Играчи: други атрибути

Возраст

Секој играч има свој роденден и ќе порасне за една година за секоја одиграна сезона во Hattrick. Играчите во сениорскиот тим мораат да имаат барем 17 години; играчите во младинскиот тим можат да бидат помлади.

Една Hattrick година, како и година за играчот, е во траење од 112 дена. Возраста на играчите е прикажана во години и денови. Не постои највисока можна возраст за играчите на Hattrick.

Возраста сама по себе не влијае на перформансите на играчот, но повозрасните играчи потешко се тренираат и потешко ги задржуваат своите вештини и кондицијата.

Искуството и лојалноста се атрибути кои се против тежа бидејќи истите се во глобала се подобруваат со возраста.

Карактер

Сите играчи имаат свој карактер. Можат да бидат љубезни или подмолни, лидери или индивидуалци, темпераментни или мирни. На теренот нивните вештини се поважни од нивниот карактер, но на пример, умно е да за капитен поставите играч во високи лидерски способности. Повеќе информации поврзани со влијанието на карактерот врз играта ќе најдете во делот за психологија.

Искуство

Играчите кои играле голем број важни натпревари добиваат повеќе искуство, а тоа искуство им помага во самиот натпревар на разни начини. Искусниот играч влијае врз дали од одредени специјални настани ќе се даде гол или не или да му помогне на тимот да не му се случи конфузија во текот на натпреварот. Искуството е посебна вредност која не е поврзана со нивото на вештина на играчите. Секој одигран натпревар, во зависност од каков тип е, додава помалку на акумулираната вредност на искуството. Севкупно, играчот треба да дојде до 100 поени од искуство за да крене ниво. Поените од секој меч се согласно табелата подолу.

Тип на натпревар Поени од Искуство
Лигашки натпревар 3.5
Квалификационен натпревар 7
Натпревари од Главниот Куп 7
Натпревари од Секундарниот Куп 1.75
Тренинг натпревар 0.35
Меѓународни пријателски 0.7
Натпревар од ХТ Мастерс Серијата 17.5
Натпревар од Младинска Лига 3.5
Пријателски Натпревар за Младинци 0.35
(Стар) натпревар од Светски Куп 35
(Стар) Финален натпревар од Светски Куп 70
(Стар) Пријателски натпревар на Национален Тим 7
Натпревар од Светскиот Куп 28
Светски Куп (Полуфинале и Финале) 56
Светски Куп (Вајлд-Карта) 14
Континентални купови 14
Континентални купови (Четвртфинале, Полуфинале и Финале) 21
Куп на Нации 7
Куп на Нации (Елеминациона Фаза) 14
Пријателски Натпревар за Националниот Тим 3.5
Претендент Лига 7

Лојалност

Играчот со висока лојалност кон клубот игра подобро на теренот. Лојалноста се зголемува со времето минато во клубот.

Постојат два типа на лојалност:

Бонус за лојалност

За секој последователен ден минат во клубот, лојалноста на играчот се зголемува помалку. Колку е полојален, толку подобро игра.

Лојалноста побрзо расте на почетокот, а потоа нејзиниот раст се успорува со текот на времето. Максимумот на лојалност се достигнува за три сезони, но половина од максимумот се достигнува по 12 недели.

Максимум бонус: +1 ниво за сите вештини (без кондиција).

На пример: Марјан Јовановски е солиден во креирање игра и преоден во одбрана, а го има достигнато максималното ниво на лојалност - односно “божествен“. Тогаш тој на теренот ќе игра како да има ниво одличен во креирање игра и ниво солиден во одбрана. (ова ќе биде видливо и по бројот на ѕвезди во неговиот рејтинг по натпреварот).

Кога играчот ќе го достигне нивото “божествен“ во лојалноста, тој ќе го добива целиот бонус. Вашите матични играчи ќе го имаат тоа ниво на лојалност веднаш по промоцијата во првиот тим.

Имајте во предвид дека играчот ја губи целата лојалност кога ќе биде продаден на друг клуб. Дури и да го купите назад, неговата лојалност ќе стартува од почетно ниво.

Бонус за матичен клуб

Играчите кои играат за нивниот матичен клуб, односно оние кои потекнуваат од младинската школа и целата кариера ја минале во истиот клуб, добиваат екстра бонус бидејќи играат за клубот во кој се промовирале и за кој се поемотивно поврзани.

Бонус: +0.5 на сите вештини (без кондиција).

Играчите кои играат за нивниот матичен клуб во целата кариера се означени со дополнително иконче кога ќе се отвори нивната страна. Имајте во предвид дека ако тие играчи бидат продадени, па повторно купени, го губат бонусот за матичен клуб.

Добивање на двата бонуси

Сосема е легално играчот да ги добива двата типа на бонус. Кога ќе промовирате играч од младинската школа (без разлика кој систем на младинци го користите) во сениорскиот тим, тој ќе добие +1.5 бонус на сите вештини (без кондиција), се додека не го продадете.

Вкупен индекс на вештини (TSI)

Вкупниот индекс на вештини (TSI) е мерка која означува колку играчот е вешт во глобала. TSI се покачува со тренинг, но може и да се зголеми или намали со варирањето на формата.

Форма

Колку што играчот е во подобра форма, толку подобро игра. Таа нема врска со физичката подготвеност, ниту пак со тоа колку играчот е добро трениран. Формата во Hattrick рефлектира комбинација од фактори кои придонесуваат, или го назадуваат играчот од достигнување на неговиот целосен потенцијал - на пример, каква му е состојбата во неговиот приватен живот во моментот.

На страната на играчот можете да ја видите неговата моментна форма. Тоа е вредноста која се зема во предвид за натпреварот. На пример, “одличен (8)“ играч во “очаен (2)“ форма ќе биде полош на теренот од “преоден (6)“ играч со чија форма е “солиден (7)“. Врз моментната форма негативен ефект има процентот на тренинг на кондиција, колку што е тој повисок, толку е и негативниот ефект поголем.

Дополнително, постои таканаречена “скриена позадинска форма“ која се користи за да ја одреди тенденцијата во кој правец ќе се движи формата на играчот. Секоја недела, за време на тренингот, доколку формата на играчот се промени, таа се движи во правец на позадинската форма. Моментната форма не се менува веднаш во правец на позадинската форма. Таа се движи чекор по чекор неколку недели, со тоа што колку е подалеку од позадинската форма толку и чекорите ќе бидат поголеми.

Откако моментната форма ќе се смени за време на тренингот, постои шанса позадинската форма да се смени за секој играч. Со тоа што за секого од нив постои веројатност неговата позадинска форма да се смени, а вие не можете да влијаете врз тоа. Постојат неколку фактори кои влијаат врз промената на позадинската форма. Тие се:

  • Дали играчот настапил на некој меч во текот на неделата. Ова е многу важно!
  • Интензитет на тренинг - колку е поголем толку е и формата подобра
  • Вештината на вашиот тренер - колку е таа подобра, толку повеќе влијае позитивно врз формата
  • Тренер за форма - овој член на персоналот ја подобрува формата.
  • Асистенти на тренерот - тие исто така помагаат да се одржува формата

Специјалности

Половина од играчите имаат карактеристики наречени “специјалности“ кои имаат влијание врз натпреварот. Секој играч кој има специјалност добива бонус од 10% на платата.

Постојат 5 различни вида на специјалности: “Техничар“, “Брз“, “Игра со глава“, “Моќен“ и “Непредвидлив“. Секоја главна специјалност има своја добра и лоша страна која е објаснета во главата за Специјални настани. Специјалностите можат да бидат корисни за различни типови на тактики, а тоа е објаснето во главата за Тактика.

Постојат две ретки специјалности: Робусен и Столб на Тимот. Играчот со специјалност Робусен имаат моќ да се опоравуваат од повредите побрзо од останатите играчи и можат да издржат натпревар со мала повреда. Играчи кои се Столб на Тимот пробуваат да им помогнат на играчи кои се блиску до нив на теренот што може да доведе до подобри перформанси, но исто така, ако не успеат, може да го намалат нивото на организираност за целиот тим.

Повреди

Играчите може да се повредат, а дел од вашата работа како менаџер е да се подготвите за ова. Како менаџер, можете да направите неколку работи за да го намалите ризикот од повреда и да бидете сигурни дека имате доволно резервни играчи во случај нешто такво да се случи.

Ризикот од повреда ќе се зголеми ако одржувате висок интензитет на тренинг. Можете исто така да го контролирате ризикот од повреда преку персоналот што го ангажирате. Секое ниво на вашиот помошник тренер што ќе го ангажирате ќе го зголеми ризикот додека ангажирањето квалификувани медицински лица ќе го намали.

Повеќето повреди ќе се случат за време на натпреварите. Нивната сериозност може да варира од фластер до потешки повреди од кои може да бидат потребни неколку недели за да играчот се опорави. Повторно, најмувањето на доктор како член на персоналот ќе го намали времето за закрепнување. Возраста на вашиот играч е од суштинско значење тука. На постарите играчи секогаш ќе им треба повеќе време да се опорават од повредата.

Времето на закрепнување се мери во недели, но оваа бројка го зема предвид ефектот што го има вашиот ангажиран персонал. Ова значи дека ако се ослободите од вашиот лекар, проценетите времиња на повреди може да се зголемат. За играчите кои се приближуваат до своите четириесети, дури и лесните повреди може да се покажат како невозможни да се излекуваат.

Играчите може да добијат полесни повреди за време на тренингот. Таквите модринки нема да го спречат играчот да игра натпревар, но играчот ќе се претстави малку полошо во текот на натпреварот доколку игра. Згора на тоа, играчот со фластер не трпи поголем ризик да се повреди, ако сепак добие уште една повреда, таа ќе биде потешка отколку што инаку би била.

Жолти и црвени картони

Играчите може да добијат жолт или црвен картон за време на натпреварот. Кај оние со поголема агресивност (посебно со низок степен на чесност и пониско искуство) тоа се случува почесто. Два жолти картони во еден меч значат автоматски црвен картон. Тоа воедно значи дека играчот нема право на настап на следниот првенствен натпревар. Играчот го губи правото на настап на следниот меч и доколку добие 3 жолти картони во различни натпревари (не се важат пријателските мечеви) во текот на сезоната. Жолтите картони од лигашките мечеви, купот или квалификациите се важат еднакво. Ако играчот добил два жолти картони во претходните лигашки мечеви и на следниот добие трет, тој ќе биде суспендиран од следниот компетитивен меч без разлика дали е лигашки, куп или квалификациски.

Корисно е да ја проверите дисциплинската состојба на своите играчи пред мечот. Доколку вашиот играч бил исклучен на претнодниот меч или веќе собрал три жолти картони до неговото име ќе се појави црвен картон како знак дека тој е суспендиран за идниот меч. Знакот за суспендиран играч се брише откако тој ќе ја одлежи казната, односно откако компетитивниот меч ќе биде одигран. Исто така, картоните се бришат на крајот од сезоната. Трансферите не влијаат врз нивните казни. Картоните добиени на пријателските мечеви не се бројат.

 
Server 070