројот 1 со што бројот 3 никогаш не би добил шанса да го направи тоа.

Национални репрезентации

Во Хеттрик, исто како во реалниот свет, има национални тимови што се натпреваруваат меѓу себе. Но во Хеттрик, тренерот на националниот тим е одбран од тебе! Секоја Хеттрик земја има главен национален состав, а воедно и У21 тим составен од играчи под 21 година. Ова значи дека секоја земја има два национални тренери, а двата се одбрани од заедницата. Форматот за Светскиот Куп ќе биде променет во Сезона 77 (17-ти Јануари 2021).

Натпреварувања за Национален Тим

Националните тимови се натпреваруваат меѓусебно во три интерконектирани турнири. Континентален шампионат, Куп на Нации и актуелниот Светски Куп. Циклусот за натпреварување трае две сезони. Започнува со континенталните шампионати за Европски, Амерички, Афрички и Азиски/Океански лиги, а завршува со Светскиот Куп.

Купот на Нации се помал турнир по важност за тимови што не успеале да се пласираат на завршницата од Светскиот Куп и се игра паралелно со Светскиот Куп.

Репрезентациите го следат сопствениот статус на картони и имаат целосно одделен систем на црвени/жолти картони од „нормалниот“ Хеттрик. Како таква, секој картон добиен во натпревар НТ/У21 ќе се смета само за натпреварите кои се дел од тоа натпреварување НТ/У21. Подеднакво, доколку играчот добие црвен картон при нормален Хеттрик натпревар, тој сепак ќе може да игра на следниот натпревар на НТ/У21. Тие се ресетираат на крајот од секое натпреварување (или кога тимот е елиминиран од тоа натпреварување).

Континентални Натпреварувања

Секој национален тим во Хеттрик има загарантирано место во континентален шампионат. Овие континентални шампионати се играат по групи од 6 тимови. Групите се подредени базирано на рангирањето на националниот тим (види подолу).

Континенталните шампионати имаат кружен формат (два меча дома-гости), траат 10 недели и имаат четвртфинале, полуфинале и финале кои се одржуваат последната недела.

Најдобрите 8 екипи во секој регион, врз основа на нивната позиција, бодови, голови разлика и постигнати голови ќе играат четврт, полуфинале и финале, додека останатите национални тренери можат да закажат пријателски натпревари во петок. Во четвртфиналето, првите 4 екипи (врз основа на позиција, бодови, гол разлика, постигнати голови, по случаен избор ако сè друго е еднакво) по случаен избор ќе се соочат со последните 4 екипи кои се пласираа во четвртфиналето, а две екипи од истата група ќе да не се соочат еден со друг во четвртфиналето. Победникот ќе биде прогласен за континентален шампион, а му се доделува златен трофеј. Сребрени и бронзени трофеи се доделуваат на екипите кои се пласираат на 2-то, односно 3-4-то место.

Светски Куп

Светскиот куп започнува во 13-та недела од сезоната и трае до крајот на следната сезона. Поделен е во пет рунди по што следат полуфинале и финале.

96 тимови учествуваат во првото коло поделени во 16 групи од по 6 тимови во Round-Robin формат. Првите 4 од секоја група се квалификуваат во второто коло, а останатите се дисквалификуваат.

Второто коло ќе брои 16 групи од по 4 тимови, исто во Round-Robin format и првите 2 од секоја група ќе се квалификуваат во третото коло.

Во третото коло ќе имаме 8 групи со по 4 тимови, каде што секој со секој ќе изигра по еден меч на неутрален терен, а првите двајца ќе се пласираат во четвртото коло.

Четвртото и петтото коло ќе имаат соодветно по 4 и 2 групи со по 4 тимови. Секој со секој ќе изигра по еден меч на неутрален терен, и првите двајца од секоја група одат во наредно коло.

И полуфиналето и финалето ќе се изиграат на неутрален терен. Победникот на финалето ќе биде крунисан како Светски Шампион, и ќе му биде доделен златен медал. Сребото и бронзата се наменети за вториот и третиот.

Пред секое коло, Тимскиот Дух (ТД) и Тимската Самодоверба (ТС) целосно или парцијално ќе се ресетираат до вредностите поставени како „ресетирачки вредности“. На пример, ако тековниот ТД е на ниво 9, а „ресетирачката вредност“ е 5 со 80% ресетирање, вашиот ТД ќе се намали за (9 - 5) * 0.8 = 3.2 нивоа. Притоа, базичната вредност (средната вредност кон која се стремат и ТД и ТС) останува непроменета (околу 5.0).

Куп на Нации

Тимовите што нема да се квалификуваат за Светското првенство играат Куп на нации кој се одржува заедно со Светското првенство. Овој турнир се игра по швајцарски систем, односно сличен на Supporter турнирите меѓусезона.

Ова не е само утешителен турнир, туку може да биде битен за помалите репрезентации, бидејќи пласманот во Купот на Нациите се зема во предвид за ждребот за следното континентално натпреварување. На крајот на овој турнир, првите 8 играат елиминационен натпревари, а победникот добива трофеј. Најдобрите 4 тимови рангирани според позицијата, освоените поени, гол разлика, постигнати голови, и случаен избор ако сите останати критериуми се исти, играат против 4те послабо рангирани тимови кои се имаат квалификувано за четвртфиналето.

За време на Купот на нации играчот не може да се повреди, но картоните се бројат како за секој турнир. Искуството со формации се пренесува од Континентални Натпреварувања, со можност да се направи ресетирање пред почетокот, на ист начин како пред почеток на Светскиот Куп. Искуство на формации потоа ќе се апдејтира нормално по одигрувањето на секој натпревар од Купот на нации.

Победникот е награден со трофеј од Купот на Нации.

Квалификации за Светски Куп

96 тимови напредуваат од континенталните шампионати во Светскиот Куп.

Секој континент има одреден број места за Светското првенство кои се доделуваат на најдобро пласираните тимови во секоја група од континенталните шампионати. Како што можете да видите од табелата, Европа има 32 места, Азија и Океанија 21, Африка 12, а Америка 20.


Континент Вкупно Тимови Места за Светски Куп
Европа 48 32 (4 промоција|промоции / група)
Азија-Океанија 42 21 (3 промоција|промоции / група)
Африка 24 12 (3 промоција|промоции / група)
Америка 30 20 (4 промоција|промоции / група)

Неколку Вајлд Карти ќе бидат доделени за тимови кои не се квалификувале директно преку групната фаза од Континенталните Шампионати. Со 11 овозможени Вајлд Карти, најдобрите 22 тима кои не се квалификувале за Светскиот Куп базирано на нивните поени, гол разлика и дадени голови во групната фаза од Континенталните Шампионати, ќе бидат извлечени за Плејов за Вајлд Карта.

Со Вајлд Карта Плеј Оф тимот со највисок ранг (базирано на претходните резултати од Светскиот Куп) ќе игра против тимот со најслаб ранг, а тимот со втор најдобар ранг ќе игра против тимот со втор најлош ранг и така натаму редоследно. Плеј Оф натпреварите се играат по принцип дома/гости со тотално подесување на Тимски Дух и Тимска Самодоверба пред првиот натпревар. Во случај на нерешено, вториот натпревар ќе има продолженија и пенали.

Рангирање на Националниот тим

Секој национален тим си има сопствен ранг кој се користи за сместување во извлекувањето за групите за Континенталните Шампионати. Последните 5 сезони имаат влијание на ова рангирање, но ефектот е намалувачки со текот на времето што значи дека најстарите изведби имаат помал ефект на рангирање.

Има 3 фактори што влијаат на рангирањето: резултат од секој натпревар (М), важноста на натпреварот (В) и колку е јак противничкиот тим (Т). Спефицично, формулата што се користи за калкулирање на рангирање е следната: Р = М х В х Т


Резултат од Натпревар (Н) Бодови Важност на Натпревар (В) Бодови
Победа 3 Светски Куп Полуфинале/Финале 4
Нерешено 1 Останати натпревари од Светски Куп 2.5
Пораз 0 Континентални финални натпревари 3
Добиени Пенали 2 Останати континентални натпревари 2
Изгубени Пенали 1 Куп на Нации 1
Пријателски 0

За варијаблата Т, ние ги извлекуваме рангирањата на противничките тимови од бројот 250.

Потоа, финалниот ранкинг е просек од бројот на поени (П) од последните 5 сезони со значење од 100%, 70%, 50%, 30%, 20% со 100% од сегашната сезона, а 20% од пред 4 сезони. Рангирањето се ажурира по секој меч.

Извлекување за Континентално натпреварување

За одредувањето на местата во регионалниот Континентален Шампионат, ги користиме Рангирањата на Националните Тимови за да креираме садови за влечење. Првата позиција во секоја група ќе биде резервирана за топ тимовите, каде група 1 ќе добие еден топ 1 тим, група 2 ќе добие топ 2 тим, итн. Тогаш имаме 5 садови за влечење, по 1 за секоја позиција во групата пополнета со останатите тимови што се сортирани по нивното Рангирање. Како пример, во Америчкиот Шампионат имаме 5 групи од по 6 тимови. Првите позиции во секоја група се пополнети со топ 5 тимови базирано на нивните рангирања. Потоа, втората позиција може да биде пополнета со тимови од 6 до 10, третата позиција со тимови од 11 до 15 итн. За време на влечењето во живо, ние ги разработуваме сите групи се додека сите садови се празни и сите групи се пополнети.

Извлекување за Светски Куп

Ранкингот на тимовите од континенталните шампионати ќе го одреди рангирањето за првата рунда на Светскиот куп. Во таа фаза од натпреварувањето има 16 групи и првиот тим од секоја група прогресира понатаму автоматски. Најдобро рангираниот европски тим од регионалниот куп (ЕУ#1 во табелата подолу) ќе биде секогаш првиот тим одбран во групата 1, а тимот рангиран како осми во Америка ќе биде секогаш одбран како прв во групата 16.

Откако по еден тим има во секоја група, другите од групата се одредуваат преку жрепка. Рангирањето на континенталните шампионати и понатаму останува важно, но наместо да биде директно сместен во некоја група, сите тимови се делат во посебни шешири. Согласно табелата подолу четири тима кај кои стои “Тим 2“ ќе бидат ставени во првиот шешир. Тоа се тимовите рангирани како осми во Африка, седми во Африка, шести во Африка, петти во Африка. Од овој шешир тие ќе бидат вториот тим во групите 1, 2, 3 и 4 согласно жрепката. Четири нови тима ќе влезат во жребот и тие ќе добијат место во групите 5, 6, 7 и 8. Овој процес продолжува додека бидат одредени сите 6 тима во сите 16 групи.

Системот е поставен да одлучува со широки параметри, осигурувајќи се дека нема да ги добиеме сите најдобри тимови од најјаките континенти во иста група. Но во исто време сакавме да поставиме еден рандом елемент така што менаџерите нема да можат за време на континенталните шампионати да одлучат како различни групи ќе изгледаат на Светскиот Куп, поради што ова може да предизвика некои тимови намерно да губат натпревари за да добијат подобра жрепка за Светскиот Куп. Исто така, преносот во живо за жрепката е поинтересен.


Група Тим 1 Тим 2 Тим 3 Тим 4 Тим 5 Тим 6
1 ЕУ#1 АФ#8
Барабан#1
АМ#9
Барабан#5
АзО#16
Барабан#9
ЕУ#17
Барабан#13
W#11
Барабан#17
2 ЕУ#2 АФ#7
Барабан#1
АМ#10
Барабан#5
АзО#15
Барабан#9
ЕУ#18
Барабан#13
W#10
Барабан#17
3 ЕУ#3 АФ#6
Барабан#1
АМ#11
Барабан#5
АзО#14
Барабан#9
ЕУ#19
Барабан#13
W#9
Барабан#17
4 ЕУ#4 АФ#5
Барабан#1
АМ#12
Барабан#5
АзО#13
Барабан#9
ЕУ#20
Барабан#13
W#8
Барабан#17
5 ЕУ#5 АФ#4
Барабан#2
АМ#13
Барабан#6
АзО#12
Барабан#10
ЕУ#21
Барабан#14
W#7
Барабан#18
6 ЕУ#6 АФ#3
Барабан#2
АМ#14
Барабан#6
АзО#11
Барабан#10
ЕУ#22
Барабан#14
W#6
Барабан#18
7 ЕУ#7 АФ#2
Барабан#2
АМ#15
Барабан#6
АзО#10
Барабан#10
ЕУ#23
Барабан#14
W#5
Барабан#18
8 ЕУ#8 АФ#1
Барабан#2
АМ#16
Барабан#6
АзО#9
Барабан#10
ЕУ#24
Барабан#14
W#4
Барабан#18
9 АМ#1 АзО#8
Барабан#3
АМ#17
Барабан#7
ЕУ#16
Барабан#11
ЕУ#25
Барабан#15
W#3
Барабан#19
10 АМ#2 АзО#7
Барабан#3
АМ#18
Барабан#7
ЕУ#15
Барабан#11
ЕУ#26
Барабан#15
W#2
Барабан#19
11 АМ#3 АзО#6
Барабан#3
АМ#19
Барабан#7
ЕУ#14
Барабан#11
ЕУ#27
Барабан#15
W#1
Барабан#19
12 АМ#4 АзО#5
Барабан#3
АМ#20
Барабан#7
ЕУ#13
Барабан#11
ЕУ#28
Барабан#15
АзО#21
Барабан#19
13 АМ#5 АзО#4
Барабан#4
АФ#9
Барабан#8
ЕУ#12
Барабан#12
ЕУ#29
Барабан#16
АзО#20
Барабан#20
14 АМ#6 АзО#3
Барабан#4
АФ#10
Барабан#8
ЕУ#11
Барабан#12
ЕУ#30
Барабан#16
АзО#19
Барабан#20
15 АМ#7 АзО#2
Барабан#4
АФ#11
Барабан#8
ЕУ#10
Барабан#12
ЕУ#31
Барабан#16
АзО#18
Барабан#20
16 АМ#8 АзО#1
Барабан#4
АФ#12
Барабан#8
ЕУ#9
Барабан#12
ЕУ#32
Барабан#16
АзО#17
Барабан#20

ЕУ: Европа
АМ: Америка
АФ: Африка
АзО: Азија / Океанија
W: Вајлд-кард место

Избори

Изборите се одржуваат на почетокот на сезоната, почнувајќи од два дена по финалето на Светскиот Куп. Секоја втора сезона се избира селектор на сениорската репрезентација и секоја втора сезона на младата У21 репрезентација. Секој селектор се избира со мандат од две сезони. Имајте во предвид дека мора да играте Hattrick минимум 1 сезона за да може да гласате на изборите.

Моќ на гласање

Можете да гласате само еднаш за време на избори. Но овој глас може да добие на тежина во вкупниот збир. Овој ситем на гласање според моќност наградува посветеност во играта, но вистинската причина е да се направи манипулацијата при избори да биде што потешка.

Ако сте локален корисник ќе го добиете вашиот прв глас после една сезона во играта. Го добивате вториот глас после 5 сезони во играта, а третиот глас после 10 сезони и четвртиот глас после 15 сезони. Локалните тимови можат да добијат по 4 гласови на овој начин.

Ако имате дополнителен тим во друга лига (освен Хеттрик Интернационална) ќе го добиете вашиот прв глас после две сезони, а вашиот втор глас и финален сениорски глас после 10 сезони.

Сите корисници исто така ќе добијат до два гласа за вмешаност во зависнот од тоа колку бил активен нивниот менаџмент на тимот. Ние нема да објаснуваме како точно овие ќе функционираат за да се избегне било каква манипулација, но тие се дизајнирани да бидат многу лесно освоиви за секој нормално менаџиран тим, а сепак тешко освиви доколку одржуваш неколку фејк тимови. Внимавајте дека како корисник нема да можете да видите колку точно вреди вашиот глас, ние само ќе го објасниме принципот позади овој систем.

Составот за Национален Тим

Тренерот на националниот тим бира 26 играчи (од тимови со вистински сопственици) слободно од тие играчи со правата националност. Но, У21 играчите ќе треба да бидат имаат наполнето најмалку 19 години и играчите од сениорските селекции да имаат наполнето најмалку 2 години. Штом се селектирани, тренерот ќе може да гледа податоци за тие играчи како што секој може да ги гледа во својот тим.

Секој национален тим има свое искуство на формација на почетокот на секое континентално првенство и Светскиот Куп/Куп на нации. Селекторите на националните тимови имаат приближно една недела да одредат кои 6 формации ќе имаат искуство од импресивен, а кои ќе си почнат од лош. Периодот на изборот на формации трае од првиот ден после изборите се до денот на ресетирање на Тимскиот Дух и Тимската Самодоверба пред првиот натпревар за континенталните првенства, и од недела 12 се до ресетирање на Тимскиот Дух и Тимската Самодоверба во недела 13 за Светскиот Куп/Куп на нации.
Имајте во предвид дека дневното ажурирање на НТ/У21 тимовите се прави во 03:00.

Имајќи играч во националниот тим

Ако еден од вашите играчи е во националниот тим, тој нема да биде на никој начин спречен да игра за вашиот тим. Репрезентативните мечеви и клубските мечеви се играат во различни денови, и играчот може да игра на двата. Натпреварите за националниот тим немаат ефект врз тренингот на играчот, но има ризик од повреда доколку игра за националниот тим.

Доколку играч изигра меч за националниот тим, тоа носи неколку бенефити за вашиот клуб:

- Неделната плата на играчот ќе биде редуцирана за 33% или 40%, во зависност од тоа дали е интернационалец или игра во домашната лига.

- Играчот добива многу искуство сега. Количината на искуство која тие ја добиваат варира од типот на натпревар, а во паѓачки редослед имаме Полу Финале и Финале на Светски Куп, натпревари на Светски Куп, Четврт, Полу и Финале на Континентално натпреварување. Натпревари од Континентален Шампионат, Куп на Нации и на крај пријателски натпревари на национален тим.

- Доколку играч се повреди и мора да го напушти теренот во натпревар за националниот тим, клубот ќе добива компензација во износ од 100% од неговата основна плата помножено со бројот на проценети недели колку што се очекува да трае повредата. Ова е во додадок на регуларната редукција на платата.

Повреди на играчите неможе да се случат при настапи на пријателски натпревари за националните тимови.

Важно е да се забележи дека се очекува да не ги потценувате националните тимови со саботирање на вашите играчи од националниот тим. Администраторите на Националните Тимови, како последна опција, имаат дискреција да поставуваат играчи на трансфер пазарот во случај на саботирање.


Ако имате селекторски амбиции или сакате да прочитате нешто повеќе околу репрезентациите, повеќе информации можете да најдете на следниов линк за репрезентации.

Распоред за Светски Куп - Сезона 1

Нед Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 Избори Гласање Избори Гласање Избори Гласање Избори Гласање Избори Гласање/Жрепка во Живо
/Пријателски натпревари
Избори Гласање Избори Гласање
2 Избори
Резултати
- - - Пријателски натпревари - -
3 - - Т.Д./Т.С. Ресетирање 100% ресетирање - Р.К. Натпревар 1 - -
4 Р.К. Натпревар 2 - - - Р.К. Натпревар 3 - -
5 Р.К. Натпревар 4 - - - Р.К. Натпревар 5 - -
6 - - - - Р.К. Натпревар 6 - -
7 - - - - Р.К. Натпревар 7 - -
8 - - - - Р.К. Натпревар 8 - -
9 - - - - Р.К. Натпревар 9 - -
10 - - - - Р.К. Натпревар 10 - -
11 - - - - Р.К. Четвртфинални Натпревари - Т.Д./Т.С. Ресетирање 100% ресетирање
(Само Вајлдкарти)
12 Р.К. Полуфинални НатпревариW Натпревар 1 - - - Р.К. Финални НатпревариW Натпревар 2 - Жрепка во Живо
13 - - Т.Д./Т.С. Ресетирање 100% ресетирање - С.К. Р1 Натпревар 1 - -
14 С.К. Р1 Натпревар 2 - - - С.К. Р1 Натпревар 3 - -
15 - - - - С.К. Р1 Натпревар 4 - -
16 - - - - С.К. Р1 Натпревар 5 - -

Распоред за Светски Куп - Сезона 2

Нед Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 - - - - С.К. Р1 Натпревар 6 - -
2 - - - - С.К. Р1 Натпревар 7 - -
3 - - - - С.К. Р1 Натпревар 8 - -
4 - - - - С.К. Р1 Натпревар 9 - -
5 - - - - С.К. Р1 Натпревар 10 - -
6 - - Т.Д./Т.С. Ресетирање 80% ресетирање - С.К. Р2 Натпревар 1 - -
7 С.К. Р2 Натпревар 2 - - - С.К. Р2 Натпревар 3 - -
8 С.К. Р2 Натпревар 4 - - - С.К. Р2 Натпревар 5 - -
9 - - - - С.К. Р2 Натпревар 6 - -
10 - - Т.Д./Т.С. Ресетирање60% ресетирање - С.К. Р3 Натпревар 1 - -
11 С.К. Р3 Натпревар 2 - - - С.К. Р3 Натпревар 3 - -
12 - - Т.Д./Т.С. Ресетирање 40% ресетирање - С.К. Р4 Натпревар 1 - -
13 С.К. Р4 Натпревар 2 - - С.К. Р4 Натпревар 3 - -
14 - - - - С.К. Р5 Натпревар 1 - -
15 С.К. Р5 Натпревар 2 - - - С.К. Р5 Натпревар 3 - -
16 С.К. Полуфинални Натпревари - - С.К. Финални Натпревари - -

К.Н.: Континентално натпреварување
С.К.: Светски Куп
В.: Вајлд-карта
Т.Д.: Тимски Дух
Т.С.: Тимска Самодоверба

Hattrick Masters

Hattrick Masters е меѓународен турнир во кој учествуваат сите национални шампиони и победници на националниот куп. Трае четири недели и започнува по четвртото коло во сезоната. Мечевите се играат во понеделник (во 16:00) и четврток (во 20.00) .

Распоред

Во Hattrick Masters учествуваат 256 тима и се игра како куп систем во 8 кола. Жребот за секое коло е комплетно случаен, а натпреварите се играат на неутрален терен.

Ако нема доволно екипи за целосно да се пополни првото коло, некои екипи добиваат директен пласман во второто коло (по случаен избор). Доколку некоја екипа која во претходната сезона обезбедила учество во Hattrick Masters, а во меѓувреме останала без менаџер или пак го променила сопственикот, го губи правото за учество на Hattrick Masters. Доколку еден тим биде победник во националниот куп и првата национална лига, во една иста сезона, во тој случај само тој тим од таа држава ќе има право на учество во Masters натпреварувањето.

Посебни правила

Кога е во прашање Hattrick Masters, постојат некои одредени посебни правила кои важат само за него:

Картони и повреди картоните не се важни (освен црвените картони за време на играта), но повредите се сметаат како и вообичаено.

Однесување на тимот: „Меч на сезоната“ (MOTS) или „Играј опуштено“ (PIC) нема да го зголемат или намалат тимскиот дух на екипата еднакво како што тоа се случува по меч во лигата или купот. Но, ефектот од нив во текот на мечот е ист како и вообичаено.

Тренинг: Во натпреварите од Masters, играчите не добиваат тренинг.

Приходи од Мастерсот

Домаќинот и гостинот го делат приходот од влезниците еднакво - 50/50. Исто така, тимовите добиваат и наградни бонуси.

Победникот на Hattrick Masters добива 800 000 US$, за финалистот се резервирани 400 000 US$, а поразените полуфиналисти добиваат по 200 000 US$. Поразените четвртфиналисти добиваат по 100 000 US$, а поразените осминафиналисти добиваат по 50 000 US$.

Дополнителен клуб

Сопствениците на Platinum и Diamond Supporter имаат можност да регистираат дополнителен клуб. Тој се менаџира на истот начин како и примарниот што значи дека дополнителниот клуб си има свој тим, стадион, финансии, младински тим итн.

Отворање на дополнителен клуб

Дополнителниот клуб можете да го активирате во секое време. Дополнителниот клуб може да игра во истата земја во која е и примарниот под услов да има слободни места во таа земја.

Дополнителниот клуб започнува со некои мали почетни финансиски средства (исто како и секој друг нов клуб), но сопственикот не мора да полага за менаџерска лиценца.

Генерални правила

Можете да имате најмногу два дополнителни клубови.

Нема да можете да правите трансфери помеѓу вашите клубови ниту пак некој од клубовите ќе може да купи поранешен играч од другиот клуб.

Дополнителен клуб во иста земја

Вашиот примарен и дополнителен клуб нема да може да играат во иста дивизија ниту пак да се сретнат во бараж или куп натпревар (освен во финалето). Двата клуба може да играат на исто лигашко ниво, но во различни дивизии.

Доколку се случи неверојатна ситуација три тима од ист корисник да стигнат до полуфиналето, нормално, само два ќе се сретнат меѓусебе.

Доколку двата клуба дојдат во ситуација да играат во првата лига, тогаш оној кој се промовирал последен нема да влезе во прва лига. Тоа место ќе го заземе клубот со највисока позиција од претходната сезона во споредба со останатите кои требало да бидат отпаднати од првата лига. Ова ќе има влијание откако ќе се одиграат баражите.

Ако двата клуба во иста сезона се промовираат во прва лига, примарниот клуб ќе добие предност.

Дополнителен клуб во друга земја

Бројот на дополнителни клубови во друга земја зависи од бројот на слободни места во истата. Тоа зависи од големината на заедницата и колку корисници играат во таа земја.

Минимум од 50% од клубовите се резервирани за локални корисници. Тоа значи дека ако во земјата има 168 клуба, 84 се резервирани за локални играчи, а останатите 84 за било кои менаџери. Но, доколку земјата е 90% пополнета тогаш преостанатите места се само за локални корисници.

Менување на дивизиите

Исто како за примарните клубови, така и за дополнителните, во текот на дозволениот период можно е менување на дивизиите (доколку е во склад со општите правила), но не е можно едниот клуб да се префрли во дивизијата каде што игра другиот клуб.

Знамиња

Знамињата се собираат одделно, односно секој од двата клуба има своја колекција на знамиња.

Играњето против нечиј дополнителен клуб носи знаменце исто како и против било кој друг клуб од таа земја и дополнителниот клуб си добива знаменце во својата колекција.

Достигнувања

Достигнувањата се поврзани со корисникот, а не со клубот.

Гласање на избори

Ако имате дополнителен клуб во некоја друга лига (освен Hattrick International) можете да гласате по одиграни две сезони, а вториот сениорски глас го добивате по 10 сезони.

Банкрот

Ако вашиот примарен клуб банкротира, го губите пристапот и кон дополнителниот клуб.

Ако дополнителниот клуб банкротира, тогаш можете да стартувате нов, но не порано од 16 недели од денот кога сте го регистрирале дополнителниот што банкротирал (тоа значи дека, ако дополнителниот клуб банкротирал подоцна од 16 недели откога е формиран, можете веднаш да отворите нов дополнителен клуб).

Затворање на дополнителниот клуб

Дополнителниот клуб можете да го затворите во секое време. Но, ако го сторите тоа, за да стартувате нов дополнителен клуб мора да почекате 16 недели од денот кога сте го формирале затворениот. Забелешка: Не можете да го затворите дополнителниот тим доколку имате играчи на трансфер пазарот.

Истекување на Platinum / Diamond претплатата

Ако вашата претплата на Platinum, лиценца за дополнителен клуб или Diamond пакет истече, дополнителниот клуб ќе ви остане уште една недела, но после една недела нема да може да го менаџирате истиот. По 7 недели од истекување на вашиот пакет, системот автоматски ке го исклучи вашиот дополнителен клуб. Ако ја продолжите вашата Platinum, лиценца за дополнителен клуб или Diamond претплата во тој период, го добивате назад веднаш. Во спротивно, клубот ќе стане без сопственик и никогаш повеќе нема да го добиете назад.

 
Server 070