Лигашки систем

Hattrick сезоната трае 16 недели: 14 лигашки кола (по 8 тима во секоја дивизија кои играат секој со секого дома и во гости), една недела за бараж натпреварите и една недела без лигашка активност.

Шема на дивизиите

Секоја лига во Хеттрик се надоврзува на истиот принцип: почнувате од дното на пирамидата, со цел да преку промоција дојдете на највисоко ниво со текот на времето.

Најдобрите три дивизии изгледаат исто во секоја лига. Највисоката дивизија има само една серија со осум екипи; тука се решава шампионот на лигата.

Под ова е поделбата со четири серии и 32 екипи. Победниците на четирите серии може да добијат директна промоција на највисокото ниво или да одиграат квалификациски натпревар, во зависност од нивниот сезонски рекорд.

Третото ниво има 16 серии со 128 тимови, повторно проширување за фактор четири, и повторно истите правила за промоција.

Во поделбите подолу, не сите лиги изгледаат исто. Во зависност од тоа колку активни менаџери има една лига, структурата на лигата може да биде порамна (дозволувајќи повеќе тимови по ниво, но ja отежнува промоцијата) или се шири на повисок, потесен начин (што дава повеќе нивоа на поделба, но со попристапни патеки за промоција).

Структурата е важна бидејќи таа одлучува за правилата за промоција за вашата лига. Проверете ја табелата во вашата лига за точни информации за тоа како функционира промоцијата. Можете исто така да прелистувате и други дивизии во вашата лига од стрелките на страницата за да видите како функционира промоцијата на различни места.

Фудбалската асоцијација на Хеттрик може повремено да избере да ја прилагоди структурата на лигата со намалување или зголемување на големината на одредена дивизија. Ако тоа се случи, тоа ќе биде соопштено однапред.

Промоција испаѓање и бараж

Промоцијата може да се случи на три начини, во зависност од големината на вашата дивизија во споредба со онаа над вас.

1. Победникот е промовиран или игра квалификациски натпревар: Ако вашата лига е многу поголема (x4), помалку тимови можат да се промовираат. Во ова сценарио, 50% од победниците во дивизијата директно се промовираат, а останатите победници треба да играат квалификации. Кој ќе добие директна промоција се решава по бодови и гол разлика во текот на сезоната.
2. Победникот директно се промовира, второпласираниот игра квалификации: Ако вашата лига е двојно поголема од лигата погоре, победникот секогаш ќе промовира, а второпласираниот игра квалификациски натпревар против тим од ниво погоре.
3. Два тима директно промовираат, два тима играат квалификации: Ако вашата поделба е со иста големина како и горната, четири екипи имаат шанса да се промовираат. Тимовите пласирани 1 и 2 директно промовираат, тимовите пласирани 3 и 4 играат квалификациски натпревар.

Правилата за деградирање се поедноставни. Освен ако веќе не играте во најдолната лига, тимовите пласирани на 7 и 8 секогаш ќе бидат директно деградирани, додека тимовите пласирани на 5 и 6 играат квалификации за да останат горе.

Ве молиме имајте предвид дека правилата за промоција и деградирање на вашата лига секогаш може да се најдат при прегледување на табелата на вашата лига.

Промена на дивизии

Ако вашиот тим се натпреварува во некоја од трите најниски нивоа на лиги, може да ја смени својата дивизија со друга. За ова да е изводливо треба да има слободно место во дивизијата во која сакате да се приклучите.

Постојат два начина да се иницира промена на серијата:

1. Во Планерот за следната сезона, достапен на вашата страница на дивизијата, можете да поставите претпочитана дивизија. Оваа опција се отвора околу еден месец пред да заврши сезоната и ќе ви даде приоритет на одредена дивизија кога ќе заврши сезоната. Сите остварливи потези ќе се случат веднаш по одигрувањето на квалификациските натпревари. Ако на поделбата над или под вашата сегашна лига, исто така е овозможена промена, можете исто така да поставите претпочитана лига во овие поделби. Оваа претпочитање ќе се користи ако промовирате или деградирате на крајот од сезоната. Изборите за претпочитани лиги се ресетираат откако ќе се завршат сите остварливи планирани потези и ќе започне новата сезона.

2. Во неделата по квалификациските натпревари, се отвора втора можност за промена на лига. Со помош на Switch Series, можете да прелистувате други серии и да се префрлите директно на нова ако има достапни слотови. Имајте во предвид дека ако имате два тима поради вашиот Supporter пакет, не е дозволено тие да играат во иста дивизија.

Промоција и испаѓање на бот

Бот тимовите никогаш не се промовираат во повисок ранг на натпреварување, дури и ако завршат на првото место во нивната лига. На крајот на секоја сезона, сите бот тимови во VI и пониска дивизија, ќе испаднат од лигите на нај ниската можна позиција. Сепак постои еден исклучок: Во V дивизија, сите првопласирани ботови ќе бидат промовирани во повисоки лиги, или пак ќе играат квалификации.

Како што бот тимовите испаѓаат од дивизијата, дополнителни тимови ќе добијат можност да играат во повисока дивизија. Овие тимови се наречени "Среќни Губитници" и ќе бидат тимови кои изгубиле квалификациски натпревари или во некои случаи кога тимови се испаднати директно. Можете да одберете да не добиете промоција од ваков тип во тимските поставувања.

If there are more bots on the non-bottom divisions than managers in the bottom division, the system automatically closes the bottom division, and hence makes preparations for it.

Позиција на табелата и рејтинг

Конечните табели се формираат по следниов редослед: број на освоени бодови, гол разлика, па дадени голови. Ова всушност го одредува вашиот ранг, според кој се формираат двојките за баражите како и за костурот на купот за идната сезона. Рејтингот е базиран врз: место на табелата, бодови, гол разлика, дадени голови. Доколку сите параметри бидат исти и за формирање на табелата и за рејтингот се решава со виртуелна ждрепка.

Парични награди

На крајот од сезоната, клубовите од прво до четврто место во секоја лига добиваат бонус. Колкава е неговата висина зависи од лигата и од местото на табелата:


Нивоа: 1 2 3 4
Лига I 2 000 000 US$ 1 175 000 US$ 825 000 US$ 500 000 US$
Лига II 1 350 000 US$ 1 050 000 US$ 750 000 US$ 450 000 US$
Лига III 1 200 000 US$ 925 000 US$ 675 000 US$ 400 000 US$
Лига IV 900 000 US$ 700 000 US$ 500 000 US$ 300 000 US$
Лига V 600 000 US$ 475 000 US$ 325 000 US$ 200 000 US$
Лига VI 525 000 US$ 400 000 US$ 300 000 US$ 175 000 US$
Останати лиги 450 000 US$ 350 000 US$ 250 000 US$ 150 000 US$

Исто така постои бонус од 10 000 US$ кој му следува на клубот што го има најдобриот стрелец во дивизијата. Сезонските бонуси се исплаќаат по одигрувањето на последниот меч од сезоната. Ако двајца играчи имаат постигнато ист број на голови, тогаш двата клуба добиваат награда, но ако двајцата играчи се од ист клуб - му следува само една награда.

Бонус за промоција

Ако директно се промовирате во повисока лига ви следува бонус и за тоа покрај наградата за освоеното прво место. Исто така, промоцијата значително ќе ви го зголеми и вашиот клуб на навивачи со тоа што добивате уште 10% членови повеќе. Во обратен случај, доколку испаднете од лигата, 10% од навивачите ќе си заминат од клубот. Во случај ако добиете "бесплатна" промоција, во тој случај добивате само зголемување на бројот на вашите навивачи. Ова важи и за промовираните на места на ботови.


Нивоа: Директно промовиран Промовирани по бараж
Лига I - -
Лига II 500 000 US$ 175 000 US$
Лига III 450 000 US$ 150 000 US$
Лига IV 400 000 US$ 125 000 US$
Лига V 300 000 US$ 100 000 US$
Лига VI 200 000 US$ 75 000 US$
Останати лиги 175 000 US$ 50 000 US$
 
Server 070