Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Трансфери

Трансферот значи купување на посакувани и продавање на непотребни играчи. Мсимално дозволен број на играчи во тимот е 50. Страната за трансфери ви дава целосен преглед на играчите што ги купувате или продавате во тој момент. На страната можете да видите некој играч кој бил претходно во вашиот тим, а е ставен на трансфер листа, од кого исто така добивате пари при трансферот.

Продажба на играч

За да продадете некој играч, треба да го ставите на трансфер листа, што го правите од персоналната страна на самиот играч. Ја одбирате неговата почетна цена и го ставате на трансфер. За да добиете претстава колку реално изнесува вредноста на некој играч, доволно е да кликнете на опцијата Споредбени трансфери и да добиете своја сопствена слика. Како и да е, играчот треба да има одиграно барем еден натпревар за вашиот тим, за да може да биде ставен на трансфер листа, односно колку пати играл во вашиот клуб, толку пати може да биде поставен на трансфер листа. Ова не важи за вашите млади играчи, како и за играчите кои сте ги наследиле со клубот. Играчот ќе биде на трансфер листата 3 дена пред да го напушти вашиот клуб за клубот кој дал највисока понуда за него, секако, доколку се појави заинтересиран купувач кој дал понуда. Продадениот играч по истекот на трансфер рокот го напушта стариот клуб, освен ако некој од двата инволвирани клуба во тој момент игра натпревар. Во тој случај играчот ќе биде трансфериран веднаш штом ќе заврши мечот. Ако не се најде купувач во тие три дена, тој останува во вашиот клуб. Имајте во предвид дека од моментот кога играчот ќе го ставите на трансфер листа, не можете да го повлечете назад. Ако сепак сте се премислиле, единствен начин да го задржите е да дадете највисока понуда за него, односно да си го откупите сами од себе.

Купување на играч

За да купите играч, најпрво го посетувате трансфер пазарот. Ги поставувате параметрите каков тип на играч барате. Од понудата што ќе ја добиете, доколку некој ви се допаѓа, влегувате на неговата персонална страна кликнувајќи на неговото име. Вашата понуда мора да е најмалку 1 000 US$ или 2% зависно која е поголема сума. Доколку никој нема понудено за тој играч, во тој случај ќе можете да наддадете за бараната сума се додека таа е еднаква или поголема од 1 000 US$. Имајте во предвид дека вашата понуда за играчот заедно со неговата плата (која ја исплаќате веднаш штом тој стане ваш играч) не смеат да ве турнат во минус повеќе од 200 000 US$.

Во лицитацијата за играчот можете да учествувате со свои понуди се до последната секунда од неговиот трансфер рок. Ако некој даде понуда во последните три минути од рокот, тој ќе биде продолжен за уште три минути.

Од голема помош при купувањето на играчи се информациите кои се однесуваат способности, карактер и слично. Исто така можете да ја користите и опцијата “споредба на трансфер“ за да видите колку приближно играч со слични вештини бил продаден на трансфер пазарот.

Автоматска понуда

Автоматската понуда функционира исто како и секоја нормална понуда. Ако ставите максимална сума до која би оделе, системот сам ќе дава понуди место вас кога тоа е потребно секогаш зголемувајќи ја понудата за минималниот износ (2%, 1 000 US$ минимум).

Можете да ја промените (да ја зголемите или намалите) вашата максимална автоматска понуда во секое време, но не можете да ја тргнете вашата моментална (највисока) понуда ако таа е официјалната во тој момент. Максималната сума од вашата понуда е видлива само за вас, а другите менаџери ја гледаат вашата моментална понуда ако е активна.

Можете да имате само една активна автоматска понуда. Доколку вашата автоматска понуда го достигне максимумот тогаш се смета дека немате таква активна и можете да поставите нова.

Во некои посебни случаи (кога два тима даваат иста автоматска понуда или кога има два тима со автоматска понуда еден контра друг) важат правилата на логиката, а еве и неколку такви примери.

Агент, матичен клуб и трансфер провизија

Самото ставање на играчот на трансфер листа ќе ве чини 1 000 US$. Откако трансферот ќе се комплетира, агентот на играчот, неговиот матичен клуб и претходниот клуб каде што играл ќе земат дел од сумата за која е продаден. На персоналната страна на играчот можете да видите колку точно ќе задржите за вас. Еве го начинот на поделба:

Колку агентот ќе земе зависи од тоа колку долго играчот бил дел од вашиот клуб.

Матичниот клуб секогаш зема по 2% од продажната цена. Што значи, кога сте вие матичен клуб, тоа ќе биде мал, но континуиран приход за вас при секој иден трансфер на играчот кој потекнал од вашиот тим.

Претходниот клуб зема до 3% од продажната цена во зависност од бројот на одиграни натпревари за претходниот клуб.

Погледнете ги табелите за повеќе информации.

Кога продавате играч кој е излезен од вашата младинска школа, вашиот клуб не се смета за претходен клуб. Но, кога тој играч следниот пат ќе биде продаден ќе земете процент од зделката и како матичен и како претходен клуб доколку тој одиграл еден меч за вашиот тим.

Трансферот ќе биде пренесен во Резервите на Бордот

При продажбата на некои играчи, Одборот може да одлучи да префрли дел од парите во Резервите на Бордот за подоцнежна употреба.

Ова ќе биде случај со одредени играчи, и за најголем дел од менаџерите ќе биде редок случај.

Бордот ќе ве извести, во моментот на поставување на играчот на листата на трансфери, дали тоа ќе биде случај и, доколку е кој процент ќе биде назначен во Резервите.

Бордот може да го направи тоа кога мислат дека играчот е ставен на трансфер од спекулативни причини, или како начин на зачувување на вредност. Од нивна гледна точка играчот нема причина да биде заменет со друг од за тимот да биде конкурентен. (Ваквите играчи беа нарекувани „Златни прачки“, бидејќи не губеа од својата вредност).

Засега, Бордот ќе задржува пари од Голмани (кои имаат барем Солиден ниво на голман) и потенцијални идни тренери (барем солидно ниво на водство и барем недоволно искуство).

Процентот од продажбата што бордот ќе ја пренасочи во Резервите зависи од тоа на колку натпревари играчот има играно за Вашиот тим во последно време.

Како општо правило е дека од играчите кои се редовно во стартниот состав, сите пари ќе бидат задржани во актива - нема да се назначени дел од нив во Резервите. Како редовно ќе се смета дека играат барем 60 минути еднаш неделно.

Отсуствата кои се должат на повреда нема да бидат земени во предвид, но доколку здрави играчи не настапуваат за тимот Бордот ќе задржи поголем дел од парите во Резервите на Бордот.

Пример: Играч кој одговара на критериумите на “Златна прачка” има играно на сите натпревари цела сезона. Кога менаџерот ќе се одлучи за негово продавање, Бордот нема да интервенира - сите средства (после одбивањето на трошоците за агентот) ќе бидат достапни како активни средсва во буџетот. Меѓутоа ако играчот не е продаден и играчот биде ставан во игра: - После 2 недели, 12% од средствата ќе бидат пренасочени кој Резервите на Бордот. - После 4 недели на неиграње, ќе се зголеми до 24%.Ако менаџерот се одлучи да го става играчот во стартната постава, после 6 недели назад во стартниот тим, играјќи во лигашки или куп натпревари, играчот пак ќе може да биде продаден, без да има пренасочување на пари во Резервите на Бордот.

Како општо правило потребни се 3 недели играње во лигашки или куп натпревари за да се надокнади 2 недели неактивност. Ако играат само во пријателски надокнадувањето трае 2 пати подолго. Ако играчот е играч кој цела кариера ја поминал во вашиот клуб (едноклубен), Бордот нема да задржи пари во резервите, без разлика на неговите вештини и статусот на настапи. Ова важи и за играчите кои му се приклучиле на клубот по последните 2 недели и со тоа немале доволно време да стигнат да бидат дел од првиот тим.

Трансферите имаат влијание врз тимскиот дух

Секогаш кога купувате или продавате играч, постои опасност од пад на тимскиот дух. Ризикот се зголемува кога продавате симпатично момче, или купувате некој кој е контроверзен по својата природа. Доколку продадете млад играч во првите 6 дена, тоа нема да има никаков ефект на тимскиот дух.

Прекини на серверите

Понекогаш, крајниот рок на трансферираните играчи може да биде продолжен (на најфер можен начин) во случај на прекини на серверите. Имајте во предвид дека понекогаш се случува серверите да се вратат во игра токму пред крајниот рок на Вашиот играч. Трансферот ќе биде комплетиран штом новиот играч дојде во неговиот нов клуб и може дотогаш да се пролонгира крајниот рок.

Ќе се коцкате доколку чекате до последен момент пред да направите потег. Затоа е подобро да го ставите играчот на продажба по цена која мислите дека е разумна, оти ризикувате да го продадете за многу пониска цена од она за која се надевавте, за да избегнете било какво разочарување, поради неочекувана грешка во серверот.

Фер плеј на трансфер пазарот

Добрите играчи и парите се едни од главните атрибути на Hattrick, што значи дека е мошне важно ниеден тим да не извлече бенефит од разни манипулации на трансфер пазарот. Во тој контекст, купување на играчи со “напумпани“ цени е строго забрането како и било каква активност која значи давање на нефер финансиски бенефит на тимот). Вредноста на пазарот играчот ја добива според неговите атрибути, вештините, возраста, потенцијал за репрезентација, односно сето тоа што влијае на неговата игра.

GameMaster-те имаат потполно право да поништат некој трансфер поради висока цена на играч, да го казнат тимот, па дури и да г банираат учесниците кои се инволвирани во случајот. Доколку за некој ваш играч на трансфер листа добиете енормно поголема понуда, во тој случај потребно е веднаш да го контактирате вашиот локален GameMaster. За контакт кликнете тука contact page.

 
 
Server 081